Имам една идеја!Ај кажи ми што ти се дешава во тоа убаво главче, за да не си ја мавам мојава тиква од ѕид, пробувајќи да дознаам што сум направила Ако другар ти, ти го пренел тоа што го истрескав пред него, прво, ќе го убијам него, па тебе, па на крај, себе...
Можеби те сакам, можеби не те сакам, но да знаеше како со мене, и да не ти беа битни туѓите ИЗМИСЛИЦИ сега ќе си бевме НАЈСРЕЌНИ ЗАЕДНО и ке те сакав како никој досега што несакал. ама......
Знаеш,многу размислував вчера. Општо за се што ми се случи.За сите промени кои ми се случија одкако влезе во мојот живот.Ти си тој кој многу работи промени во моето секојдневие.Ти ми го смени животот за 180 степени.Ти си тој кој ми ја даде најголемата лекција во животот досега.Баш ти ми докажа и покажа дека постојат себични луѓе,без чувства и осет.Злобни и лицемерни без срце и душа.Гледајќи те тебе се уверив дека постојат луѓе опасни по живот...Незнам како ти успеа да ми го свртиш умот?!! Како можеше да се преправаш и да се смееш цело време,а внатре во главата да си правиш планови што и како ке правиш со мене,моето тело и моето срце..??Однадвор можеби си позитивна и навидум искрена личност,но внатрешноста ти е многу црна.Јас денеска сум среќна што твојата црна внатрешност излезе на виделина уште на самиот почеток.Што завршивме и пред да почнеме.Што не се зближивме повеќе.Јас денеска сфатив дека на моите неполни 17 години не сум спремна за сериозна врска на далечина со маж од 22 години.И подобро е вака.Веќе никогаш нема да те видам(се надевам).Твојот град е далеку.Ти си ми далеку.А нели,далеку од очи,далеку од срце.Се случи што се случи,но нели се се случува со причина..Така да ке оставам времето да си тече по својот тек,а за мене сигурна сум дека постои некој многу подобар од тебе.Уствари грешка,за мене постои некој кој е цела спротивност на тебе.Некој внимателен и грижлив со чисто срце.Ова ке биде последен пост пишан во темава,посветен на тебе. Јас веќе нема да се замарам,и онака емоционално не се привржав за тебе,само што ти беше тој..кој ми ја зема невиноста.Со тебе се случи тоа важното.Главното.И да сакам тоа нема да можам да го избришам од меморијата.Таа слика секогаш ке ми е пред очи.Секогаш ке ми се во памет твоите зборови кои ми ги кажа таа вечер,кога се случи главното. Не се каам.Убаво беше. Само што во иднина ке бидам далеку попазлива ! Ветувам! Збогум.
Незнам како ќе те преболам... Потиње не сум била никогаш. vidim da nam ne ide, a još kako moglo je i ako odeš ti nešto tvoje znaj tu će ostati...
Сонце, ти и телевизор да ми речеш ќе ми биде мило и убаво. И те молам не ми ги популаризирај сега и овие имиња, знаеш, не е интересно кога ме зафркаваат во друштво нарекувајќи ме со твоиве називи
Ич не ми е гајле, дали пак ќе се скараме, или па нема воопшто да се замараме, дали ќе урламе и ќе се дереме, додека безвезни реченици мелеме, дали ќе се видиме некогаш, и ќе си ветиме дека веќе карање никогаш, до наредниот пат кога ќе ни биде пак вака, и никој да попушти нема да сака, можеби ќе ти биде многу мака, можеби и мене тешко ќе ми биде, но барем колку лоша можам да бидам виде, немој многу да глумиш, на пат си да ме изгубиш, затоа што тогаш кога сакам да те гушнам, и во тебе да се мушнам, ти постојано наоѓаш изговори, а после ми поднесуваш приговори, размисли малку што е а што не е фер, престани да се однесуваш како ѕвер, мене ми е доста од сите глупости наши, немам намера да ја вадам врската од повеќе каши, работите мора да се донесат во некој нормален ред, за повторно да ни тече млеко и мед.
http://www.youtube.com/watch?v=dSP141TT ... re=related Што и да се случи,јас ќе те сакам... Пошто си дел од мене,пошто си дел од моето срце и мојот живот. Нема да ти се лутам,со тебе имавме прекрасни моменти,ако има Господ,ќе имаме уште,ако ти си за мене,нема сила шо ќе не спречи да сме заедно.Не велам дека ништо нема да направам,ништо не ветувам.Сега можи и да ме снема,да не ти пишам,како што рече,ама тоа не значи дека ќе те заборавам.Ќе мислам пак секој миг на тебе.Пошто DAMN I DO LOVE YOU! FOREVER!
