Чекањето е најтешко животе мој, и јас сакам да се навикнам на тоа; да знам дека си со мене, дури и кога не си покрај мене.Те чекам....
Те сакам и покрај сите работи што ми ги направи и покрај сите работи низ кои поминав поради тебе. Те сакам, иако ти никогаш нема да го разбереш тоа.
Знам дека и ти ме сакаш колку и јас тебе само штета што ни еден од нас не попушта. Те сакам најмногу на свет.
Би ти кажала ... Не знам што е ова војна или врска ? ! Потурбулентна врска сум немала , а се сомневам дека некогаш и ќе ја имам . Често одиме до работ на бездната , а од таму и мене не ми е јасно како одиме на посигурно тло , наоѓаме мир ама краткотраен . Мир кој трае многу малку како привилегија . Ми велиш ме сакаш , можеби е така но не ме разбираш . А тоа ми е многу важно немаме повеќе по 15-16 години . Ми треба и ова во пакетот што го нудиш . Зошто не ставив крај и сама не знам , има нешто во тебе . Ти си една нежна , чувствителна душа . Вистина е дека ме чуваш како мало дете , како капка на дланка , некогаш си предобар за да бидеш реален . Се прашувам како те заслужив тивко во себе , а ти гласно ме прашуваш дека не ти се верува дека те избрав тебе . Нашата врска ќе беше бајка ама не е ! Ти не умееш да се носиш со мене и мојот карактер нити јас со твојот . Јас ќе ти дадам се освен СЛОБОДАТА и освен ГОРДОСТА . Имаш направено такви гестови за мене што ни за 2 животи нема да ги заборавам . Кога дојде на -25 кај мене само за да ме видиш на неколку минутки , подароци , и многу мои хирови што ги трпеше, и желби ми исполнуваше . Но ти .... Но тебе ... Љубомората , паранојата и стравот ќе те изедат . Нема никој да ме одземе ако ти не го дозволиш тоа ! Да точно е околу мене има многу тие под будно око чекаат да се разделиме за да стапат во акција . Отворено дел од нив ми го кажаа тоа , исто е и со тебе . И јас стравувам дека те бара назад т.е факт е дека те бара , само не знам дали ти сакаш да се вратиш . Зошто дозволуваш сенки да расипат се . Те гледам дека си напнат , дека си стегнат , дека се мачиш , а и јас покрај тебе . Иако ми значиш и за себе и за тебе можеби е време за КРАЈ ... Знам дека е клише ама во случајов навистина мислам дека така е подобро и за двајата . Ако нешто не одржува тоа е страста , не е довербата . Не може ова на долги патеки , знаеш длабоко во себе дека навистина и повеќе од чудо е ако успееме . Уште колку сила има во нас ? !
Зошто се трудиш да си ги сокриеш чувствата и да ја прикриеш љубомората, апла се познава, џабе, кај мене неможе ништо да ти избега и сам го знаеш тоа Срце тоа ..
Сега кога немаш интернет, кога домашниот телефон ти е исклучен, и кога сметката на мобилниот ти е блокирана - ќе ти испратам писменце по првиот бел гулаб што ќе го сретнам Или можеби ќе се поврземе преку нашата телепатија Дојди на кафе попладнево. Ќе седиме на лулашка на тераса, и ќе го пиеме сонцето.
Пред точно 30 месеци стана дел од мојот живот. Кога летнаа 2ипол години, уште не знам Ама знам дека откако сум со тебе добив и запознав многу работи. Ти благодарам за тоа! Те сакам.
Ти не си нормален! Јас сериозно би те пуштила во ментална институција!!! После она вчера... немам никаков коментар... Уште не можам да се соземам и да поверувам што се случи! Да се баравме , немаше да се најдеме толку слични!
ZNAM DEKA E готово! штом го нема тоа што беше знаци дека е готово! SVATIV!.. нека оди напред зивотов како и да биде,нека е така!
Можеби немаше толку многу да се сакаме ако се беше како треба, можеби немаше толку многу да уживаме еден со друг ако немавме проблеми. Знам дека ме сакаш и знам дека ти требам...
Можам да бидам гад. И можам да бидам бесчуствителна. Впрочем, тоа и подобро го умеам од она другото. Ако те сакам, не значи дека ќе ти дозволам да ми се качуваш на глава! И, не сум толку заостаната како што ме мислиш. Се` гледам и следам, само ретко кога сум расположена за да слушам објаснувања. Со нервите сум кратка. Внимавај си, од тука натаму, твое е!
не туку бегај од мене бе вошле едно, кукавицо една нема да те изедам само се прашувам ЗОШТО ке дојдам на роденденот на внукати вечер со тебе дека си премногу резервиран од самиот почеток приметив, мислев ке се отвориш, т.е. дека си срамежлив, а колку повеке ти се отвараш повеке болно ми е мене-не морам да ги знам сите твои валкавштини од минатото, дури и се прашувам зошто баш јас сум таа која ти е девојка, што па јас сум толку посебна а дека во интимата си повеке од задоволителен си и сега свакам дека најпаметно постапуваат девојките кои не се замараат со машките-се знае која им е целта(секоја чест за таквите) а не како нас другите
Епа душо, драго ми е што го прошири изборот, што не остана на тие 2 Иако јас одамна кажував што и како треба, не ме послуша, но не е важно тоа во моментов.....важно што се премисли и што воопшто не е доцна-напротив-точно на време е
Пријатно ме изненади денеска, не очекував стварно, шо така ти текна да ме однесеш на тоа место Де ако сакаш почесто изненадувај ме вака те сакам се повеќе и повеќе
Не сакам товарот сам да си го носиш, сакам се да споделуваш со мене, затоа и сум ти девојка...сакам да ме сметаш за најдобар пријател, и да ми кажуваш се, а не да чуваш за тебе... Ме боли тоа што некои работи ги чуваш со тебе, многу.Знам, се муртам за некои работи, се лутам, ама се е тоа зошто сакам да сум повеќе време со тебе,ништо повеќе... Твоите проблеми се и мои, и сакам да го делиме заедно она што ти тежи на душа... П.С Горда сум на тебе, и те сакам најмногу.