Те љубам, ми фалиш... Ти си како дрога неможам да се одвикнам од тебе, а никако да се предозирам. Те посакувам, мечтаам за тебе, сакам засекогаш да те имам и секое утро да се будам на твоите гради. О, колку очајно ми требаш...
Престани да ме прогонуваш во мислите и соништата,па јас те избришав веќе и се помирив со се,зошто уште тогаш ме прогонуваш?
Kако сто ти казав...до сега бесе зборови од сега дела!.. Aко бидува поцни со делата а ако не прекини со зборовите!. TOLKU VEKE!!!
... најмногу те замислувам во постела на стуткан чаршав, меѓу воздишки; да го наплатиш чекањето и неизвесноста која ми струеше во слабините додека те сонував јаве. Секогаш далеку, а како веќе да си ме грабнал со силните раце и ти ја мирисам крвта на вратот. Едно глупо те посакувам! не е доволно да опише колку сакам да ја оставам цигарата да догорува додека нашата топлина веќе станала едно. Ако соберам луда храброст може сепак и ќе ти кажам; колку го посакувам твоето тело... ма твоето постоње до моето, секоја вечер и во утрата, румени ко девици.
До сега премижував на секоја твоја грешка, без разлика каква беше. До сега те бранев како лавица пред секого, без разлика дали се тоа мои родители,роднини,пријатели.. До сега те чував како да си единствен на светот и не сакав да те изгубам, не сакав да мислам дека има илјадници други машки, не сакав да знаев за друг. Те сакав неизмерно, ти верував на секој збор и бев среќна што до мене има искрен човек. Кажав да на секоја твоја побарана работа, услуга, љубов.. Не реков не на ништо, затоа што бев среќна кога ти беше среќен. Дозволував да ме понижуваш,да ме туркаш на земја, а потоа да ми подаваш рака да се кренам, за пак да ме турнеш. Не обрнував внимание на тоа што ме туркаш, туку на тоа што ми ја даваш твојата рака за да станам.. Ти ја давав целата љубов што ја имаше од мене и од тебе барав само малку љубов и внимание. Изгубив 2ипол години од животот за на крај да бидам понижена. За на крај да бидам повредена. За на крај да бидам заменета со друга, која не ти дала ништо што јас ти дадов. Ти благодарам. Да не беше ти јас никогаш немаше да научам да се бранам самата себеси. Никогаш немаше да научам да се чувам себеси од лошите работи во животот, а не другите. Никогаш немаше да научам да кажам НЕ. Никогаш немаше да научам дека на светот постојат илјадници други кои за мене и раката во оган би ја ставиле. Никогаш немаше да научам да се кренам високо, без твојата рака. Никогаш немаше да научам да бидам среќна, без твојата среќа. Никогаш немаше да сватам колку силна личност сум, само поради тебе.. Никогаш нема да ти простам, но вечно ќе ти бидам благодарна. Збогум.
Ко што врне вака, ко за секс... Ммм... Сакам да сум со тебе во кревет. Да ме гушкаш силно. Толку сум навикната да те чувствувам покрај себе, што мислам дека и премногу ми годи тоа Те сакам.
1. После секое разочарување овие 9 месеци можеби конечно ми дојде паметот. Да, го сменив мислењето за тебе, ти не си тој идеалниот за мене, ти не ме заслужуваш, не ја заслужи љубовта што ти ја давав, а не ни ја сакаше можеби. Незнам. Но не мислам на тебе толку многу. ДА и поубаво ми е. 2. Како можам со нетрпение да те очекувам онлајн за да си пишуваме дури да се раздени. Леле не смеам со тебе јас. Алоо што ми се случува во главава неможам да си објаснам. Ама ако, ми предизвикуваш насмевка на лицево . Еве ти еден
Да се најдеме на пола пат - тоа моментално би било Охрид - и ајде да се љубиме ко секогаш до крај... да молчиме, а очите да ни зборуваат... да се љубиме и телото да ни говори и воздивнува... љуб љуб љуб мил мој..
Почнав секој ден да те сонувам од што ми недостигаш...Барем таму идиш секој ден.Сакам и ноќва да те сонувам.Во сонот барем се врати и ме гушна и не ми пушти...Сакам и во живо како некогаш пак да ме гушниш така силно,па воздух да снемам.Да го вдишувам твојот мирис,да ти го слушам срценцето како чука,да те чувствувам како и ти трепериш и да ги чувствувам товите раце околу мене Како порано на автобуска кога ќе ме гушнеше,како последниот пат кога ме испрати,да подзаборавиме на светот околу нас Сакам пак да горам и да лебдам потоа...Сакам да ја пронајдам таа душа која одвај чекаше да се видиме и да не ме пушти никогаш...Каде си? Тука ли си сеуште? Нешто не те чувстувам...Не ми даваш никакви знаци...Гори ли во тебе уште тој оган или згаснал? Кажи барем,ако има жарче ќе го разгорам...Ќе долеам нафта на него Не сакам само да сум покрај тебе за те разгорувам,сакам да се грижам за тебе,да не речиш после преморен сум,нема време и незнам што,тогаш ќе те оставам да одмориш,ќе направам се за тебе,ама ќе барам и ти да си тука за мене...Ќе барам малку нежност... Па нели е тоа љубовта,двајцата да ја градат,чуваат,усовршуваат,даваат,па таа да станува се посилна. Јас и сега те сакам,а понатаму,тогаш ќе те сакам дури и повеќе Па ајде,ќе пробам и јас да ти дојдам во сонот...Лека ноќ
почнувам да те заскувам секој пат когаа ке те видам се повеке и повеке...прекрасен си,само не си за мене,несеема да бидам ос тебе ниту да се заљубам...неможам ниту да свтам со сакаш од мене ме гледаш во очи ккаао да сум ти едниствена ми кажуваш најубави нешта дали да ти верувам? ,најубаво ми е со тебе но ништо неможе да биде дали да те заборавам да продолжам без тебе....помогни ми додека не е сеуште доцна :'(
Сакам да се будам покрај тебе, и да те гушнам и да ти кажам дека се ќе биди подобро, еден ден ко ќе бидиме среќни двата заедно, овај пат знам и сигурна сум, овај пат нема препреки. Иако треба многу да чекаме за да се видиме и се да биди перфектно како пред 1 година, не губам надеж, те сакам премногу, ама знам и ти мене, те сакам, не можам да ти опишам колку, солзи дури ми течат од радост, иако си толку далеку, а сепак мислиш на мене. Плачам и го пишувам постот, плачам од среќа, знам дека двата копнејме да се видиме. Ама не рекле за џабе се шо се чека послатко е, Не е така? Те сакам, те сакам премногу... Дај боже ова никогаш да не заврши. Имај добра ноќ
Добро е добро.. напредуваме, не стоиме на едно место И да знаеш многу ми е мило поради тоа.. Абе па многу си сладок I like you