Душо?! Секако дека сакам!! Ајде побрзо стани да ми кажеш што и како е работата, не можев да спијам цела вечер Now we're talkin'
Kриво ми е само што не знам на што сме. Додуша, моја е вината, ти реков ќе те оставам да се средиш. А дотогаш што? Јас се чувствувам слободна, не размислувам дали ќе се промениш, дали ќе се среди се`. Мислам дека штом мојата љубов и нега не те смени на подобро и не те извлече од депресијата, сам кога си сега, тешко дека ќе успееш. Можеби мислиш дека прерано се откажав, ама јас веќе немав никакво влијание врз тебе. Не можам да те учам како да размислуваш позитивно, како да ја бараш среќата во ситници, како да си задоволен со сите луѓе што постојат сеуште во твојот живот...Можеби и сега кога си сам, ќе имаш време да размислиш. Сам ќе си ја пронајдеш силата, сам ќе си ги решиш проблемите. Јас сакав да ти помогнам, ама сите мои добри намери беа погрешно сфатени. Подоцна осознаваше, ама залудно, откако цел бес ќе го истуреше на мене. Единствено што сакам овој период е да научиш како да го најдеш мирот во себеси. Како да не се лутиш толку брзо, да не се караш, од ништо да не правиш голема работа. Секогаш кога сум правела некаков разговор, бил со добра цел, а твојата погрешна интерпретација, не` однесе во друга насока. Ти давам време за да размислиш дали вреди да ме задржиш. Не барам којзнае колкав труд, само да сфатиш дека има луѓе кои не ти мислат лошо и се` ќе направат да не те повредат, најмалку би предизвикале карање и би те провоцирале. Ако не успееш во ова, не ми се враќај. Ќе се најде друга која на твојот бес ќе врати со уште поголем, која нема да ги трпи твоите испади и нема да се чувствува должна да те сфаќа. Зашто јас те разбирав поради она што некогаш го имавме, ама овој период не бев ама ич должна да те толерирам. Секое позитивно чувство во мене го истолчи. Сакав сама на себе да си докажам дека се` зависи од мене, дека ако јас се потрудам, ќе биде ок, ама не...Овојпат кај тебе беше клучот. Ама додека ти го најдеш клучот, изгледа ќе пробаш да отвориш уште многу врати, додека ја најдеш вистинската. Уморна сум, верувај. Да барам нешто што веќе го нема. Да бидам со човек, на кој некогаш сум му била неопходна, а сега му е сеедно за се`. Мене ми треба борец во животот. Некој кој од сите порази, ќе успее да извлече нешто позитивно. Не некој кој ќе плаче и ќе се крие позади изговори "Тешко е, нема да помине туку така. Нека помине периодов". Да, тешко е. Да, ќе помине. Ама дотогаш нема да седиме со скрстени раце. Ќе си поставиш нови цели, ќе бараш начини да бидеш среќен, ќе се фокусираш на она што го имаш, не на она што го немаш. Сите сме поминале низ тешкотии, сите сме се чувствувале немоќни во некоја ситуација. Ама после падот, треба да се исправиш. Не да ми кажуваш "Не можам". И мене некогаш животот ми бил совршен, ама во краток период научив што е и да немаш пријатели, да немаш кој да те сака, се навикнав и на поскромен живот, се навикнав и моите да го губат здравјето...Разочарувања, порази...И што правам сега? Се саможалувам и запаѓам во депресии? Не. Наоѓам среќа во едноставните работи. Во прошетки после една година со татко ми, макар траеле и 5 мин., кога ќе ме фати за рака за да не паднам и повторно се чувствувам како мало, безгрижно дете, кое не е оставено само на себе. Кога ќе излезам надвор и ќе ги видам звездите, неопислив мир преовладува во мене. Кога ќе ја гушнам мајка ми и ќе и дадам некаква надеж за живот после сите проблеми. Кога си играм со кучето и дозволувам да ме извалка цела, само зашто сакам да почувствувам како е некој да ми се радува. Кога се молам и му дозволам на Бог да допре до мене. Да, не е тешко да си среќен, ама јас не можев да те научам на тоа. Можеби ако сега ме читаш, како ќе одминува времето, ќе се увериш во вистинитоста на моите зборови. Дотогаш, најди си ја силата и не дозволувај ништо да те скрши. Од нас дали ќе биде нешто, не знам, ама битно ми е да те видам на нозе, среќен, насмеан. Среди се ти, а за љубовта има време.