Извини што постојам што имам потреба од внимание, од љубов, од прегратки од некој да ми покажува дека ме сака, од некој да ме сакам, да ме подржува, да му требам, да ми треба. Повеќе тоа не си ти Каде ни отиде врската? Пропаднавме, се изгубивме, врати се...
Ќе ми недостигаш овие 3 дена...криво ми е кога јас не можам заради колоквиумите да дојдам со тебе Сепак се тешам, бидејќи се работи за 3 дена само. Нека поминуваат побрзо
Ми недостига твојот поглед.. Ми недостига твојата насмевка.. Ми недостига твојата страст и твојата љубов.. Се ми недостига од тебе.. Се помирив со тоа дека е крај всушност и така е најдобро, но сеуште тајно во себе се надевам дека ќе се вратиш. Од тоа ми е страв, се плашам.. Се плашам дека ако се вратиш нема да можам да ти кажам НЕ. Се плашам дека нема да можам да ти кажам повторно да си одиш од мојот живот. И не знам зошто постојано те среќавам, како судбината да не спојува.. Проклета судбина, не раздели, а сега пак не спојува. Секогаш кога ќе ми заѕвони телефонот се надевам дека си ти.. Се надевам дека ќе се јавиш и ќе ми кажеш: "Прости ми, згрешив" .. Ти направи грешка, но јас правам уште поголема од твојата. Јас не можам да те мразам, а треба. Не можам да не те сакам, да не мислам на тебе, да не се надевам на тебе.. Не можам, а треба. Да можев само да ти ги кажам сите овие зборови што ги пишувам сега овде, кога би можела.. Залудно е.. Знам дека ти си бесчуствителен човек. Ти никогаш нема да ми кажеш прости ми, колку и да си згрешил. Но затоа јас ќе те исфрлам од мојот живот и ќе најдам некој што ќе знае да ми каже извини и благодарам..
^^ Пеперутко15 и јас сеа тоа го мислев...и ќе го напишам да не го заборавам,и да се потсетам на двете страни. Спојлер Чекај малце...ами порано знаеше да е потрудиш а сега ти е премногу од моите прикаски? Незнаеш да седниш и да направиш муабет,ќе си одиш просто така? Без причина да кажиш? Па направи бе нешто и ти! ДА направеше нешто и ти немаше до овој степен да дојдиме.Зошто? Јас пак крива? Секоја заслужува внимание,а јас ти кажав,а ти незнајш ни да се извиниш,ни да се покаеш,не знаеш да застаниш и да речиш еднаш чекај нема да се инаетам.Епа извини ама ако не напрајш ти ништо,можи некој друг ќе направи нешто за мене.НЕ ГО ЗАСЛУЖВАМ ОВА! Навистина и јас заслужвам нешто подобро. Порано неќеше ни да ме повредиш,ме поткрепуваше, ме сакаше,се бореше,после тоа останав само јас да се борам...Епа не оди така.И порано ако е за тоа ти ми симнуваше ѕвезди и ми кажуваше прикаски! Прочитај си ги пораките! Ааааааааааааа бес ме фаќа! Да се потрудеше дали си свесен што ќе имавме? Се изборивме со моите,со далечината,се,а после почна да се бориш против мене? Дај направи си ти фејсбук да видам шо пријатели и "пријателки" имаш! Да видам со кој си го имаш,кој понекогаш ти соли памет,која ти се удвара и ред други работи.Па ако лајкниш нешто,можи и плус нешто да научам за тебе А и стави се во врска со мене,да се знај со која си! А не да се криеш и скришно да си ги вршиш работите,шо те знам јас... И си запнал да ти вратам се,ќе ти ги вратам не ми требаат твоите неискрени работи! Некој можи искрено ќе ми подари нешто,а и не ми требаат подароци,за мене ќе е злато тоа да ме разбира и почитува некој! И прстенот! Со кој ум ми го стави на рака само се чудам,за после да се премислуваш? ДОЗРЕЈ ПРВО! Ни сам незнаеш што сакаш! Ако знаеше,ако беше решен ко мене,ќе се бореше.