очекуваш да верувам за секоја девојка што ке те прашам која е оваа ми одговараш -другарка колку другарки имаш ти?сите твои ф.б. пријателки а во вистина колешки од работа и незнам уште од каде и незнам зошто но мојата интуиција ми вели поинаку како и да е ТИ губиш а во последно време мене ме губиш се повеке и повеке дали си свесен за тоа незнам, само знам дека не сакам веке да се замарам со тебе а кај соседката нешто има-го чуствувам тоа не е само убавото кученце што тебе ти се допага-после сватив зошто ме погледна така жената од соседната кука, најверојатно мајка баба и беше на девојката многу си ми сомнителен, премногу, и се повеке и повеке незнам зошто да си знаеш мојата интуиција ретко кога греши
Постапките ќе покажат дали се каеш или не, не зборовите. А би сакала да ми докажеш дека згрешив во лошиот впечаток што го добив за тебе...би сакала да е погрешен впечаток, сепак, ти си ми сопруг и не ми е сеедно.
ете сигурен не бесе но тука некаде бесе така испадна..помина и тоа,да се надеваме нема да имаме некои вакви грижи... и те молам овој пат да бидат зборовите дела те молам да испадне се како што сонувавме,се како сто сакаме кога сме еден покрај други..те молам овој пат направиго тоа,бидејки само фали ти да го направиш тоа,јас и сам знаес сторив се...да видиме колку сакаш да биде така...направиго сето тоа и само јас и ти во нашиот свет....лове јоу
Морам да те пофалам за тоа што го направи овие денови. Зошто не можеш постојано да бидеш таков? Таа променливост кај тебе е тоа што ме збунува. Но овие денови си супер. Како само ме гушкаше, како да не си ме видел една година. Срценце си.. http://www.youtube.com/watch?v=WMhcw3wdQ4Y I'll never be alone cause you are in my soul you give me sunrise with your smile.
Ми се допаѓа тоа што имаш определени планови и визија за иднината. Голем чекор е тоа што ќе се осамостоиш и ќе се оделиш од твоите, па ќе почнеш да живееш сам. Зрел си за твои години. А јас целата се топам кога ќе ме прашаш за тоа како да го уредиш станот. Мило ми е што му веруваш на мојот вкус.
Знаеш ли каква грешка ќе направев ако дозволев да се оддалечиш од мене? Знаеш ли колку сум благодарна што никогаш не ми го сврте грбот? Знаеш ли колку си прекрасен? Да. Прекрасен. Прекрасен си бидејќи никогаш не ме осуди за ниту една моја постапка. Бидејќи ме разбираш. Прекрасен те прави сето тоа твое бескрајно трпение што го имаш кон мене. Прекрасен си кога ќе ги поткренеш раменцата срамежливо и збунето. Прекрасен си. Ќе ми потечат солзички од што сум среќна... од што сум исполнета, од што те сакам. Те сакам со целото мое срце парчосано од злобните луѓе и неправдата која ја видоа очите на детето кое бев кога светот ми се рушеше и ме натера побргу да пораснам. Ти си мојата слобода. Мојата душа. Прости ми за сите моменти во кои те растажив бескрајно, во кои те скршив, во кои те оставив безнадежен и сам и себично мислев само на оние безвредни луѓе никому потребни. Да знаеш дека те сакам од првиот ден кога ти прозборев. Те сакам со сета моја срамежливост. Со сиот мој лошотилук. Со се што имам. И да, сакам да имаме куќа со ниска тераса, градина и грамафон. Сакам да имаме детуљ на кој ќе му ја пуштиме „Заумна сила“ и да бидеме среќни како што сме овие осум месеци во кои те познавам. Во секој еден момент во кој не можев да се лишам од сите тие проблеми кои тежнееа над мене, кога не можев да соберам храброст да пресечам со работите бев убедена дека еден ден ќе те гушкам цврсто и ќе те бакнувам колку што сакам, и не сум се лажела. Еве сме јас и ти. Стоиме пред светот. Ти храбро и слободно, јас срамежливо и скришно. Ти ме гушкаш и прикриваш со твоите рачиња, а јас се пикам во тебе со сета сила и не можам да ти се изнагледам. Те сакам. Најсреќна сум што те имам. Ете, тоа сакам да ти кажам. http://www.youtube.com/watch?v=yfzsBA5dZdE
Ааауу како ти се даваа 7000 за звучници и појачало брее??? За тоа толку пари? Во несвест ќе паднев кога ми кажа. И многу сум ти лута што ми вети дека ќе ми го чуваш благото и сокчето а не успеа...ова беше уште една ситуација во која ми докажа повеќе дека мислиш само за себе. Почнувам да се плашам,се повеќе личиш на татко ми во некои постапки,нема да можам да излезам на крај.
понекогаш правиме некои работи сосема поразлични и спротивни од она што вистински го чувствуваме и го мислиме ...сакам да те видам ,да те гушнам ...посакувам да останеш засекогаш во мојот живот,посакувам да не дозволиш да заминам од тебе ... те сакам се надевам дека барем еднаш си ја почувствувал топлината на мојата прегратка , не заборавај се борев за нас :'(
Е не, не ми се верува чоек. Знам , ама ако, ке се прам дека незнам ништо, ти се познава у све што правиш ти с епознава, ама ако, ке оставам да се помачиш уше појќе без гајле. . Кога тогаш ке признаеш . Ке дојде и тој ден ... Ама чим ти е убаво сам себе да се повредуваш со тоа што не признаваш некои работи, и се правиш навидум јака личност а уствари те боли, ондак ја немам гајле... а ја ке те чекам, ама не мрдам со прст док не те видам дека си дошол до сам крај
Те молам немој да глумиш дека се грижиш за мене, немој да мислиш дека ке ти поверувам.. Себичен си ете што си...само себеси можеш да се сакаш Мислиш можеш да сакаш како што сум способна јас да сакам?! Не.. Знаеш ли дека и ден денес кога ти го слушам гласот, ми се враќаат истите чуства, знаеш колку често се фаќам себеси како мислам на тебе.. Постојано Додека пак ти го правиш тоа од досада.. Знаеш ли дека ако ме гушнеш или бациш повторно паѓам .. и повторно ке зависам од се што ке ми кажеш Сакам да престане сето ова.. Многу сакам МНОГУ http://www.youtube.com/watch?v=nhBorPm6 ... creen&NR=1
Посакувам барем еднаш на моето прашање „Што сакаш за јадење за утре?“ да ми одговориш со било кој друг одговор од вообичаениот „Не знам“. Ич не ми помагаш бе...... Креативност и желба за јадење, што да ти расправам Само смеј пожали се за нешто, пред врата ќе ти го изнесам тањирчето
Знајш дека за 2 секунди се изгубив целата. Има моменти ко ќе ненормално многу ми фалиш, ненормално, сакам да си тука сега. Очајно те посакувам, а знам дека ќе те видам точно по 4 месеци од денес. Имај убав ден, веќе си наспан сеа, таму е дење, со ум. ТЕ САКАМ ПРЕПРЕМНОГУ.