Нас ни фали само Едно нешто. Храброст. Многу работи би биле поинакви да ја имавме и двајцата. Но,како и да е,прекрасен си. Те сакам!
Те сакам ама понекогаш многу ме нервираш, толку многу што неможам да те гледам. Можеби сум збунета за некои работи и неможам да ги разграничам ама знам со сигурност што НЕ сакам. Дозволив самодовербата да ми биде разнишана.. самодовербата- ствар без која немам шанси да функционирам.
човек кога најмалку очекува ке се најде некој кој ке ти го разубави денот. Така и ти денес навистина ми го разубави денот,навистина не очекував,прв пат кога влегов во аула мислев не ме ни забелажа а ти се сврте 100 пати само за да ме поздравиш. јас случајно излегов да си купам вода не ни забележав дека и ти си излегол,кога те сретнав ко сонце да ме огреа иако мислев дека само ке ми кажеш едно чао и толку...да ми кажуваше некој ке речев дека ме лаже..сепак ти уште еднаш докажа дека си посебен..изнаогаше секакви прашања само да ме задржиш со тебе уште некоја минута а јас па демек се брзав ми беше мило што после толку денови разговаравме ко луге онака мирно без брзање..и зошто така убаво ме гледаш со тој поглед незнаеш дека јас се заљубувам...се надевам ке оздравиш побрзо за да ти ја гледам почесто таа твоја преубава насмевка
Ама само да ме нервираш! Поинаку не можеше ам? WHATEVER! Мило ми е што кога ја виде пораката се слушнавме. Со разговор отприлика можело да се средат работите...Па шо си бе и ти лудак место да ни е арно,правиш да ни е лошо... Ама,чекањето и вербата и надежта се исплатија,по којзнае кој пат Ќе го одржам ова,ветувам! Ќе издржиме уште малце.Ќе дадам пак максимум од мене за се да е во ред.Се разбира,ќе треба и ти да се потрудиш,да не мислиш со ништо ќе поминиш? Ама ете,ТЕ САКАМ! И не можам да се откажам од тебе никогаш...Тоа е како да се откажам од љубовта,од она што ми е најмило и што после цел живот би ми било криво што сум дозволила,т.е. сме дозволиле да го снема тоа.Не! Нема да дозволам. Пошто ТЕ САКАМ и сакам се со тебе! Понекогаш ќе те послушам,ќе се помирам,ќе научам нешто од тебе и така натаму.Некогаш ти од мене.Ќе учиш и работи што досега јас сум ги изживеала а ти не,а и јас од тебе.Епа за да останеме силни,треба двата еден од друг да учиме,да се прилагодуваме и да се сакаме. Ама признај дека ти недостигав! Иначе немаше после 10 мин. да ми пишиш да се слушниме Ми недостигаше и ти мене! Мислев,готово,нема назад,толку ладен никогаш те немав слушнато...Ама се надевам да било период или ако ти ја полнеле главата да не си ги послушал (ако разберам за такви гниди тешко нив!) Ама среќа еве,пак ќе те гушнам најсилно! Нека,нека има и кавги. Па без тоа никој не поминува,а и после тоа се надевам ека веќе ќе ни е надминато тоа. Кога ќе ти го слушнам гласот сеуште се топам НЕкни кога те слушнав,прво ме тресеше,усните ми се исушија,сецкав...а потоа почнав да горам...Кое дејство го имаш врз мене стварно незнам Знам,можи и јас претерав предходниот пат,а не бев во Пмс,туку бев во ПРОКЛЕТОМИНЕДОСТИГАШ СИНДРОМ А кога ќе те видам пази се ТЕ САКАМ! Навистина те сакам! Ајде одмарај и лека ноќ ,знам дека си уморен,јас допрва ќе видам како е на работа...ЈАс продолжувам со читањево и моите обврски. П.С.Им благодарам на сите оние кои што ме поткрепија низ пеколов што го поминав! И вас ве сакам! Пошто ако не сте вие феминките,незнам како би нашла уште толку многу сила!
