Не сакам да се одделам од тебе. Сакам да ме гушкаш, да ме стиснеш силно знаејќи дека сум твоја, да ми кажеш дека ме сакаш. Не, не се навредувам што ти треба мојата грижа и поддршка во овој период. Нема ништо лошо во тоа да ми кажеш што треба да направам за да се чувствуваш подобро. Ако ти треба мојата љубов, јас сум среќна поради тоа. Мило ми е што откако ги сменив сите работи што ти сметаа, а кои навистина ни ја упропастуваа врската, сега ни е најубаво. Од сите три пати кога сум ти дала шанса, ова е она вистинското. Сфаќам дека порано не сум те ни сакала, макар изминал само месец. А сега, те сакам се` повеќе секој ден. Го чувствувам и истото од твоја страна. Знам дека иако досега ме сакаше и сакаше да бидам со тебе, овојпат си убеден дека сум вистинската за тебе. Толку ми се полни срцето кога ме запознаваш со најблиските, кога зборуваш за твојата иднина, а во неа не е друга, туку јас, кога правиш толку сериозни планови за нас двајцата, а нашето тукушто почнало...Толку си смирен, полн со љубов, сменет е и твојот однос кон мене. Зашто овојпат сфати дека не сакам да те изгубам, не сакам од ситници да правам голема работа, сакам да се отворам со тебе, да запознавам нови луѓе, заедно да доживееме можеби и ситници, за кои не сум била порано спремна. Интересно е што повеќе не вложувам никаков труд за да ни биде убаво, а е многу повеќе од тоа. Зашто те сакам, и ми е возвратено и ми е мило што конечно чувствувам како е да се биде од другата страна...ги чувствувам погледите на луѓето врз нас кога сме заедно и знам дека во себе си велат "Посакувам и мене да ме гушкаше некој вака". Нека струи нашата љубов низ воздухот и нека потрае уште долго
... Не се опишува со зборови колку убаво си поминав вчера. Посебно се чувствував. Поинаку. Целиот амбиент ми беше посебно убав, а ти... ти ми беше совршен. Ме изненади и подарокот. Знаеш да го најдеш баш она што мене ми се допаѓа и да ме израдуваш многу. Затоа те сакам. Затоа што си секогаш покрај мене. Затоа што и ти ме сакаш. Затоа што си тука кога и да ми затребаш. Без да те побарам, тука си. Затоа што ме разбираш. Затоа што ме познаваш предобро. Фала ти за овие прекрасни 7 месеци. Да ни се множат, да ни бидат секогаш вака најубави и исполнети со љубов и разбирање. Те сакам
Што ли беше сега ова? Каква бомба. Не го очекував ова , не не. Уфф се тресам целата. Пола час зборевме на тел. и пак не ти одговорив на некои прашања. Што значи ова? Пак ли ќе бидеме заедно? Имам насмевка од 6-ка до 6-ка. Ахх, леле, проклета моја гордост, се каам што и јас не ти кажав дека и јас сакам пак да бидеме заедно. Ако, утре се видеме, а има шанси да се видеме, ќе ти кажам се’ што ми лежи на срце, ветувам.
http://www.youtube.com/watch?v=4dn58UW97Qw When the heartache is over I know I won't be missing you Won't look over my shoulder 'Cause I know that I can live without you
My dream the other night* night, might as well just be a clever act .. Ова .. единственото нешто кое толку ме плаши. А ти ме збунуваш со твоите зборови уште толку .. како да не ми е доволно и без тоа. Врати се во нормала, немој да бидеш таков спрема мене. Знаеш ли колку бев среќна пред недела-две само поради тоа во тебе го гледав токму оној кој го познавам? Премногу .. бидејќи ти беше прекрасен. Но нели се` што е убаво кратко трае .. па така и ова. После 3-4 дена, повторно беше оној истиот поради кој секој ден ми се кине по едно мало делче од срцево. Не продолжувај вака, биди она што си. Или можеби .. она што го глумиш. По толку време сеуште не те познавам толку добро .. но се надевам дека не е второто. А и да е, дај барем на неколку часа биди добар, стопли ми го срцево, израдувај ме. Поработи на понашањето и на работите кои ги кажуваш. Ќе се поправат така многу работи, да знаеш. И дај веќе еднаш нашево нека се задвижи нашево на нагорна линија .. очајно ни треба тоа. Убаво да спиеш.
Биди само мој, од моментов па сè до бескрајот. Или до крајот на бескрајноста. Или...било како, само биди ми во близина. И, гушкај ме - да, да, да!
Се откажа? НЕ сум ти веќе важна? Сеуште те нема...Е добро како не сфати,како не се опамети?Како не разбра дека ми недостигаш? Дека сакам да те слушнам и се,а тебе те нема...Епа заради тоа се тие кавги,пошто те нема! Ако не се јавиш утре,ќе се откажам жими се,не можам поќе вака Сега си мислев...да речиме некој ден ете има некој проблем,јас почнам да викам во нервоза,или во пмс како и да е,ќе се нервирам се и ти место да ме смириш ќе почниш да се караш и да се надвикуваш со мене? Ќе изиграваш поголема жена од мене? Епа не сакам така.Јас сакам да си онај што ќе речи смири се,не се секирај ќе смислиме нешто,ќе се среди,ќе биди во ред...А не да се развикаш и да заминиш... Можда различни работи бараме,м? Или можда сакаш да владееш па не можиш да се помириш со мојата самостојност? Незнам...Во секој случај треба да си маж и да знаеш како да се понашаш,а ти понекогаш се понашаш како недозреан... Мммм да,милион мисли низ главава....
Знам дека сум давеж, ама по сето ова време не можам мирна да лежам до тебе. Едноставно морам да те бацувам, скокоткам, закачкам... Чувствувам наплив на емоции и ако не ти правам нешто ќе пукнам. Ама од љубов е де.
Летам во облаци кога: -кога ми кaжуваш дека ме сакаш -кога се гушкаме -кога ме чешкаш по глава -кога ме бакнуваш -кога ми се смееш со твојата најубава и шармантна насмевка -кога ме скокоткаш -кога ми ги исполнуваш и најапсурдните желби -кога се обидуваш на секој можен начин да ме развеселиш кога сум со бубачиња во главата -кога ми го правиш најубавото кафе -кога ми се јавуваш само за да ми кажеш дека ти недостигам и дека ме сакаш -кога ми пишуваш убави пораки за добра ноќ и -кога гордо ме претставуваш како твоја девојка, каде и да си, со кој и да си, никогаш и пред никого не криеш што чувствуваш за мене затоа те сакам - најмногу, - најсилно, - најискрено, - најчисто... со целото мое
Ако еден ден се чувствуваш како да ти се плаче... јави ми се. Не ти ветувам дека ќе те насмеам, но,можам да плачам со тебе. Ако еден ден сакаш да избегаш од се... не се плаши да ми се јавиш. Не ти ветувам дека ќе те замолам да застанеш... но,можам да побегнам со тебе. Ако еден ден не сакаш да слушаш никој... јави ми се. Ти ветувам дека ќе дојдам по тебе и ти ветувам дека ќе бидам многу тивка.
Те нема а? Те нема да се јавиш,вчера ич.Што врска е ова,да се слушаме само од потреба не знам.АЈде можеби и подобро е вака.За скоро време ти на своја страна јас на своја тоа е.