Ти се реши на тој чекор,јас не...ке биде така како што посакуваш.Јас ке продолжам да си терам по свое. Ми недостигаш,а никој не сака да ме разбере што за мене беше ти.Сите ми велат дај остави го...но никој не знае колку е тешко,или пак поминале низ тоа па сега од страна изгледа дека е како да решиш 2+2. Криво ми е дека кога ке се разбудам гледам дека немам добиена порака од тебе.Кога ке видам дека не ми се обракаш со тој тон како порано.И сега додека го пишувам ова ти си со друга.Зошто ми е толку тешко да те преболам а сакам? Па имам прекрасен човек до мене а сепак во мислите си ми ти.Срцето мое се уште се наога кај тебе.И се обидувам да се помирам со судбината дека тебе повеке те нема.Не нема нас. Да кажеше само еден збор и веднаш би дошла,да ја пронајдеме грешката.Дали е во мене,дали е во тебе и да се потрудиме да го решиме единствениот проблем.Ке се задоволам да ми останеше и пријател.Јас и со ситници се задоволувам зошто ми значиш...Не сфакаш или не сакаш да сфатиш? А сега те немам ни како пријател. Само на тебе можев да се потпрам зошто ти ме разбираше,само ти можеше да ме насмееш со еден збор па дури и да напишаше ха-ха-ха,дури и едно обично смајли ми беше доволно за да ми се исполни душата.Сега колку и да се обидуваат сите околу мене се обидуваат да ме развеселат,да ми помогнат но длабоко во себе се свесни дека не можат да успеат како што успеваше ти.Ми вели едно пријателче дека сум опседната со тебе...Греши,многу греши.Јас само те сакам искрено,или барем те сакав...Сигурна сум дека сепак не е избледено се што имав во себе за тебе...Воодушевеноста од твоето знаење за сите теми,имањето одговор за се,се уште овде.И ништо не може да ги избриши.Никој,па дури ни Г. Мразам кога некој ми вели заборави го без притоа да ме праша дали навистина можеш да го заборавиш,што е тоа што јас го сакам??????Туку го избираат најлесниот пат. Одговорот е овде.Присутен е..а и ти го знаеш. Овде те оставам,за секогаш...со твоите желби.Се надевам дека нема никогаш повеке да пишувам за тебе.Јас ке се потрудам да те заборавам... Збогум,зошто сега навистина ми е преку глава од чекање.
Јас тоа што имаше да ти кажам - кажав. Сега сакам ти да ми го кажеш тоа што треба. Ма не да кажеш, да ми пееш http://www.youtube.com/watch?v=dQw4w9WgXcQ&ob=av3n
Мислата што ја прочитав ме натера да размислам. Изгледа навистина си заминав не за да сфатиш колку вредам, туку затоа што јас конечно ја согледав сопствената вредност.
Морам да признаам дека имаш понекогаш предобар вкус за музика, прв пат од тебе да дознаам за некоја неисфорсирана песна и да ми се допадне. http://www.youtube.com/watch?v=oOT2-OTebx0
Не ти требаше ова. Воопшто не. Всушност, те заболе тебе чичко ти. На мене не ми требаше. Ама, голема сум јас. Сум имала планови, бла бла бла, интенција да унесреќувам луѓе, ми се ределе нештата, сум имала зелено светло од татко ми и триста други нешта.. Небулози ама ај. Толку од мене.
[СДК] Сакам да кажам... би сакала да те прашам милион прашања,ама неможам...едноставно неможам..кога ке те видам се блокирам..заборавам на сееее..или пак немам храброст да започнам одредена темаа...и цел ден се прашувамм зошто така се однесувашшш ..кажиии ми што е проблемоттт..сакам да знаммм...и зоштоо овааа променааа после тој денн..зарем не беше ти тој што беше пресрекен таа вечер,зарем не беше ти тој што се осекаше преубаво и прв ми го кажа тоааааа..зоштоо молчишшшш ....те факам секогашш кога ми пракаш тајни погледиии ..ти значаммм неможеш да ме излажешш...само незнам што се случувааа со тебе кажии миии..ке ти помогнам..немој да си тежен како денеска,иако викаш дека се е оккк ама знам дека не ее..те познавам..твојот поглед бешее тажен беше загрижен за нештоо..сакам само да си среќен,свакаш...да си среќен..не ги слушај другаркитеее зарем не гледаш дека те користат им требаш само да им даваш белешкииии за на факултет и да им помагашш за испитите ..за ништо повеке не им требаш...кога те викнале на кафеееее.....когааааа...кажии мии бреее...НИКОГАШ ..и ти тоа ми го нарекуваш другарствоооо...КОРИСТ е тоаааа душооо мојааа КОРИСТ ...ке сватиш еден ден ..се надевамм..
