пак ли нешто си тажно бе мече, по гласот ти се познава и не ми се чини не ти тинав, мислев дека спиеш, и ми беше чудно кога не ми титна, мислев си ме заборавил испага срцекршачката храбра и силна момчето го нема никаде - нели пошто ми кажа дека сум храбра девојка денес поминав кај тебе на работа зиркав како и обично-што да правам, зиркам јас а тебе колата не ти беше таму мислам дека ти го слушнав гласот, ама не сум сигурна приметив дека некој ме гледа, и веднаш си заминав од таму и нозете не ми се пресекоа како некогаш ...страв ми е да чекорам по таа улица, ме боли душата... мислам дека лани летото те заборавив сосема, а ти пак никна од некаде ко самоникнат си нема да можам да те заборавам така лесно, изгледа дека душите ни се поврзаа некако :geek: незнам ни јас како да го објаснам ова, ама времето белки ке ме излечи
Навистина сум себична што сакам да ме сакаш како што јас сакам, ама сакам. Детско е и незрело од мене што сакам понекогаш да покажеш љубомора ама сакам. Ме вади од такт тоа што си толку опуштен. Сериозно ти кажувам. Ме нервира што не се плашиш дека можеш некогаш да ме изгубиш, ме нервира што си сигурен во нас и во нашата врска, ме нервира, ме нервира, ме нервира. А ме нервира, затоа што таа опуштеност те прави да се трудиш многу помалку од порано околу нас. Јас сакам да сум дете, јас сакам да се подкараме за глупости, јас сакам да шетаме и да се смееме, сакам да бидеш љубоморко по малку, сакам да те гледам почесто. Не сакам да те гледам секој ден, ама па не и олку ретко... живееме на две минути. Сакам да ми титнеш еднаш во денот, сакам да ми се јавиш да ми го слушнеш гласот, сакам да ми кажеш дека сум ти потребна, сакам да се слушнеме барем еднаш дневно. Ти рпавиш се, ти ги правиш сите кавги, ме излудуваш. Ме излудува кога ќе ми речеш што ако не сме се слушнале два дена, ме излудува, косата ми се крева, жичките пллус и минус во мозокот ми се поврзуваат. Ме нервира кога мислиш дека други ми ја полнат главата, ме нервира што ме сакаш на тој твој чуден ненормален начин, ме нервира што не се нервираш, ме нервира што не си ставиш кредит во тоа телефонот пак со денови а знаеш дека и за тоа кај и да е ќе се скараме. Ме нервира што сега кога ќе се скараме и по една недела издржуваме само затоа што знаеме дека ќе се вратиме еден на друг и се натпреваруваме кој ќе попушти, а порано ни еден ден не издржувавме. Навистина се нервирам, и тоа многу... Дај направи нешто, не ми биди дополнителна нервоза...
Јас мижев, а ти ми го подари твоето срце. Се смеам ко луда. Пљус! Пљус! И таа фората со извлекувањето среќен добитник ти ја правам!
Би ти кажала дека посакувам да зборував на твојот јазик. Така ќе знаеше што сакам да кажам. Вака не ме разбираш. Посакувам еден ден да согледаш дека навистина не делат многу разлики. Дотогаш јас ќе си зборувам, а ти само бледо ќе ме гледаш и ќе си се смееш. Не си откажувач, знам. Верувам дека мислиш дека нашето може да успее. Ќе успее да, во некој друг живот. Како да ти објаснам дека различните сфаќања, интереси, амбиции не се ситници, туку се голема пречка. Барем за мене. Убеден си дека сум голем сонувач кој се залажува дека во светот постои сличен на него. Многу сум барала што сакам човек што сака литература, омилен жанр на филмови му се комедии, што има богат стил на изразување, има манири, јасна визија за тоа што сака, е независен и не бара потврда од другите. Имаш право, ова се многу критериуми. Поскромна ќе бев ако барав некој со пари и добра кола, ко денешните девојки. Ама не сум ко нив. И да бидам нескромна, ама ти не гледаш колку сум ретка. Кога правам било каква ситница за било кој, секогаш се ставам на негово место. Не правам нешто колку да се заврши работата. Кога доаѓам кај тебе и твоите ќе ми стават за јадење, јас се грижам дури и да не ја извалкам чинијата, бидејќи нели првобитно не била наменета за мене. Кога се договарам да се видам со некој, се грижам за сите негови другари и другарки да бидат вклучени, за да не се чувствува запоставено. Кога чекорам заедно со некој, секогаш внимавам да одиме во иста линија, за да не му биде глупо ако оди позади мене. Кога седам и правам разговор, а сме повеќе луѓе, се потргнувам за личноста која не е во добра позиција и нема добар поглед кон оној кој говори, да не се почувствува дека е надвор од друштвото. Ова за тебе се глупости, мали, невидливи работи, кои многу кажуваат за мене. Ама тоа не го гледаш, зашто си научен на некултурни, опуштени, без морал. Нема да видиш колкава е мојата грижа за другите. Не го правам тоа за некој да согледа колку сум јас фина или не знам што, го правам зошто е дел од мојот карактер. Ама тебе ништо не ти значи, зашто побитни ти се други работи. Само сакам да ме оставиш да си го најдам човекот кој ми одговара. Сум со тебе, но не внимавам на своето однесување, бидејќи потсвесно барам причина да се скараме. Да се разочараш во мене и полесно да ме пуштиш. И вака те повредувам, а ти толку се трудиш со намера да успееме. Ако, кога ќе наполниш можеби 30 години ќе сфатиш што е она за што сум говорела. За тебе сум единствена, вистинска љубов, но јас не можам да бидам со некој како тебе. Само времето нека ги направи видливи за тебе нашите спротивности.
