Одвај чекам да те гушнаммм, онака најсилно. Идиотче мое, помирен малку да ми бидиш Те обожавамм Најубо да спиеш, ,Сонвај ме
има да платиш со камата за вчера, па после ке си пееш зелене очи биле су мује како што ми пееше вчера, а мене како што ПМС ме тресе на очи ми дојдоа незнам што ти стана што беше толку нежен и љубезен вчера-за тоа што ти дојдов на роденден, или те погоди тоа што ти кажав дека ако не ми се смири проблемот што го имам (знаеш што мислам) за 1 месец ке почнам да пијам антидепресиви-и не си гревче туку си срценце што оди со глава во зид и си тера по свое, ама јас од денес менувам тактика, па пази се од мене
Колку само ме нервираш немаш појма.Ми викаш не сум ти пишувала прва,а кога ќе ти пишам,само ми одговараш на она што ќе те прашам па дури и се исклучуваш.Е страшно многу ме нервираш,за утре дали да испаднеме убаво ќе размислам.Уствари се прашувам дали и воопшто ќе ми спомнеш. Два реда муабет не знаеш да сврзеш,па до толку глуп немам сретнато,што еден муабет не знае да направи асален.Не ме ни чуди што досега малку женски си имал,која би те трпела на подолго време,таков досаден,што не знае муабет да направи,затоа само за мување ќе си имаш некои,а за женска ќе си почекаш додека не се оправиш од твојата глупавост,здрвеност и да не ги набројувам другите особини што ги имаш (дека само лоши се). Простак !
Понекогаш навистина се мразам што сум таква неутрална и не покажувам буквално никаква емоција. Тоа не значи дека нешто се сменило, ама мило ми е што си отворен за било каква дискусија. Мило ми е, и тешко ми е, затоа што знам дека (многу) тешко ќе се променам. Ама овој пат морам. Навистина. Ја голтам кнедлата во грло, стискам заби и вртам нов лист. Ова е нашето поглавје, и ветувам дека ќе се трудам постојано да тече без прекини и со грешки во најмал можен број. Со тешко срце ти признавам - ме имаш во дланка.
Некогаш кога гледам како се однесуваш, ми изгледа дека ме читаш тука...или евентуално читаш мисли. Ти текнува порано колку му се смеев на твојот вкус за музика или филмови? Се` ми сметаше, сакав да те променам. Сега те оставам да си слушаш тоа што те прави среќен, па и јас сум среќна кога ти е убаво и тебе Ама задолжително после тоа ја менуваш станицата на радио, за да бидат задоволени и моите желби Како се смени се` толку брзо? Што се случи? Зошто порано не можеше да биде вака? Дали требаше да поминеме низ пекол за да се научиме да бидеме толерантни еден кон друг?! Не ми е битно што преживеав, кога сега имам повеќе од она што ми треба. Кога те имам во мисливе, срцево...Кога гледам наназад, какви деца бевме и како созревавме заедно, се чудам какви личности станавме. Променет ми е целиот начин на размислување, начин на сакање... Не знам дали ми е најпаметно толку рано да се одделувам од тлото на земјата и да летам високо, но поинаку не знам. Можеби ако еден ден останам без тебе, тешко ќе го поднесам тоа. Ама ако сега не се отворам за оваа голема љубов, која некогаш можеби би се претворила во болка, не би била толку среќна. Ти благодарам за насмевката на моето лице, за грижата, за љубовта, за сите убави зборови, секоја утеха. Ќе ти се оддолжувам секој ден. Ќе откривам нов дел од тебе, ќе дознавам што те радува, што ти предизвикува болка, кој е твојот неостварен сон. Ќе го истражам секое парче од тебе. Зашто те сакам и само ти правиш да се чувствувам удобно во своја кожа
Јас сум најслабото суштество на светов. Толку немам храброст за некои најбанални работи што веќе почнувам да се плашам од самата себе. А ти не читаш мисли ниту пак ќе почнеш во скоро време. Тешко ми е, ужасно тешко што се претворив во ова сакајќи да те казнам. Тешко ми е и што и тебе те вовлеков во сето тоа. Тешко ми е што не можам да бидам слободна како порано со тебе. Тешко ми е што имам толку многу да ти кажам, а не можам. И да, ни јас не читам мисли. Интересно е што и покрај тоа, се читаме меѓусебно, ама верувај некогаш толку ми се потребни зборови. Те сакам и ми недостигаш повеќе од кога и да било. Можеби не го кажувам тоа, можеби не го ни покажувам, можеби никогаш нема да дознаеш за ова, ама навистина не знам што ми е. Признавам, проблемот е во мене. Само се надевам дека на време ќе се освестам од овој кошмар во кој сум влезена и ќе се вратам во нормала. Да имав храброст, ќе ти беше јасно се. Глупаво е знам.
Дечкооооооооооооооооо дојди да се дружимееееееееееееее Виии шо сум убава Шо е ??? Ти смета брадава ??? Ке се избричам бе ке се избричам еееееееее
Сакам да се будам и да заспивам во твоите прегратки.САкам кога ќе се разбудам насабајле да те гушнам цврсто и да те бакнам на обравче и да те погалам и да ги видам твоите очи насмеани.Потоа да се расоневме и да доручкувавме заедно.Горам за да те гушнам сега Колку многу те сакам и сам не си свесен...Ми се чини дека мојата љубов завзеде повиша форма,затоа се однесувам вака,затоа сакам мирно да се решат работите...Да беше поблиску можи и ќе дознаеше и повеќе ќе почувствуваше.Ама знаеш и сам дека ми е грижа за нас... ТЕ САКАМ! Сакај ме и ти
фала ти што ме просветлуваш математика преку камера-преку камера, на инглиш, ама се те разбирам да не беше ти, ку*ов што ќе седнев да ја учам, а камо ли да ја разберам
Самиот си крив што ми правиш вака и после немој да се чудиш кога нема да бидам истата како сега. Јас за тебе се можам да сторам, а ти нешто да те замолам револуција креваш. Па аман озбили се малку не си веќе мало дете. За некои работи стварно немаш поима колку ме разочаруваш и не си свесен колку еден збор може да боли. Па ме гледаш дека во последно време и не се смеам, дека сум сериозна и дека го имам оној тажен поглед во себе дека солзите можат да излезат во секој момент. Но не, ти си повторно ладен, повторно груп. Ти викам едно ти правиш друго. Ете не се гледаме толку често, али барем и за тоа време кога ќе се видиме да ми посветиш барем малку внимание да видиш дека сум дошла за да те видам тебе, а не ѕидовите да ги гледам. Јас ти реков еднаш и те замолив да се промениш али ништо од тоа. Сега што сакаш прави, како ти така и јас. Не се борам за внимание твое не го заслужуваш. Ако ти значам нешто самиот ќе сватиш.