Во илјада причини за крај,ќе најдеше ЕДНА ВРЕДНА да останиш! Вреди ли да те сакам и да ти ја дадам цела моја љубов? Вреди ли тоа што ти бев верна и што не бев со никој друг,а можев? Вреди ли што косата ми побеле додека се карав и со моите дома? Вреди ли што понекогаш не можев да учам поради нервози? Свесен си и сам дека понекогаш не требаше да ме чепкаш пред испит и некогаш и на факултет кога одев,да губам вежби ради тебе! I'M SO PISSED OFF!!! И после ќе речиш јас ништо не направив? Колку пати не си одев дома а идев кај тебе,макар и моите да се лутеле и после да викале по мене,да ми скратувале некои работи? Дојдов и специјално за тебе тогаш,никој не знаеше. Колку пати те примив кај мене? Ти дадов се од себе? Колку ноќи непроспиени имам ради тебе? Колку сум истрошила само да те слушнам,само да разговараме,да се средиме? И ред други работи. НАучи се да се однесуваш ко што треба,па можи и ќе можиме нешто да направиме.Пошто те сакам.Иако нервите ми ги креваш и сакам да знајш кај грешиш,јас би направила пак многу работи за нас. Можи вака полесно ќе ми помини депресијата во која ме фрли,бесот,лувствата испомешани,тагата,солзите и се останато. САкам да имаме нормален однос за утре ден да имаме нормален брак,ако евентуално се стигни до тоа. Па нема бре да те молам и да ме добиеш туку така.Можи ќе плачам,ќе се акам од земја,ама со тебе поинаку ќе разговараме.Кога ќе се во ред работите,ќе го добиеш најдоброто од мене,пак. Како што го имавме на почеток,како што знаевме дека не можиме да издржиме еден без друг. И не,денес нема да ти пратам ни бакнеж,ни ништо. Можи и ги неќиш веќе,од кај да знам. Ако па веќе си ме заменил,тогаш ќе ја имаш неа,ама после ќе ти е криво за мене. Ама тогаш,можи ќе е касно. РАзмисли што правиш.
Епа толку беше, пукнав веќе. Игри не ми се играат, ако после муабетов не се решиш во кој правец ќе ја однесеш нашата врска, крајот ќе и го најдам јас. Од љубов јас не живеам. Ни од залажувања, изговори. Може бев многу строга, ама доста беше. Имам и јас живот, и потреба од љубов, потреба некому да му бидам важна. Фрли ги во вода сите години кога се обидуваше да направиш да се заљубам во тебе. Фрли ги, не ми е гајле. Ако не се трудиш, ако немаш потреба да ме чуеш и ако планираш вака да биде долг период, кажи ми. Размисли убаво и не ме мачи веќе. Не можам веќе во ваква врска. Ќе ти биде тешко кога ќе ме изгубиш, тоа ќе те освести, ама морам да мислам на себе. Ме чекаат убави работи, ме чека некој кој ќе ме направи среќна. Дали ти ќе бидеш во приказнава, ќе одлучиш сам. Моето е кажано, останува на тебе да ме сфатиш сериозно.
Те изгребав на раката, ако дури и малку ти е тоа Има на ред да се учиш кај мене дома. Па не сум ти жена јас па наредби да ми даваш. И немој да си играш со мене да не почнам јас некој ден да си играм со тебе. Биди среќен што имам јаки нерви и што можам да те трпам. Друга некоја да беше место мене ма ни месец немаше да издржи со тебе. Али ќе се смениш ти те знам јас, еднаш веќе се смени ќе можеш ти пак
Ооооо ТИ кај најде сега да ми се појавиш во животов ? ! Кај беше да постои кога си бев сингл ? Тераш ме на грех ете толку ќе ти кажам ! И од сега не ме провоцирај ! Иии не идам кај се ќе праам да не те видам , опасно станува . А денеска ме чекаше а ? Да бевме сами .... ХУ НОУС па немаше што почна со општи муабети дека имаше публика . Па уште ме прашуваш дали сакам да одиме на кафе ? Абе луд да не си ? Треба да се запознаеш со дечко ми , ма гарант би ме пуштил . (Да не се замараше кај кого ставам лајк )