Те сакам зошто ми го раубавуваш денот. Затоа што ме трпиш ваква каква што сум, променли ва со времето, но никогаш како него... Час ме има, час ме нема. На моменти ангел, на моменти демон... А сега по 5739569265928652 пат ти кажувам дека страшно и проклето ми фалиш!
Ах ... Те сакам. Многу, многу, многу, многу. Фала ти за денеска, преубаво ми беше. И мило ми е што те видов пред малку. Ме изненади. Убаво било вака неочекувано. Гуш. Едвај чекам утре. love you.
Ми е гајле,видиш,ке те преболам...не те ни барам...осекам потреба за тебе ама се тече се се менува...Сакам само да ти пљукнам во фаца и да ти кажам:Замини си веке еднаш зошто срцка,ти не ме заслужуваш.НЕ МЕ ЗАСЛУЖУВАШ .!.. Г е овде до мене и ме сака како што ти не ме сакаше,верувај ми...ке го сакам повеке отколку што те сакав тебе. Се ке помине злато мое...се ке помине,а тебе во мојот живот ке те нема...Мислам и одамна те немаше затоа што ти сакаше така,ама сега јас ке те колнам и бркам од кај мене зошто јас така сакам.Одсега по мое ке биде. Немој на крај да плачиш и да прашуваш зошто сум те тргнала од секаде. Aјт гитла.Штом не го почитуваш тоа што го имавме и јас нема да почитувам.
Иако ти го имам кажано ова по стоти пат, сакам да си тука до мене, те молам не ме разочарувај, не ме повредувај.. немој да ме оставиш. Не, не те сакам, неможам да те сакам сеуште но ми значиш, не си како другите, посебен си и чувствувам нешто топло во срцево кога ќе помислам на тебе што лесно може да прерасне во љубов.. Но страв ми е, не сакам целосно да се опуштам и да ти верувам. Неможам. Извини. Можеби не постои љубов на овие години но не ми е гајле, битно е јас да се чувствувам убаво. И колку и да изгледа неверојатно, да, скоро сите што сум ги имала ме повредиле, искористиле и оставиле. Скоро сум сигурна дека ти не си таков, но верувај, незнам како ќе излезеш со личност како мене на крај.. и тоа една ипол година ко што ти викаш. Иако ќе се обидам да се променам за тебе, да се опуштам и да почнам да верувам на луѓето сепак не сум сигурна.. после се што се случи. Но мило ми е што ме свати и ме прифати, мило ми е што го сакаш и мислиш истото како и јас и што ми вети дека ќе ме смениш. Времето е наше... - ми рече. Наше.. Како убаво звучат овие зборови..
Дали е возможно? Дали сонувам? Знаеш ли дека пред 7-8 месеци името не ти го знаев? Не знам кога се вљубив. Знам дека те сакам. Секој ден се’ повеќе. Ми требаш ти и твојот глас. Насмевка. Твојата прегратка во која потонувам. Не ми се верува дека јас и ти всушност имаме некаков контакт. Почна едноставно. Заврши комплицирано. Уште трае. Ти си мојата детелина. И чај. Ти и јас. Бегалка. Пред точно еден час ме прегрна. Не знам по кој пат. Но беше посебно. http://www.youtube.com/watch?v=bzrklVd9Swo
те сакамм човек! разбери веќе еднаш..остај ја неа,на неа и е сеедно дали си со неа или не. отвооори ги очите! има некој што искрено те сака
јас си го кажав моето, а ти ако уште продолжуваш по твоето ке биде out of my life & mi sight и овој пат сум сериозна мислам дека примети, но дали нешто ке се смени... ке видиме , од ТЕБЕ зависи, и немој после да цимолиш да молиш и да се каеш, оти НЕМА да добиеш втора шанса срцекршачка да не се викам
Нели ти е веќе жал за мене? Нели е веќе доста да плачам заради тебе? Се ти дадов ,се, те сакам како никој што не сум сакала, а ти мене како ми возвраќаш Сите се поважни од мене , сите ама еден ден ќе сфатиш дека сум имала право за се, ќе го дочекам тој ден, знам
Ме сакаш, те сакам и тоа е најбитно... и уште 100 други "манекенки" да ти се пуштат, знам дека ти ќе им покажеш кое е нивното а кое МОЕ место. Нивното не знам кое е, а и не ме интересира, моето го знам а тоа е до тебе. Чекам да дојде нареден викенд, со душа чекам да сме пак надвор од Скопје, заедно. Аааа што се имам испланирано со тебе . Ова сигурно ќе ми биде најубавиот роденден до сега. Те сакам до небото, и цик цак ПЕШКИ назад
Фала. Фала многу за вечерва,иако не сум многу романтична ми се допадна,сепак изгледа не си таков каков што те замислував.Или си.Незнам. Сега ме дигна до ѕвездите,го чекам моментот кога ќе ме треснеш силно од земја. Ти кажав дека многу убаво си поминав,ама не ти реков фала,ај сепак доволно е и тоа што ти го кажав.Можеби ќе испаднеме пак следниот викенд.Однеси ме пак таму.Однеси ме да го гледам градот под мене и ѕвездите над мене.Овој пат кога ќе ми речеш дека ѕвездите ти рекле дека градот е преубав,ќе испаднам од колата,нема како овој пат да седам.Ама чоек многу ми се мочаше ,ми студеше а и си ветив дека нема ништо да направам со тебе вечерва,па затоа стоев на дистанца. Знам дека утре пак ќе ме нервираш кога ќе бидеш како здрвен,ама вечерва не ја заборавам ! Убаво да спиеш
Сигурно од времето ти е, ќе ти помини Ехх да сум поблиску, би те гушнала, и среќни двата ќе се заспиевме Те сакам Најмногууу
Не знам што да мислам на тебе.. не знам што размислуваш?! Само знам дека ти се допаѓам и тоа многу, ама зошто си човече мазохист?! Зошто не признаваш? Цел свет го гледа тоа. Во петокот еден другар ми рече кој ти е овој? Јас реков другар .. а он знаеш што ми рече? ЛУД е по тебе И знаев дека не ме лаже.. Се познава човече, само што не сакаш да признаеш, кукавица си, дете си, несозреан си.. Не си сакал да бидеш во врска? Хах го изеде више, нема каде да бегаш.. Сакам ова нашево да биде совршенство, сакам спокој, знам дека си прекрасен..
Не можам да поверувам што направи од мене.Ниедно машко не сум сакала толку многу како тебе,тотално ме спобудале.Дефинитивно не сум онаа тесси која што бев порано .Те чувствувам се поблизок и мислам дека нема тема на која што не можам да ти се отворам.Твојот денешен муабет ептен позитивно ме изненади и направи уште еднаш да си потврдам дека навистна не си како сите други.Не сакам ни да помислам што ќе се случи со мене ако останам без тебе.Мислам дека почнувам да страдам и при самата помисла.И не можам да ти опишам колку ми беше најнајубаво со тебе.Сакам пак да ја повториме оваа вечер. Добра ноќ и слатко да сонуваш љубов моја.ТЕ САКАМ
Are you f*cking kidding me !?!?!?!?!?!?! Војска Ќе одиш ?! Абе топче ти немаш кондиција 5 метри да истрчаш од кола не си излезен. Ќе умреш таму леле незнам дали да се смеам или да плачам. Греотка ми си не оди ќе ослабиш. + Ќе ми недостасуваш