Не те видов денес.А те бркав сегде.Сакав да те видам,ми фалиш многу. Глеј прави се утре ко да не ме знаеш и мавај ми игнор па има да си јадеш ќутек,ама онаков за мерак.
Ми се плаче, ми се рика. Од мака, од неправедноста на светов, заради тебе. Не го заслужуваш сето ова што го проживуваш. Јас секогаш ќе бидам до тебе, рака под рака, ама дали е тоа доволно? Уште од 17 години си амал по куќи летно време, поцрнет од јакото сонце, претепан од работа. Цел живот сам се снаоѓаш, сам се школуваш, сам се облекуваш. И на крај пак нема. Јас знам дека еден ден ќе успееш, знам дека ќе ги исполниш твоите планови. А знаеш кој ќе биде најгорд тогаш? Јас. И ќе те гушкам, нема да те испуштам. Ти веќе ги проживеа лошите времиња, сега се на ред добрите. Мора да се на ред. Само во твоите очи го гледам жарот на младоста. Друго се пред време е остарено и созреано. Те сакам, до тебе сум, во добро и лошо, секогаш.
Абе дете,абе идиоту,плавуш,знаев дека ќе ми пишеш,умрев од возбуда како некое мало дете ...ги обожавам и ги мразам тие ваши мали проклети игри,топло ладно,оти знаат да ме нервираат,да ме растажат,ама ако не ги играте тие игри,толку ќе ми биде интересот за вас машките.Ајде утре ќе ти пишам јас прва(ама најискрено се надевам дека ти прв ќе пишеш) и едвај чекам да те видам,можеби нема да испаднеме повторно,ама доволно ќе ми биде и низ град да те сретнам.И знам дека е многу погрешно што се залетав по тебе,ќе си ја удирам главата во ѕид,ама касно ќе ми биде,и тоа што сите ми кажуваат каков си неможе да ме освести. Ај постов ми заличи како да е пишуван од дете од 5 одделение,така да доста е
Знам дека сакаш да не плачам и да бидам силна, ама не можам, солзите сами течат по лицето. Претешко ми е, многу ми е тешко, ми иди и јас да заминам со тебе ТЕ САКАММММММММ ! http://www.youtube.com/watch?v=lI522f5YAlE
Ах се собрало многу за кажување.. не е од ПМС-от, просто е од тоа што ние не разговараме всушност. Ние сме како деца кога си играат дечко и девојка. И кога денес ми се блокираше мобилниот, сакав да те лажам и да не кажувам дека картицата ја ставив на друг мобилен кога се прибрав. Не, одпрвин брзав домче да сменам картицата и да ти се јавам.. Ама се прибрав и помислив дека нанкаш, и нормално принцот има начин на живот и не се вознемирува.. И оп на ФБ порака од тебе ,,сега се прибирам се шишав и бла бла,,.. А јас мислам одмараш и не сметам. И како послем да посакам да одговорам и да се јавам, да кажам дека во функција ми е бројот на стариот апарат. И како послем денешната средба-несредба наша, ме виде а не ми се јави, пак седевте со шефот, не те видов тебе, него го видов, а сега гледам дека си ми пратил бакнеж на мобилниот баш тоа време некаде.. не беше сигурен дали те видов. А јас бев баш тогаш до Рамстор да ми го погледнат мобилниот и веќе не ми работеше тогаш истиот, ама ти не знаеше уште за тоа. И не рече дај симни да го видам мобилниот што му е, на колегите средувај им ги смарт телефоните мојот нека оди на сервис. И сега зошто сакав да се одмориме, од едни исти лигави, да слатки ама веќе празни муабети?! И сега зошто сакав да се правам дека немам мобилен барем еден ден? И ти само издувувај си се по кафичи и послем нормално нема да се гледаме и шеткаме. И јас од сега така ќе си правам, ке си пијам кафиња со другарки, па со тебе ќе си играме само јубовници. Назнам ама помалку знеме за нас од тоа што го знаевме на почетокот, не разговараме и сега е инаку тоа што тогаш ми беше гајле за тебе, сега утробата ми се кине за тебе. Ти знаеш ли дека кога сакаш некој имаш потреба да го видиш, сакаш да си со него колку можеш почесто и на сметка на други работи, па нека трпи де нешто за јубовта..
