Aбе чоек има нешто што не Tера да се бараме еден со друг. не, не е ова обично другарство меѓу нас. Kај тебе се осеќа нешто, знам те читам чоек. Aма ке оставам на времево.
Само ти лути се, нека ти стои! Кажав, погрешив, претерав се извинив, се извини и ти и не гледам каде е проблемот или инаетот не ти дава да пуштиш рака кон телефонот? Немам ништо посебно да ти кажам, само очекував една скржава порака денес...
Ме повредуваш, ме натажуваш.. Зошто те трпам кажи ми? Т.е. знам ти што ќе ми кажеш - дека јас сум лошата и јас тебе не те заслужувам. Абе оди ај у .. ,па и потаму зафати! Цел живот ли ќе се тресам вака од нервоза и солзи?! Не, не сакам со следното слушање на телефон да се правам како ништо да не е. Е! Секогаш било! И секогаш си велам доста е, последен пат. Зошто тогаш не можам тоа и тебе да ти го кажам? Роб ли ти сум? Сама ли си го дозволив ова?! Помислувам дека само тебе те имам. Но така беше едно време, повеќе не. Имам јас луѓе околу мене, ме сакаат. Ајде да видиме што ќе биде.......
Џабе е што толку се сакаме (или барем така викаме) кога не знаеме да си покажеме. Кога не знаеме како да бидеме заедно. Не сакав ваква врска. Многу беше убава првата година, преубава... а оваа ... не можам ни збор да најдам да ја опишам. Сакам да мислиш на мене, сакам се она што го збориш и да го покажеш а не само да си остане кажано и толку. Сакам да не можеш без мене. Па човече не можам да се задоволам со една порака месечно, некогаш ни толку. Не можам. Не можам да се задоволам со едвај еднаш дневно зборење од едвај 5 мин. Не можам кога гледам дека некој и се јавува на девојката по 10 пати на ден само да ја праша како е, или барем само да и каже дека ја сака. Не мора 10 пати на ден, али барем еднаш јави ми се два пати во денот за да ми кажеш дека ме сакаш или дека ти недостигам... Кога се десило тоа? Никогаш... Не мора некогаш ни да ми се јавуваш, титни ми барем да знам дека барем во таа една ебана секунда мислиш на мене...Или некогаш кога ќе станеш да ми се јавиш да ми посакаш добро утро или некогаш пред спиење да ми посакаш добра ноќ... не мора еве и да се јавуваш, и една порака би била и повеќе од доволна... Никогаш досега не си го направил тоа... Ама не, тебе не ти текнува, тебе се треба да ти се каже... А јас не сакам се да ти кажувам и се јас да ти барам... Па не сакам јас да ти барам да го правиш тоа, сакам ти самиот да сакаш да го направиш тоа... А за тебе тоа е глупост. Некогаш и ќе ме речеш па што ако не се слушнеме еден ден? Па ништо стварно, глупости се тоа, нели... Па ајде и да раскинеме, што е тоа, глупост, нели... Се ти е рамно, за ништо не се замараш... За тебе се е глупост. А тие глупости ја прават врската... Љубовта не е доволна сама по себе, треба разбирање, внимание, нежност, почит, комуникација... И вака можам до којзнае кога да набројувам... Но тоа не е најтрагичното, најтрагичното е тоа што, се ова ти е кажано, не еднаш и ништо не е сменето... Ама не си ти крив, јас сум си сама крива...Знаев дека ќе биде вака и пак...самата си одбрав. На крај... ова сум јас, ова го сакам... Ако не можеш ти да ми го дадеш, тогаш пушти ме да го најдам...
за тебе станав тоа што најмногу се плашев дека ќе станам...една од многуте... (еве ти ја причината зошто си заминав) и ете си сега ти не ме оставаш да те заборавам...признавам убаво ми е што сега ми посветуваш повеќе внимание, ама ако не мислиш да се измениш подобро немој да ми даваш лажни надежи. Ме болиш дечко...сум имала големи љубови, ама за оваа срцето ме боли, морници ме лазат и имам прекини во дишењето. Неможам да те избришам...
