Аааа само ако дознаам дека си ме излажал ќе те оставам да си знаеш, јас лаги не трпам воопшто, па ти размисли дали и понатаму ќе ме лажеш за било што...
Се надевам дека ќе траеме се надевам дека се ќе се подобри дека ќе бидеш смирен и нема да ми префрлаш амааааааааааааааааааааааааан на сите страни ги има и секој пат ќе ми плескаш у фаца ?? Да не почнам јас те молам е тогаш ча ча чаоооо Леле бе па сакам да си останеме засекогаш ЗАСЕКОГАШ јас се обидувам многу само ти треба малку да реагираш и да работиш на случајот те замолуваааам биди така
до едно поранешно губренце што некогаш многу го сакав еее, баш вчера размислував низ што не поминав за да сватам дека ти си бил единствениот до сега што навистина ме сакал само што никогаш незнаеше како да го искажеш тоа, т.е. бираше погрешни начини(и мегу нас, понекогаш ми текнува на тебе знам дека во срцето си душичка, само однадвор глумиш тврд орев) од се срце ти посакувам некоја што ке те сака,и ке ја сакаш и да бидете срекни
Знам дека не заслужуваш да те оставам,ама понекогаш таквата помисла е посилна од мене Целата оваа ситуација ми создава неверојатни нервози и гледам дека се тоа почна да ми се одразува на здравјето.Како да ти ги објаснам некои работи,а да не бидам погрешно сфатена?И сам знаеш колку жртвував за оваа врска,но не можам повеќе вака А најтрагично е што се наоѓам во тотален хаос со чувствата и самата не знам што чувствувам за тебе.Дали си ми навика или и нешто повеќе? Се надевам дека ќе се решам во најбрзо време што навистина сакам зошто не заслужуваш да си играм со твоите чувства.Знам дека ќе биде тешко и за двајцата ако решам да прекинеме,но тоа е што е...Животот понекогаш знае да биде суров
You said that you could let it go And I wouldn't catch you hung up on somebody that you used to know Сега сваќам дека не било лесно да се заборави, лошото па тек убавото... Песнава не е само заразна, виситнита до срж, лесно препознатлива во секоја втора љубовна приказна... Или пак онака како секој сака да си ја толкува, како чувствата го носат да ја толкува
Ах.. што ти било љубов .. сега сфаќам. Ми фалиш вечерва многу. Ми требаш многу. Знај дека не ми излагаш од памет и дека да можам, не би се одвоила од тебе ни за секунда. love you.
Те премислив денеска (аман па вие Вип, мрежава им е катастрофа) ми недостасуваш иначе ти незнаеш ама ја се шо правам, правам за тебе, односно да не те повредам ајде утре ќе се видиме, немој да си заспал рано е, морам да те слушнам уште нелку пати вечерва пред да си легнам, за да можам убавко да спијам и + да си наплатам за денес ај јави ми се пак
Му кажав се... Сакав уште да му кажам:"Те сакам само за себе, секогаш!" Ме сфати тој, само тоа секогаш не го сфати... не требаше ни да го сфати Жал ми е што е се толку комплицирано, но ке се реши, а јас ке сум тука и ке го чекам, зошто знам, а и тој знае дека јас сум таа што му треба и тој е тој што ми треба и ке ги победиме сите само ни треба време. Ке се сретнеме пак ние... <3
Да знајш дека во моментов плачам, а то не можам да ти го кажам со цел да не ти биди тешко, И колку ми велиш дека ти е супер, знам дека не тие, ко ќе не ти се најблиските со тебе.. Ми фалиш, онака најептенски, еднаш да те гушнам најсилно. Не знам како ќе ги поминам овие денови, само знам дека само ти ми си во мислите. Фалиш тука, фалиш многу, те сакам најмногууу
Се понудив да ти ги објаснам работите ради тебе, зашто знам дека се мачиш во себе. Знам дека се чудиш. И иако сама не знам што ми случува, иако ми се враќа мислењето дека не сме еден за друг, а ти тоа никогаш нема да го согледаш, бев подготвена да ти ја дадам сета своја искреност, без лажни ветувања, без украсување на вистината. Колку и да те боли, сакав да ти кажам дека заслужуваш некоја искрено да те сака. Ги знам твоите чувства за мене и познавајќи те, мислам дека никогаш нема да умрат. Но, ако сум со тебе, тоа ќе биде половично. Ќе чувствувам дека нешто фали, ќе се прашувам дали сум можела да најдам посличен на мене и секогаш кога разликите меѓу нас ќе станат воочливи, јас полека ќе умирам во себе, знаејќи дека не сум го направила вистинскиот избор за себе. Од мала, кога се гледав како се жртвувам за доброто на другите, си ветив себеси дека нема да завршам со некој за кој нема да имам вистински чувства, само од страв да не го повредам. И ете, токму тоа се случи. Колку и да се трудам да размислувам разумно, веројатно на крај пак ќе се жртвувам. Зашто полесно ќе ми биде да бидам со некој кој го правам среќен, отколку да имам грижа на совест зошто сум ти го уништила животот. Можеби и подобро што не ми врати, барем имам време да размислам што со себеси и со тебе. Еден од нас ќе биде нецелосно среќен, само кој?!
Убаво ми е кога ти заспивам на гради. и цела ноќ спијам така, а ти душа па не мрдаш за да не се разбудам. Уште поубаво ми е утрото дочекано со тебе. Посебно ова, кога ме бакна и ми посака среќен роденден по 2 пат (нели прво ми честитеше во 12 на полноќ). Премногу ми значиш, премногу те сакам. Можеби и ова звучи патетично ама го пишувам од дното на моето срце. Животот мој дефинитивно не би ми бил толку убав ако не беше ти дел од него. Ти благодарам за се Те сакам