http://www.youtube.com/watch?v=vB168_J- ... re=related Милион мисли...Во искушение бев да ти пишам...ама нема...пошто ако ти пишам пак ќе си мислиш дека секогаш ќе ти простувам,а не секогаш само јас треба да молам и попуштам,треба и ти да направиш нешто.И двата треба да правиме,не само едниот.Ако имаш некој проблем подобро да ми кажеше,каков и да е,а не вака...Ем ти сум лута,ем те сакам и ми недостигаш.Сети се што се правеше порано,а и јас,за нас.Сети се зошто не се јавувам.А проклето ми фалиш...
Ти си мојата слобода,моето сонце и пролет,ти си ми убавото расположение. Ти си мојата надеж,ти си мојата сила и мотивација. Ти си ми утринско кафе за убав ден, прв сончев зрак на лицево после долгата зима. Ти си ми релаксација како миризлива купка,ти си ми мојот омилен парфем. Ти си ми се', се!
И покрај сите убави работи што ни се случуваат, на моменти, и сама не знам зошто, многу се плашам да не те изгубам те бакнувам на муцето
Ти благодарам за сета поддршка што ми ја пружаш во овој момент и што се трудиш на секој начин да ми удоволиш Не знаеш колку сакам силно да те гушнам,да потонам во твојата прегратка и никогаш повеќе да не ме пуштиш.Едвај чекам да те видам,не можам повеќе да издржам.Те сакам најмногу
Добро бе ти толку затупен си што мислиш дека ќе потпаднам на све твое кажано. Не ти верував ни тогаш,а сега уште помалце.Ако си ја сакаш сакај ја сеа нема да идам гз да ви лижам и на двајцата или за да ме напраиш љубоморна да идам и да ви светам ко бандера. Продолжи како што продолжив и јас и не ми прави вакви проблеми пак мечокот ми се лути ради тебе!
Ова е последен пат што пишувам за тебе во темава. Како и да е, поминав пола саат во размислување што би ти кажала да беше сега пред мене. Тешко ми доаѓаат зборови, а толку многу мисли имам што во мене се е хаос. Сакам да ти кажам дека не ти се лутам... не, ни најмалку. Не верувам во судбина ама ете, можеби моето место не било до тебе. Можеби понатаму ме чека нешто друго, можеби и поубаво. Можеби некој друг ќе ми ги залечи раните и ќе помогне да исчезнат сите белези. Искрено, со душа го чекам денот, тој ден кога ќе те заборавам еднаш и засекогаш. Затоа што верувај, убавите спомени се тие кои ме болат најмногу. Тие денови, кога бевме заедно без престан, кога рацете ни беа како залепени едни за други, кога искрите од нашите бакнежи беа насекаде, кога цела ноќ бев во твојата прегратка и толку мирно заспивав таму. Караниците ни беа дел од секојдневието. Незнаеш како ми се кинеше срцето тогаш. Но ти упорно неможеше да разбереш некои работи, или па не сакаше. Твојата рамнодушност ми беше казна. Верувај ми дека не ми е добро без тебе, колку и да се преправам пред другите, носејќи ја маската, лажно насмеана. Јас си знам како ми е, и никој друг незнае. Незнаат дека на моменти ми иде да вриштам, да уништам се пред себе. Да го завртам твојот број, иако знам дека нема да се јавиш. Да плачам со часови, со денови... Да не видам никој друг. Самата да се изгубам во сенката на своето страдање. Затоа што во твоите очи беше скриен мојот свет. Целиот свет. А ти така безмилосно ми го зема. Ти ми го разубаве животот, па ми го уништи. Тоа беа двете крајности на оваа љубов. Ти ме оживуваше и ме убиваше. Сакам да знаеш дека би се вратила кај тебе. По незнам кој пат би ја прегазила гордоста. Но знам дека сега е дефинитивно крај. Веќе ни грешките не се важни. Ништо не е важно, штом и двајцата не успеавме да се избориме. Сега во мене има само измешани чувства, тага, болка, бес, љубомора, верувам и љубовта е сеуште тука некаде, а толку многу сакам да ја нема. Како што не нема и нас...
