никогаш не можев да замислам дека со тебе ке бидам...никогаш не помислив дека најубавите моменти ке ги поминам со тебе, ниту еден дел од секунда не си бил во моите мисли иако те познавав многу одамна, кага излезе пред мене таа вечер првот твој поглед кон мене го почиствував моето срце, почна силно да чука осетив како нашите погледи се сретнуваат и си помисив. ех да можам да сум со тебе, а желбата ми се оствари истата вечер од првиот ден сум твоја и така и ке останам вечно ќе те сакам и чувам во моето срце ти си единствената моја лубов која ме направи да се чиствувам најсакана, најубава, највредна ти го смена мојот живот и отвори железните порти на среката сега во мене царува љубовта.и знам дека ова далечина што сега не дели не можи да уништи ништо од она што го создадовме, напротив мојата љубов и желбата да те гушнам повторно е се посилна и посилна живеам за денот кога пак ке те видам.ти ветувам дека повејќе нема да ја пуштам твојата рака.ова разделба да ни биде последна но и самиот знаеш дека оваа жртва е за иднината наша.сега го молам бог да ми даде сила да ја издржам оваа болка и да го дочекам денот кога ке те видам. те сакам и секогаш ке те сакам
Добро е ко помина се добро, добро е ко си добар. Со душа те чекам вечер, да те ѕирнам, срце моее Те сакам и многу многу ми недостигаш
немаш појма колку ми значиш, и колку само те сакам... твоите усни, твоите очи, твојот допир, гласот кога ми зборуваш... се твое сакам и се твое ми значи ... начиинот на кој се чувствувам кога ме прегрнуваш, вистината во зборовите кога ке ми кажеш: Те сакам! .... Погледот твој во кој можам да почувствувам дека сум единствена за тебе... поради начинот на кој ми покажуваш дека би дал се за мене, едноставно ми останува да ти кажам дека заслужуваш се па дури и повеке од она што имаш! ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ мило мое и се би дала за тебе затоа што НАВИСТИНА заслужуваш <3
Знам дека некогаш и јас сум инает магарешки,и претерувам со лутки и плачки, ама денес само сакав да си седам дома, ДОМА, во моето домче. И не не е исто, ова мене не ми е дома, можеби е за тебе оти си пораснат овде, ама не и за мене. За мене е само обично гости кое морам да го истерам некако. И знам дека е ова крајно размазено од моја страна ама така си се чувствувам и точка.
Дојде викендот. Конечноооооо! Утре, јас и ти надвор до Скопје, цел викенд. Милина. Знам дека ќе направиш овој роденден да ми е најубав до сега. Не се ни сомневам во тоа. А толку си таинствен па не можам да те провалам почнувам да го пакувам куферчето. Толку многу ме правиш радосна I you
Ти благодарам сонце за изминативе два дена...Ти благодарам што си тука за мене и што умееш да замижиш на моите глупави испади.Знам, понекогаш сум проклето тешка... Ама, те сакам до бескрај, без тебе сум само половина човек....Ти си моето се'
Со се ова што до сега ми го покажа и докажа, сватив дека навистина си посебен и поинаков од другите. Иако имав навика да викам дека сите машки се исти, стара филозофија нели.. сега сватив дека воопшто не е така. Знам дека нема да се промениш и секогаш ќе бидеш ваков, ценам што си проклето искрен, што ме чекаше а јас по обичај те заебав.. Иако овојпат не беше до мене, ама стварно жал ми е. И одвај чекам да те видам.. преубаво ми е со тебе и сакам ова да трае и трае. Можеби избрзав за она што го направивме, но сега ми докажа дека не треба да се каам, зашто сепак го направив тоа со вистинската личност. Се надевам дека времето е на наша страна, зашто сакам него отсега да го поминувам со тебе. И иако сто пати те заебале, не дозволуваш тоа да те расипе и да навлезе длабоко во тебе како и мене па со тоа да ги повредуваш и другите, што ништо не ти згрешиле.. Сакам да ме промениш, да излезам од оваа сигурна зона во која сум затворена, плашејќи се од тоа да бидам повредена. Жалам за времето што помина а јас не го искористив, жал ми е што не бев со тебе уште тогаш но можеби и подобро. Зашто тогаш бевме само деца, немаше да може да биде нешто посериозно, а сега мислам дека сме поголеми и позрели и ќе направиме ова да успее. Мислам дека ова е почеток на нешто ново.. нешто убаво. И овојпат, ќе си дозволам да се опуштам целосно и да уживам во моментот..