Како што кажа ВикторијаМари-сум имала и големи љубови ама ти?Не можам а да не се секавам на тебе.Неможам да те тргнам од мисливе и од срцево.Те бара,а само ти можеш да го смириш тоа во мене.Ме разочаруваш се повеке и повеке.Што се случи со нас?Ти не си овде да ми одговориш а како што гледам и нема да бидеш во иднина.Дозволи да ме загубиш.Зошто?Не можам да се помирам,навистина.Посакувам сето ова да беше кошмар но за жал не е,тоа е суровата реалност.Ти си со неа.Исчезна од мојот живот. Сите ми велаат дека не се трудам доволно.Не,јас се трудам ама на срцето не можеш да му наредиш. Ама во ред,и ј ас ке исчезнам.Ке видиш.Кога веке не можеш да го приметиш моето присуство ке направам да го почуствуваш моето остсуство.Внимавај,го разбуди зверот во мене. Тоа е тоа маче,многу погреши што ме избриша од мојот живот.
Зошто го направи ова мило? Вчеа кога давав изјава во полиција сите коски ми се тресеја.. Срцево ми се кинеше.. Јас да зборувам така за моето најмило? Душава ми плачеше кога полека те фрлав во бездната.. Те замолив да не правиш така, ова беше последен обид и единствен начин..
Одбивам повторно да се заљубам во тебе, прасе едно. Од инает, не ради друго, од чист инает. За да знаеш дека ако сакаш нешто, ќе треба многу повеќе да дадеш од ова што сега ми го нудиш. А јас сум силна, ќе се држам до себе, па макар и да те нема
Конечно го чекав овој ден, ден кој личи на почетокот. Се надевам дека повеќе никогаш нема да се смениш. Те сакам најмногу.
Baby you know that I miss you I wanna get with you tonight but I cannot baby And that's the issue Boy you know I miss you I just wanna kiss you But I can't right now so baby kiss me thru the phone http://www.youtube.com/watch?v=47Fbo4kU ... re=related
АМАН веке со тие домашни обврски АМАН таков домакин како тебе не сум видела патем кога веке ке поставувате парно,нека те постават и тебе за да те топли и можеби ке се стопиш барем ке те снема од мојот живот, верувај дека КЕ БИДАМ ПРЕСРЕКНА ЦРКНИ ВЕКЕ ЕДНАШ одвратно суштество ТЕ МРАЗАМ секој ден повеке и повеке
Ама си... знаеш дека не сакам така да ми зборуваш, ниту па на зафрканција тоа да ми го кажуваш, знам дека не го мислиш тоа, ми го зборуваш од инат, ми враќаш ама молим те тоа веќе не сакам да ми го кажеш ни на шала оти незнам зошто ме повредува. А не сваќаш дека не ти ѕвонам заради тоа а ти па ми се извинуваш на зафрканција а уствари не си свесен дека стварно треба да ми се извиниш не ти кажувам оти знам шо ќе ми кажеш ама друг пат гледај да не ти се случи тоа. Ајде терај сеа, ќе плачеш ти вечер кога ќе изгубите фудбал (не дај боже)
знам се...знам дека се ми е габе стом вака продолжи..знам дека никогаш нема да си испполниш ни едно ветено зборче сто ке направише за мене...знам дека мојата иднина нема да е таа сто ја сакам...знам се и се трпам...тоа е нема назад...и после сета болка јас сеусте те сакам..затоа што ти ми беше прва и последна лјубов...не по габе се реколно дека неможеш секогаш и секого да сакаш исто..теско се влјубив и сега тоа ми е...несакам да те сакам но те сакам...проклето да ми е се за сето тоа!!!!.....сакам само тоа сто го посакувам да се слуци и тоа сто ти ми го кажа да ми се слуци..иако знам дека нема да идес по мене...иако се тоа го знам,дека ке си продолзис поубаво без мене...сепак подобро ми е да ми се случи тоа од колку ваква силна болка да си трпам...
Реков ЌЕ СПИЈАМ! Тоа значи нема ѕврцкање зашо кога ќе станам сум прав намќор. Ок? Брее.... Ајде како по обичај ѕвони ми баш во нај слатката дремка и да видиш после влакната од косата едно по едно ќе ти ги кубам!