Молимте кажи му на твојон другар да не зјапа во мене, стварно иритира, знам дека не знае за нас, ама кажи му пред да претери.
Не ми се јавувај, не ме барај, подобро е. Подобро е да ме заборавиш, јас тебе нема, секогаш ќе ми текнува на тебе со насмевка и ќе ми течат лиги. Настрана шегите, верувам дека се се случува со причина и со некаква цел, а која е причината и целта што ти влезе во мојот живот незнам, се надевам дека некогаш ќе имам шанса да дознаам. Верувам дека сите луѓе што влегуваат и излегуваат од нечиј живот е со некаква намера, ништо не е случајно, па така ни ти не налета на мене случајно. Се обидувам да сфатам која беше таа цел, што требаше да се случи и да научиме нешто од тоа и двајцата, но безуспешно. Остана се така. Знаеш... јас го носам товарот и вината за се што застана за нас, јас го стопирав текот на случувањата, јас ја одбегнав средбата што требаше да се случи, од која ќе се одлучеше се веќе, јас сакав да престанеме уште на почеток. Секогаш се водев од мислата дека е подобро да се каеш за нешто што си го направил одколку за нешто што никогаш не си го направил, а во овој случај го одбрав токму тоа, да продолжам понатаму каејќи се за нешто што не сум направила, имам чувство дека ако го направев ќе се каев многу повеќе за тоа што можам да го изгубам одколку она неизвесно што би го имала со тебе. Во овој случај тоа ми беше полесниот избор и играв со веќе познати карти. Незнам, а најверојатно и никогаш нема да дознаам што би било кога би било, и дали со тебе би била повеќе среќна и спокојна од она што сум сега, но и ти не си невин. Јас можеби се повлеков, но и ти не инсистираше многу за да го промениш тоа, да ми дадеш до знаење дека си повеќе заинтересиран. Кој да знае... и двајцата одлучивме полусвесно, не давајќи големо значење. Деновиве често си ми во мислите, те избегнувам колку што можам повеќе, бегам и те лажам, за да можам да те предомислам да ме поканиш да се видиме, јас неможам. Некогаш се чудам како можев за него да преминам низ толку многу непростиви работи, а за тебе неможам ни да излажам за да те видам. Некогаш плачам заради мојата глупавост која ги прости сите грешки, се колнев дека нема да простам повеќе, се смеев непрекинато кога те запознав. Бев сосема сама, немав нерасчистени сметки, можевме да имаме совршен почеток. Како запре се, и во каков час ја донесов мојата одлука да се вратам повторно од таму каде што тргнав не ми е јасно, како повторно замижев и како повторно успеав да простам се незнам... најверојатно е љубов. Ама тогаш што е ова што го чувствувам кон тебе? Некоја желба, страст, копнеж затоа што никогаш не се имавме? Желба за нешто ново и возбуда од непознато??? Што е? Што си ти и каде си? Дали мислиш на мене? Дали ме сонуваш и дали ме замислуваш како што ми раскажуваше? Ти недостасувам ли? Имаше ли планови за нас и сакаше ли да имаме се? Јас многу, ооо да, фантазирав премногу, сеуште се фаќам во некои ситуации како фантазирам со тебе, а потоа сфаќам дека е речиси невозможно. И како после тебе да кажам дека ми се допаѓа некој друг дечко, како да кажам за некој рандом тип дека е згоден и дека е убав, не е, тоа неможе да биде. Во моите очи ги имаш засенето сите во градов,а и дечкиве по телевизииве верувај. За мене беше совршенство, знаеш, како мал сигурно си замислувал како сакаш да изгледа твојата девојка од соништата, каква коса да има, какви очи, каква да биде во карактер, јас никогаш не сум замислувала, само знам дека ги исполни сите мои замисли штом те здогледав во живо и поразговарав со тебе. Твојата смисла за хумор, одот, ставот, изгледот, допирот за рака, искрите во твоите очи, знаеш никогаш не сум видела некој да ме гледа со толку сјај во очите, никој не ме има гледано толку длабоко и непрекинато во очи, знам дека целосно припаѓам во твојата прегратка, а незнам што е тоа што ме натера сега волку да се распишувам за тебе. Сега сум спокојна и имам се, се што некогаш посакував да имам. Иронично е кога тоа се исполнува токму тогаш кога веќе не го посакуваш, кога твојата енергија си ја насочил кон друго и кога веќе си посакал нешто друго, но неможев да дозволам тоа да ми замине туку така. Не после војните што ги водев, сакав на крај да уживам во својата победа. Неможев да дозволам да не уживам во плодот на моите страдања и жртвувања, е сега го правам тоа. Морам да признаам дека тоа чувство не е толку долготрајно како што сите мислат дека ќе биде. Јас сум среќна, имам се, имам човек што би умрел за мене и јас би го направила истото. Имам мир, имам хармонија, навистина сум среќна, ако ти го пишувам сето ова. Ние навистина се сакаме. Не ми е жал што сме вака, не ми е жал затоа што знам дека ни двајцата не дадовме се од себе за да се направи нешто убаво, јас незнам ништо за тебе, незнам дали чувствуваш нешто за мене, и незнам дали беа искрени твоите очи, незнам што планираш со мене, но те носам под кожа. Којзнае можеби некогаш... некаде... нешто... ќе испадне меѓу нас, ако нашата средба не била случајна и ако вселената има некој план за нас (кога веќе ние самите немаме) ... првпат во животот оставив нешто на времето без да мрднам со прст, можеби ќе згрешам, можеби нема, а можеби никогаш и нема да дознаам... сеедно, ти ќе продолжиш да бидеш моја тајна.
