Сакам да знам, барем некој одговор да ми даде, било каков за тоа зашто у мене уште тлее некаква си надеж дека би биле повеќе од ова што сме сега ??? Чоек, стварно ми е тапа аман, нема да можам да издржам психички ако се оствари планот шо го планираме, нема да издржам така да те глеам цело време .. Незнам стварно, нејасен си ми, ко да се наоѓам у лавиринт, ко да решавам Ребуси чоек аман. Сакам да знам зашто барем не престанам да мислам за некои работи. Зашто не те прифатам таков каков шо треба. Ко мој пријател само ??
Те молам напушти ме, оди си. Доволно беа 5 години, те проколнувам. Нели ти е доста што плачев толку, да, се смеевме заедно, ме научи многу се сакавме покрај се, сонувавме за нас. Но сега те молам оди. Се додека моите пријатели се забавуваа, јас седев со тебе, не со тебе, бевме заедно, само ние знаеме како. Зошто мораш да се враќаш секогаш кога јас сум храбра да продолжам, ме уништуваш и така сфаќам дека всушност немам храброст за чекори. Отидов далеку од домот, поблиску до тебе, се со цел да сменам се, но еве ме сега повторно тука, тебе те нема, а тука си. Те молам остави ме да живеам, биди среќен со друга, сакам партнер, ќе го сакам многу, никогаш колку тебе, но сакам некој друг. Ме измачуваш, те молам замини, кога после толку време не сме заедно, остави ме ..... засекогаш!
Иако знам дека нема да го прочита ова, сепак ми е тешко да кажам. Не знам, што би му кажала.. Ако навистина има план, било каков план. Ако има барем и најмала надеж за нас. Ако навистина вреди. Би се потрудила, со сета моја сила што ја имам и дури и со онаа што ја немам. Би застанала против сите и против се‘. Би се борела до изнемоштеност, како никогаш досега. Би одела и до крајот на светот, за да ја исполнам таа негова голема желба. Би патувала со него, секаде каде што ќе посака. Имајќи ја во предвид неговата ненаситност и непромисленост, типична за близнак. Но, како ќе знам дека вреди? Веројатно, кога ќе пробам. Ако се изгорам? Овој пат ќе биде поинаку... Бидејќи, ќе изгубам се‘, сите мои најблиски... И тогаш не ќе имам каде да одам, ќе го изгубам својот дом.
Колку си неточен значи твојот велосипед го гледаш со истите очи како првиот ден кога со радост го купи, а мене ме гледаш како да сакаш за последен пат да ме гледаш!!! И после јас сум била лоша. Лоша сум да али барем не сум ненормална како тебе
Иако ти мене ми ја посвети песнава денес јас тебе ти го посветувам рефренот од истата, т.е дел од него http://www.youtube.com/watch?v=7ewQ-78mLoM само сакам да ти кажам колку јас те сакам тебе....
Колку НЕ ми е интересно кога вака си идеме контра и двајцата! Сите приметуваат жар,а јас веќе внатре горам! А кога ќе те фатааам....
Би и’ кажал - Веќе ништо никогаш нема да е исто... Се надевам ќе го увидиш тоа. Колку побргу, толку подобро, само така ќе сфатиш што некогаш ти мене ми значеше.
Немој насабајлечки веќе да ми збориш „Каде бе ти? Остани“......Проблем ми правиш Не знаеш колку малку ми треба за да останам и да се шушнам назад во кревет до тебе. Ама тогаш и ти остануваш, не одиш никаде
http://www.youtube.com/watch?v=fRIxjQusdQ4 I bolje da me ni ne vidis, I za mene da ne cujes, Bolje je da ni ne vidis Da sam dobro, kad vec nisi ti...