Вака јас не дозволувам, не се прави наудрен. Ми здосадија истите твои жалопичкарски реченици. Не ни пробувај мене да ми се силиш, тоа никогаш, ама никогаш нема да го дозволам. Пази си ги зборовите, ти ги бројам грешките и овој пат нема да испадне како претходниот биди сигурен во тоа. Одеби.
на мојот ване ми бу кажала дека многу го сакам и дека ми многу недостига и едвај чекам да го видаммм!!!!!
Аххх бре времето никако не поменува..кога не си ти во мојот живот...се нервирам зошто ништо незнам за тебе...порано бев научена да знам кога спиеш кога јадиш кога си на факултет...ааааа сега ништо ништо незнам...те сакам и место мене да ми биди полесно како поминува времето мене ми е уште потешко...секој ден очекувам да ми се јавиш...иако знам дека тоа нема да се случи многу работи не разделуваат..има други...ама не ги сакам те сакам тебе....до кога ќе ми биди вака тешко до кога
би сакала да го гушнам силнооо силнооо најсилнооо.. ии да му кажам колку многу го сакам и колку сум среќна што е дел од мојот живот ...
Кафево има ист мирис како кога седевме лево до грамофонот, на нашето место. Ама го нема истиот вкус, зошто не си ти тука да ме бакнеш пред секоја голтка. И студено ми е, одвнатре.
Ти посакувам се најубаво во животот, јас си заминувам, ставам точка... крај... на местото каде долго имаше три точки...доста ми е од твоите манипулации и игри...единствено ми е криво што знам дека можеш да бидеш подобар човек, да бидеш човекот што го запознав, ама очигледно не сакаш, а гледам и другарите си почнал да ги губиш.Твоето добро однесување очигледно било глума, ти честитам можеш да бидеш многу добар актер , ако некогаш планираш да се пуштиш во тие води јас ќе ти дадам препораки Ти ке останеш само една црна дамка во мојот живот и се надевам побрзо ќе ги напуштиш моите мисли и моето срце.Тука јас со тебе завршив. Збогум засекогаш.
Навистина не ми е јасно што се случува со мене. Дали секогаш треба да те изгубам, да останам без тебе, да замислам како ми е кога веќе нема да си покрај мене, за да сфатам дека те сакам?! Или пак не те сакам.... Не знам. Ама знам дека премногу си сигурен во својата љубов и се` би направил да не останеш без мене, а при најмала пречка или тешкотија, јас се откажувам. Ти кажав дека не го заслужуваш тоа. Не знам како станав ваква. Наместо да се борам, си се тргам настрана. И ми требаат 2 секунди за да најдам некоја минијатурна причина, да те терам да ме избришеш од својот живот, да ставиме крај. А ти ко обичај ги игнорираш моите зборовите, бидејќи знаеш дека ми е минлива состојба. Ама до кога вака? Ако не преземам нешто во врска со себеси, ќе ти биде најпаметно да си најдеш соодветна замена. Koлку и мани да ти најдам, го сакам она во тебе, што те тера да не се откажуваш. Имаш јасна визија за она што го посакуваш и не дозволуваш ништо да те предомисли. А јас? Слабак невиден, кој место да го реши проблемот, бега од него. Ќе си имаш маки со мене.
Ми фали твојата скромна шишка, ете тоа ќе ти го кажам вечерва. Многу си ми чуден после шишање, ко маче жално, измитарено. Немам што да ти бушавам бе златен, ама ај ќе си причекам. :geek:
Значи тешко ми е. Ме повредува тоа што ти НИКОГАШ немаш време за мене...па ни сега кога толку сакам да те видам пред да одам во Турција Ќе ми недостигаш.
Ништо не би ти кажала. Само сакам да те бакнувам и гушкам дури да заспиеш. А после да те гледам додека спиеш.