Ненормална лутина и жал заедно,додека те слушав. Потреба да ти удрам шамар и да те гушнам во исто време. Аман немој вакви сценарија веќе. Има некој што се грижи за тебе, не ни приредувај вакви работи, не е фер.
И уште нешто...Ти текнува кога кажав дека веќе не можам да издржам и дека ако треба ќе се оддалечам од тебе, зашто не живеам само од љубов? Не ме сфати сериозно, премногу стана сигурен во мене дека секогаш ќе ти бидам на располагање и ќе собирам во себе. И кога ти се јавив другиот ден да ти кажам дека сум зборувала глупости и дека нема да те оставам сам, ми рече дека си го знаел тоа. Ама гледаш, не ме познаваш доволно. Не знаеш дека мене мојата среќа ми е најважна. Не знааеш дека ако вложувам и вложувам, а ти само стоиш настрана и освен што не враќаш, не изразуваш ни благодарност, јас нема да си речам "Ок, љубовта ни е доволна. Таа ќе ја одржи врската. Вака се однесува, ама тој сепак ме сака. " Сега, убаво е да сфатиш дека од мене се` можеш да очекуваш, можам да бидам и непредвидлива и знам дека е подобро за мене така, зашто кога стануваш премногу сигурен во мојата љубов, се опушташ. Убаво е сега да сфатиш дека јас сум си најважна. И ако некогаш пак бидеме заедно, нема ти да го заземаш првото место во мојот живот. Жалам, ме учеше како со мене да владеат чувствата, ама пред се` сум разумна личност. Таа е разликата меѓу нас.
Најдобар опис за тоа што си ти е народскиот или вулгарниот израз за женскиот полов орган. И со епитет најтешка. Каква пичка си значи,и после вие сте ми биле посилен пол. Марш тамо.
[СДК] Сакам да кажам... Сакам да кажам дека јас тебе премногу те сакам...Најмногу...Незнам после ова како ќе биде се` без тебе...Не, јас ќе те излажам. Не сум те изневерила. Но морам да направам да ме мразиш. Верувај, не ти раскинувам бидејќи го сакам тоа. Моите родители...Неможам да ги лажам веќе...Те молам...Некој ден ако те побарам не ме игнорирај... Верувај ми, само тебе ќе те сакам...Засекогаш. Ти си ми прв, и никој нема да сакам како што те сакам тебе. Но моите родители го направија своето. МОРАМ што поскоро да раскинам со тебе...Пред целиот убав живот да заврши за мене.. Ако можеш прости ми, ТЕ САКАМ!
ме натажи ова..зошто мора да се разделиваат твојца со толку голема љубов..па зарем неможат да сватат родителите некои работи
Готово! Болеста ми е премногу тешка и неможам да се борам и со неа и со тебе. Ако беше човек за мене ќе имаше и поинаков пристап, немаше да ми докомплицираш туку ќе ми даваше сила. Се чудам како не се одлучив на ова порано, зашто чекав до сега...
кога ти кажав дека за година-две планирам да ја напуштам државава, АКО биде, се зачудив од твојата реакција-дека тоа ке ми биде најпаметно, не знаев дека ме мразиш толку а тоа дека ти имаш за тебе и НЕ ТИ Е ГАЈЛЕ за другите дали имаат-зборува многу за тебе себична гнасо и после сето ова ми кажа дека ме сакаш а кога ме праша ако имам момче зошто се видов со тебе-сакав да видам дали ке има некаква реакција, дали ке почуствувам нешто, некаква емоција или нешто-а не почуствував ништо-баш ладна како камен а приметив дека ти се смешкаше, само се прашувам ЗОШТО-кој последен се смее, најслатко се смее и сватив дека НИКОГАШ ама НИКОГАШ нема да го сменам сегашново момче со некој како тебе, и искрено да ти кажам дека многу ми е мило што го сватив тоа.