Страв ми е да не те изгубам. Толку ми е страв, што мислам дека ако капне една солза, не би можела да ги сопрам другите.. Затоа сум и можеби понекогаш лоша. Зошто не знам да направам ништо друго, освен да туркам луѓе од себе. Зошто секогаш ми е страв и зошто од мала сум навикната да размислувам на долги патеки. А, иднината, ветувачка ли ни е? Не има ли таму нас? Мене и тебе, околу нас се розево.. Страв ми е, многу. Едвај чекам да те видам, да ме гушнеш! Таму ми е најубаво, во твојата прегратка. Те љубам, многу. Спојлер Пуштив солза, ајт. Наздравје.
Би ти кажала и дека те сакам и дека сакам да те чујам...ама нема. Си ветив себеси дека ќе те оставам сам. Мора да почувствуваш како е без мене. Мора да сфатиш каква личност имаше во животот. Може и би ми било мило да запознаеш друга и да видиш дека никој нема да се грижи и да те толерира како јас. Знам дека сакаш да чуеш колку сакам да бидам со тебе, колку сакам да ни се реализираа плановите кои ги имав на ум, колку сакам да придонесам за твојата среќа. Ама ќе издржам да бидам далеку од тебе. Сега, кога ти е толку тешко, ќе сфатиш дека ти беше подобро што ме имаше постојано како поддршка. Се надевам ќе почувствуваш потреба да ми ја покажеш љубовта која толку велиш дека не згаснала, ќе сакаш да се грижиш за мене, ќе го посакуваш моето добро и ќе престанеш да бидеш себичен. Знам дека е за арно одлуката што ја донесов, морав да се тргнам од тебе за да престанеш да ме повредуваш. Е сега...ако овој период кој ќе го минеш сам, не почувствуваш потреба од мене, ниту од врска, џабе ќе ми е сета љубов на светов. Џабе ќе ми е твојата убеденост дека сакаш единствено со мене да го поминеш животот. Џабе ми е да ме запознаваш со најблиските, се` ми е џабе ако останува на зборови. Празен не те сакам. Без мисли, чувства, неприсутен кога си до мене. Не сакам да те оставам сам, ама ова е најправилна одлука. Ако моето отсуство не предизвика промена кај тебе, јасно ќе ми е се`. И колку и да се сакаме, колку и да се тешиме дека ќе бидеш оној стариот, што ме сакаше со цело срце и знаеше како да живее и да се бори за она што вреди, ќе биде крај. Сакам иднина со тебе, а дали ќе ја имаме заедно, времето ќе покаже. Чувај се, ќе се молам за тебе. Не сакам да страдаш. Само нека се врати времето кога ме гледаше со сјај во очите, кога доволно ти беше да бидеш до мене, макар и како другар, кога со насмевка ме дочекуваше, кога мрзнеше со саати само да ме видиш, кога минеше ноќи не спиејќи, грижејќи се за она што мене ме мачи...Зашто јас те сакав вистински, ко ти мене со години и нема да се задоволам со ништо помалку од она што јас ти го пружив и ти мене некогаш. Или ќе имаме убава иднина или никаква.
е па вака срцко моја идиотска,оффф колку ме нервираш еј неподнослив ми си веке,како ме нервираат тие твои гримаси као да си најпаметниот на свет,како ме нервираат тие твои саркастични коментари,офф боже...па ти си мислиш дека се е уред е па не е,твоето променливо расположение ми иде на нерви,и знаеш што е најсмешно ,шо не сум ти кажала у лице,само некој мали делови од тоа што го мислам ма ко те је*е бре ,која е таа дефиниција што секад коа сум со тебе чуствувам негативна енергија, а нај смешно е тоа што коа сме у друштво ти правиш како да сме некој идеален пар најдобри у све ма иди бре,не можам више да го трпам тој твој никаков карактер ,почнувам да мислам дека ти си вистински оболен комплексирана будала ејј божееее,а ја побудала од тебе што ја трпам таа тортура е*и сеее !!!!!
Ху, не знам што да кажам. Всушност, знам. Се топев, човеку. Се топев. Не си свесен за тоа. Додека ми зборуваше, се’ што сакав е да потонам во твојата прегратка. Не ги тргнав очите од тебе. Сладок си, сладок жими се. А кога ќе ме погледнеш... Сто посто те љубам, сто посто е да..
Знаеш, многу ми е мило што не си ми лут.И уште помило ми е што не морав да правам глупости за да сфатам што се случува, туку ти си дојде, ме погледна со зелените очиња, ми се насмеа со твоите бисерни заби и ми зборуваше како што секогаш ми зборуваш.Очигледно било само некој глуп период во твоето главче Сеуште стојам на тоа дека ќе се одзатрескам, ама не сакав ни да си ми лут.Да бидеме во добри односи, можеби некогаш и ќе успееме