И моментот на вистината, дојде време да дознаеш дека не постои жена врз која ке се изживуваш и тоа ке те прави моќен 2012 сме морону! сериозен си? оди таму напрај нешто јако во животот моќен да се осеќаш, си го избрал начинот со кој во секој случај губиш Може ке се најде некоја доволно фина и заљубена во тебе, да ти дозволи свесно да се осетиш така еднаш или два пати... Да ти направи алфа мажјак филм, и ти си дете, еднаш така да се осетиш. Е дете дете, жена денес може да те купи и да те продаде.. А јас, јас само те читам ко селско букварче
Би сакала да кажам дека можам твојата среќа да ја ставам пред мојата. Се трудев, се трудев, ама не оди. Кога со ноќи не спијам, тешејќи те тебе, кога со радост те дочекувам кога ќе ми дојдеш пред врата, кога ме прави среќна само помислата дека си присутен во мојот живот, не можам да се задоволам со толку малку. Не можам да се тешам дека ти е само период. Ми недостигаат многу моменти, ми фали кога ти било битно само да бидеш со мене, не мислејќи на остатокот од светот, ми фали да знам дека ти е доволно да ме чуеш...Знаеш зошто? Зошто кога човек сака, ништо не може да ја наруши неговата среќа. И се` да ми оди надоле, наоѓав надеж во тебе, во нас. Ја надминував својата срамежливост, се отворав пред луѓе битни за тебе, ги прифатив сите твои недостатоци. Ама тоа не е случај со тебе. Колку ти се ставам на располагање, помалку ме цениш. Мразам да ги играм тие глупави игри на обратна психологија, зашто не сме деца и не ми се троши време на тоа џабе. Ама изгледа ќе морам. Да бидам ладна, да се преправам дека ми е сеедно за врскава...се` додека сама не си поверувам. Ако ги испратам мисливе во таа насока, верувај дека ќе го продолжам животот без тебе. И јас посакувам некому да му го сочинувам цел свет, посакувам кога сме одделени да ми кажува колку му недостигам, со душа да чека повторно да ме гушне, да се радува на нашата заедничка иднина. Ама моментално го немам тоа со тебе, и да бидам искрена, не верувам дека ќе го имам. Не верувам во изговори како- "Ова ми е само период." Едноставно...како растев и го запознав светот, се` повеќе научив да се ценам. И заслужувам многу повеќе од ова . Секогаш сум знаела каков човек сакам до себе и знам дека ќе го најдам. А ако ти во моментов не си заинтересиран да бидеш тој, ти губиш. Смачено ми е да ти кажувам колку ми значиш, кога ќе ме погледнеш во очи да видиш колку ми е доволно да сум со тебе, да заборавам на сите мои проблеми и да ги решавам твоите...А ни половина не добив назад. Уморна сум од се`. Од тебе, од себе, од нас...
Знаеш, сфаќам јас и муабет и другар и се'.......Ама не мораше баш денес да бидеш толку себичен, знаејќи што се случи денес.... Се надевам дека не го правиш ова од инает
ќе ме полудиш жими сееее... КАЈ СИ ЧОВЕКУ,ЗОШТО НЕ СИ ЈАВЕН ДЕНЕСКААААА гргргр ќе го разбудиш лавот во мене!
А добро сакаш да ти нацртам и да ти го обојам дека многу те сакам? ама стварно си закочен... изгледа ке треба да превземам други мерки
Се нервирам шо мислам на тебе бесна сум на самата себе зошто и покрај се шо ми напрај јас пак чекам да заѕвони телефонот..аххх незнам како да си помогнам самата на себе...преку денот врвам некако...ама кога ќе се стемни ме обземва такво чуство измешано...љубовв омраза...потреба од одмазда...Се нервирам шо не успеавме ама не беше моја вина...колку и да ме боли морам да признам дека ти престана да ме сакаш ааа јас слепа од љубов не видов дека можеби си само заради корист со мене.... се шо не можам да ти кажам го пишам овде иако знам дека нема да го прочиташ ама барем ќе си се олеснам.... Јас само те сакав секогаш покрај мене...во тебе гледав сопруг и татко на мојте деца....кога и да ми одеше лошо во животот те имав тебе и ми беше утеха иако никогаш не ме тешеше...и сега гледам иднина со друг човек покрај мене и не можам да се замислам...едноставно само помислата на друг ми се лоши...можеби сеуште е свежо заради тоа...не вервам дека пак ќе ме побараш ама и да ме побараш ќе биди само заради твоја корист...и би била голема будала ако паднам пак на твојте лажни зборој...аххх само сакам да те избришам од мислата ааа знам дека затоа треба време..но сакам времето даа летни и дур да се завртам да те нема повеќе во мислите мои да те нема повеќе во срцето мое...и најважно да престанам да те сакам да бидам рамнодушна кога ќе те спомни некој аааа не да ми се полнат очите со солзи...Ќе помини мора да помини си велам ааа сепак во главата ми се вртат мисли како шо ако не помини шо ако секогаш кога ќе те видам срцето ќе ми чука побрзо шо ако никогаш повеќе нема да сакам како шо сакав сега...се прашвам дали некогаш ќе те заборавам и ќе ги заборавам сите наши моменти
Сигурен ли си? Зарем ова го заслужив? И мојата љубов ќе ја нарекуваш така? Проклет да си! Зарем е грешка Господе шо го сакав и шо му верував?
Многу ме нервира тоа што некогаш си толку неодговорен! Зошто секогаш мора да ги оставаш обврските незавршени до последен момент?
Зошто се лажеме? Ти си прекрасен.. Ти си светлина.. ти си, нешто што не можам да го опишам со зборови Не ми се случува како манијак да гледам во телефонот и да молам да ѕвониш, не ми се случува да ја уништам вечера бидејки постојано проверувам дали ми стигнала порака! Ти толку си прекрасен што не правам никакви акробации со телефонот, и немам ни потреба. Едноставно сум презфатена со твоето восхитување..