Се прашувам што ли правам со себе, кого го залажувам...Надежта во мене, есеј што требаше да го пишувам и што требаше да докаже дека повторно почнав да верувам во себе,а сепак излезе најпесимистичното дело што некогаш од мене произлегло.Мразам да се надевам на нешто, на некого...Затоа и не се надевам.Затоа што колку повеќе се надевам во животот толку повеќе се разочарувам.Пропаѓам психички.А на моите урнатини ти, драги мој, си го градиш споменикот на твојот успех. Гледам, добро се снаоѓаш.А бев некогаш среќна.Бев некогаш задоволна.Сега додека ги оживувам старите спомени, како безброј слики да ми поминуваат низ главата и со солзи им раскажувам на другите дека сепак имало нешто во тебе што ме натера безусловно да те сакам. А дали денес вреди да те сакам? Вреди ли да умрам за тебе ако тоа е она што се бара од мене? Дознав многу работи, многу...дури и премногу...Работи што не се каам што ги дознав,а истовремено се прашувам дали можеби ќе бев посреќна ако не ги знаев.Сум била тежок идиот цели три години, а ти само си бил насмеан и задоволен. Не ми вреди другите да ми кажат дека најмногу сум ти значела од сите, сакам да ми го кажиш тоа лично ти.Знам дека немаш ни храброст ни срце,а богами зошто и го чекам тоа кога знам дека не го чувствуваш, а можеби и никогаш не си го ни чувствувал. Кога те гледам како да тонам во некој друг свет, сакам да бидам покрај тебе и во добро и лошо но ме спречува разумот. Понекогаш љубовта не е доволна, знаеш? Потребна е и доверба и среќа, и разбирање и слога. Што кога безусловно те сакам кога цел живот ме разочаруваш, цел живот ме тераш да плачам, цел живот ми го уништуваш со твоите прости зборови. Додека бев со тебе секој ден скратував од надежта која ја имав, дека некогаш ќе се смениш, дека некогаш ќе се разбудиш со една и единствена позитивна мисла.Ја сакам неа и заради неа ќе станам друг човек. Остана ист како и секогаш, не е битно дали со мене или си без мене. Не му верувам на сопственото срце и на сопствениот разум.И пак нешто ме тера да те барам меѓу сите, да сакам да те видам,да сакам бар за последен пат да те гушнам и бакнам бидејќи не го помнам последниот пат кога го направив тоа. Се беше толку банално,причината поради која се разделивме...Толку банално,а толку моќно и вистинско. Знаеш, знаеш дека душата ќе ја дадам за тебе. Не мора некој да ти каже, не мора ни јас да ти кажам. Тоа сам го читаш од мојот поглед. Иако се трудам да се смеам пред тебе за да ти докажам дека сум лажно среќна, целото е попусто. Живеам од убавите моменти со тебе, понекогаш мислам дека не ми е потребна ни храна.А кога раскажувам, солзи ми навираат. Додека бев покрај тебе, сега не ни помнам што чувствував. Надеж, која на крај умре заедно со нашата фарса. Сега немам надеж, немам соништа, немам желби.Препуштам се` на животот, како сака нека ме води и кај сака нека ме води. Тешко ми е без тебе, некако сите гледаат на мене како предмет што можат да го искористат и фрлат.Никој не ме сака како тебе, никој не го сакам како тебе. Целата слобода што ја имам, сите машки кои ми се допаѓаат не можат ни да се споредат со она што го чувствувам спрема тебе. И ја терам психава да не те мисли, се залажувам цело време, а сепак ти си оној што ми недостига. Ги затворам очите, помислувам на љубов, твојот лик излегува веднаш во мојата глава. А зошто? Зошто не може еднаш засекогаш да те снема? Тоа е единственото нешто што го сакам. Ех мој *** , дали ти некогаш мислиш олку многу на мене? И зошто боже си толку силен и не потпаѓаш под емоции? Отсекогаш си бил таков, те познавам многу добро...Затоа и те сакам...
Само еден ден не се видовме и веќе ми фалиш Не можам да ја дочекам нашата повторна средба Иако не ти кажав,сакам да знаеш дека ноќеска не успеав да заспијам од што бев среќна.Преубаво ми беше со тебе,не сакав ноќта да заврши.Би сакала да можам да го застанам времето и никогаш да не се разделам од тебе.Те обожавам