Не можам веќе да те гледам зошто ќе се заљубам, а не смеам... Од друга страна срце не ми дава да те избегнувам.
Море дрвце в среда денот на дрвото а ти пипер ќе сејш? Добро за тебе тука мислам нема проблем дрва,пиперки свеједно Глупчо еден Свати ако беше работава за пиперки ќе беше ’Денот на пиперките’,али како и да е ти дојди на училиште па ако треба и кромид ќе садиме
Кога го изговори тоа, исто како да отвори кутија со спомени. Ме врати во времињата кога тинејџерски ја започнувавме нашата врска. Толку непреспани ноќи со тебе, толку бегања од часови заради тебе, вртење од околу додека си признавме што чувствуваме еден за друг, толку прекрасни спомени со тебе, ми ја стопли душава ко пролетново сонценце. Бевме зелени ко тикви и заљубени до уши, ништо не можеше да застане помеѓу нас, ништо не беше невозможно. Од првото ненадејно допирање за рака минувајќи на Кеј, кое полудував од желба да трае повеќе, до првиот бакнеж од кој не можевме да се одделиме, се до последното твое заминување по скалите, не престанав да те обожавам. Ветувања и надежи, монотонија и транзиција, љубов и иднина, зафаќаш огромен дел од моето битие. Дали си есенција или адитив, не е важно. 5та година веќе откако последна мисла пред да заспијам си ми ти, 4та откако открив дека можно е да го имам најубавото спиење иако спијам само 2 часа, будењето со тебе е незаменливо, 3та откако сфатив дека ти си ми изворот на инспирацијата и твојот бакнеж е незаменлив, 2ра откако знам дека концертите со тебе се поубави, 1ва откога сум сигурна дека само ти ми требаш. Ти благодарам за најубавиот подарок што можев да го добијам од тебе. После толку време, после се што поминавме, ти сепак се сеќаваш на толку работи кои дури и јас не ги помнам. Најубавото чувство на светот ми е кога ненадејно и сосема суптилно, со или без намера, без да знаеш ќе ме потсетиш дека сепак се грижиш. Не ми треба поголем доказ од тоа. Те сакам.
душичка мојааа не можам да се замислам без тебе, те сакам те сакам и те сакам да знајш засекогаш !!! спанко мое .Прв пат во живот,да ми се деси вакво нешто,неописиво колку те сакам.Немојјјјј да се лутиш за нешто што не било, нееееемој така, гледај да ти биди тебе убаво на душичката и да ти помини главчето. Убо спи си сонце мое.
Како дрога ми си.. А Јас голем зависник од тебе, се би сторила и се би дала во овој момент да те гушнам, да те бацам и да ги видам твојте прекрасни зелени очи кои како што ме гледаат будат се повеќе и повеќе љубов во мене. Ми текнува на се наназад, многу непреспиени ноќи, ти на едниот, јас на другиот крај од земјата, толку прекрасни спомени кои будат радост во мене. Ми фалиш во овие прекрасни сончеви денови, да ме фатиш за рака, да ме прегрниш цврсто, и заедно да се шетаме, среќни двајцата заљубени. Ми фалиш претерано, заспивам со твојата насмевка, а се будам со помислата каде си и што правиш? Претерано мислам на тебе, претерано ми си во мислите. И Никогаш не престанав да те обожавам, НИКОГАШ Ти благодарам за се, Ти благодарам што стана дел од мојот живот, Ти благодарам што ми покажа што е тоа вистинска љубов.. Ти благодарам за се. Остани засекогаш мој... Само мој! ТЕ САКАМ НЕОПИШЛИВО ПРЕМНОГУ !