Не постои такво нешто ко алфа категорија,а и да постои,доста со идејата дека мора да е вулгарно наметливо,признаено,осуетено. Ние сме други. Ми недостигаш,ама не можам да ти го кажам тоа... не ни помислуваш со кои очи те гледам,а и колку си различен.
Ахахххахахахахахахаххахахахахахааххахахахахахахахахахахахахаххахахахахахх,па незнам од кога си станал ти волку вицкаст. Брао бе маче,па уште и очекуваш да ти ги подарам моите наочари за успомен да си ги чувал. Боже, Боже,ајде еднo ќе ти кажам..ТИ и све твое сте ми дојдени преку стојмирка..ми иде да ти зачукам една да не знаеш кој си,ме разбра? Ајде сега парталите у џомка,нејќу да те видам,РАЗБРА?
Ајде нека летне времето до утре,па да си се подружиме малце поише.Штета што не ми е поблиску па да си ја глеам секој ден,наместо секој викенд
Се ближи и тој ден..уште само неколку часа...неможам да бидам комплетно среќна..страв ми е ова да не е крај на се најискрено се надевам дека нема...ќе те гушнам послее толку месеци..
Сакам се да помине.. Сакам да помине оваа болка, оваа ужасно чувство. Не сакам ништо да ме потсеќа на тебе, а се ме потсеќа. Не сакам да те гледам, а судбината постојано си игра со нас и ни ги спојува погледите. Едвај чекам да дојде денот кога ќе поминеш покрај мене, а јас нема ништо да почувствувам. Ќе дојде ли? http://www.youtube.com/watch?v=TeAaMs2X ... re=related Sve ce ovo jednom proci, nista posle nas nece ostati.. Sama ces pred Boga doci pa ces moliti da ti oprostim..
Со кое право ти си влегуваш кај мене на профил и ми ги блокираш сите оние кои ти сметаат??? Еднаш ти реков се што ќе правиш размисли два пати зошто те чека истото.Ти мене ми криеше и си правеше по свое,овојпат после толку преќутувања истото го сторив и јас,ти избришав некои кои женската интуиција ми ги посочи и не планирам да ти кажам...а ако приметиш тоа значи дека сум била во право. Воопшто не сакав да се расправаме за фб ама да дозволам да бидам глупава нема.
Моите патувања се безцелни без тебе ...Сакав да можеше да дојдиш со мене . Утре ќе бидиме цел ден заедно , сабота јас заминувам , а ти в недела ... Нема да се видиме до Велигден Толку ми е глупаво овде без тебе , ги гледам сите парови заљубени по клупите со зеленило околу нив .. Ги гледам и си поминувам . Но не со наведната глава, бидејќи знам дека некој таму некаде ме сака . ТОА СИ ТИ !
Сегде кај шо одам сум сама, Додека оние што се до мене се парови, си уживаат низ зеленилата, по клупите, ти си далеку, Од една страна сум тажна што не си тука, но една не, Знам дека ме сакаш, и сигурно и ти се би дал да си тука до мене, да ме гушниш најсилно, и да си бидиме најсреќни. Знај дека то ќе биди за уште негде 4 месеци, тогаш никој нема да не раздели. Со душа чекам утре да те видам на Скајп Ми недостигаш, едноставно премногу.. Те сакам и се би дала да сум во овој момент со тебе.
Сега додека ги собирам уште работите да ги спакувам,најдов твој дезодоранс,уште одамна од ко беше тука...НЕ ги фрлам Пробав да ја исцедам последната капка...И,ми се чини се изгубив...Затворив очи и само помислив дека лежам на твоите гради,а ти си ме гушнал...Трпки ме побиваат Е ај кажи ми зошто мора да поминуваме низ ова? М? Место навистина сега да дојдев и да те гушнев...Ама нема.А ова секако и нема да го прочиташ,а и па несакам да знаеш.Можи и ти ќе најдиш нешто мое,па ќе ти биди како мене сега,па нека...За да сфатиш глупчо! Да сфатиш дека боли кога не сме заедно,а баш ти си кривицата и кукавицата за тоа.Кога не би мислел глупости место да мислиш како немам ни допрено друго машко,ниту па ме допрел некој,ќе бевме сега заедно и ќе планиравме да се видиме.Но,ти така сакаше...А јас веќе нема и да се понижувам пред тебе.И мене ме боли кога не сум до тебе,ама ме боли и кога обвинуваш за нешто што не си во право.Епа научи се на ред. Ај да не филозофирам,да се допакувам,а и мирисов нека ми потрае,ммммммммммммммм Damn it!