Не знам зошто, уствари не знам да објаснам, ама некако сакам да си бидеме ние, ама и не ми се допаѓа тоа златосување и душичкосување. Уствари, кога ќе подразмислам, не сум таков тип. Никогаш не сум покажувала некои подлабоки емоции пред други. Или пак не сум имала можност да пронајдам таков тип на човек со кој ете, би можела да си бидам јас навистина јас, а не да се трудам само да балансирам и да трупам маки на мојата страна од лостот, за да држи рамнотежа со другата страна - мислам дека ме сфаќаш. А уствари што барам да ме сфатиш, кога јас самата не можам да си се сконтам на која бранова должина припаѓам. Не знам што ми е, никогаш не сум била ваква. Едноставно не е толку лесно како што си мислев, а болно е, што овој пат вината не е во тебе, а не знам дали е и во мене, се сомневам ...
http://www.youtube.com/watch?v=Zx8TSZNV-Qg И викаш крај е, а? Што е убаво кога скоро после една година заедно, сред ноќ ќе ме разбуди твоја порака, каде што пишува дека не сакаш да сме заедно .. дека не ме сакаш веќе. Побрзо расонвење од ова, амин! И после толку проблеми со спиењево, ти ме остави без сон цела ноќ. Алал да ти е! Но .. не сфаќам зошто. Што направив јас за да престанеш да ме сакаш .. под претпоставка дека си осеќал бар трошка љубов кон мене порано? Премногу ли се грижев за тебе, премногу ли те трпев? На ова сама ќе си одговорам – Да. А .. премногу ли барав од тебе? Барав ли секогаш да ми кажуваш каде, кога и со кој одиш? Барав ли да го поминуваш сето слободно време со мене? Ти се лутев ли кога имаше обврски, па не можеше да дојдеш да се видиме? Ти се лутев ли кога не сакаше да излезеш од училница по цел ден или пак кога не ми кажуваше што те мачи? Те замарав ли со небитни ситници, знаејќи дека веќе имаш други поголеми проблеми? Размисли .. Во последниве месеци станав имуна на твојата незаинтересираност за мене. На почетокот ме болеше, но се навикнав. Си викав Кој знае .. можеби му е само период, ќе помине. Но не .. не беше така. Не беше период, не беше ни фаза. Можеби би била, ако ми дозволеше да направам нешто околу тоа. Ама ти не си таков .. не сакаш да ти помагаат при средување на мислите и чувствата другите, не сакаш да зависиш од нив. Незнам зошто е тоа така, кога ни ти самиот незнаеш да кажеш како и што чувствуваш. Гадно е тоа. Кога требаше да дознаам што те мачи, правев 100тина претпоставки и нагаѓав. Прекрасна рекреација беа таквите моменти за мојов мозок, нема тука што .. По се изгледа, времето кога ме сакаше замина во неповрат. Само се прашувам .. дали некогаш ќе собереше храброст да ми кажеш дека не ме сакаш веќе ако се немаше напиено ништо? Неколкуте пијачки веројатно си го направија своето. И .. незнам дали сношти направи нешто со некоја. Нема кој да ми каже, а тебе не сакам ни да те прашувам зашто веќе го знам одговорот. И да си направил, мене не ми е гајле веќе. Ако си направил нешто, тоа тебе ќе ти остане како грижа на совест, не мене. Но нека, не е проблем. Го очекував крајов .. но поинаку, незнам ни јас како конкретно. Тажна сум .. ама и за едно големо чудо – и спокојна сум. Незнам од каде ќе ја најдеш таа храброст да ми зборуваш на училиште, ама ајде. Ако ја имаш таа среќа да го видиш постов, запрашај се дали вредеше вака да направиш. И дали се сеќаваш кога ТИ згреши, ЈАС бев таа што ти простив и прогледав низ прсти за тоа. Не си благодарен ни трошка за тоа, бидејќи не сметаш дека згреши, а? Ништо не е веќе важно .. Не ти посакувам ништо лошо .. не се лутам, иако ме боли. Радувај се на многуте победи во иднина и имај спокоен живот. Се надевам дека нема да пишувам веќе за тебе во темава .. Збогум.
Вчера кога кученцето ти ја зема капата од клупата и ти ја однесе на другиот крај од паркот, посакав да го земеме и да си го чуваме. Толку мило џукелче досега никаде не сум видела. Се вртка, се срами, па се пика во нас а ти го неќеш. Уште па и пред него тука мразел кучиња. Епа, ќе ти ја земе капата чим мразиш кучиња. Мене видиш не ми ги ни пипна наочарите. Само фино ги заобиколи. Те сакам бе. А, да, и ова:
Мој господине ! Јас сум многу љубоморна што ти сега ќе уживаш надвор а јас ќе собирам сили за да седнам да учам ! Епа Климе нема правда
Го имам тоа право. Ти ми го даде. Но нема да го искористам. Ќе ти покажам колку си неправеден, а потоа и јас ќе станам таква.
Многу си добар, што дури не ми се верува дека човек може да биде таков. Како ти успева? Подучи ме малку.
Знаеш колку ме иритираш... Да е некоја друга најверојатно би се помирила со твоите бубачки. Јас не можам. Знам дека заслужувам повеќе. Повеќе внимание, зошто љубов имам доволно. Повеќе блискост и поддршка. Давав и давав и давав од давање веќе душа немам. А ете, не уби психичката оддалеченост, повеќе од физичката. Нема на сила да ја туркаме врската, иако ти така си навикнат. Не можеш да ја рестартираш играта секогаш кога мислиш дека ќе изгубиш. Пролет е веќе, а јас и ти на пролет не функционираме. Еднаш веќе се уверивме.
[СДК] Сакам да кажам... едвај чекам да се вратиш од турцијаа...сакам да те видамм и да те гушнаммммм ..ми фалишш многуу