Ако не се јавиш ти нема ни јас да се јавам .......Сигурно имаш попаметна работа отколку да ми го слушнеш гласот на 2 минути нели? Не кревам ако не се јавиш до 12...Може ќе ти дојде ум ама не верувам
Tи, човеку, не знаеш што ми направи. Т.е. ти на мене не ми направи ништо, за се` сум заслужна јас. Немаш претстава што се` разбуди во мене. Немаш. Не ни сакаш(е) да дознаеш, а најискрено ниту на мене повеќе не ми е во прилог. Како е можно, како? Како е можно да не ти зборувам, да не те ѕирнам барем за миг, да не ти ги мислам тоа трепкавите и најубави очиња, да не ти ги набљудувам дебелките прстиња? Како ќе преживеам? Сончко мој си ти! Сончко! Јас мразам зима, знаеш дека мразам. Летото и да сакам не можам да го замразам. А тебе? АХ.......Ете, денес и официјално е пролет. Сонце на небото имаше чиниш лето е. А мене ми студеше, јас се тресев без желба за било што. Сфаќаш ли ти дека јас не можам да дишам без тебе, сфаќаш ли? Те заболе тебе за мене. Те заболе. И за тоа сум јас исто виновна, знам. ЕЕЕЕеех, жени луди. Луди до бескрај. Немам намера, еднаш ти кажав, денес си кажав и себеси, се погледнав во огледало и си ветив - ако ти почувствуваш каква и да е бенефиција од мојата љубов, гром да ме убие. Гром. Мене, тебе не! (Си се тешам уште, како некој бездомник, како некое улично кутре, како крпа згазена и фрлена.....дека малку барем ќе го промениш односот, арно ама што со сила се правам луда....Па, ако нема љубов нема ништо. А, ти се сакаш само себе, тој што треба и е природно да го сакаш и уште ја сакаш и мајка ти. И ти ќе си се сменел. Хахахаха. Ќе се смениш, да! АМА во изборот на партнерка. Сега скроз црна е на ред.) Сакам да ти кажам да живееш и да бидеш среќен колку што јас те сакам, почитувам и ми значиш. А тоа е неоправдано бескрајно! За сите нас има место под Сонцето, жалам што прекасно сфатив дека ти си моето сонце, да, ама никој од зраците не бил наменет за мене. (а за мене ќе си го кажам само следното) СВАШТА!
Ако, посветувај си се ти на бицепсите и стомачните и на тенот. Криза на 25 те фаќа жими се, многу си смешен
Ахххх ти, мораше ли да ја слушаш цело време една иста песна?? Мислам од толку пати што и јас ја слушнав песната, сега од глава не ми излегува, а толку ја мразам песната тоа е чудо едно
http://www.youtube.com/watch?v=7iR5jelL6MM Ми мирисаш на пролет.. Имав прекрасен ден.. Те видов, пак! Среќна сум што те видов,пак. Ме врати во минатото, ме врати и ме потсети на тие нашите мали работи..
Знам дека нема шанси јас и ти некогаш да бидеме заедно .. знам дека не сакаш да ме повредиш ама не можеш да ме сакаш како шо знаеш дека друг ќе ме сака..Знам дека ќе те сакам бааѓи длго време и нема да идам со никој најмалку уште толку време (9месеци) и знај дека не си ти крив за ништо ..јас сум си самата крива