Знаеш што? Ние сме ко . Затоа што во секоја моја мана и "лошотија" наоѓаш светла точка; во секоја моја грешка наоѓаш трошка вистина и коректност; светла темнина, темна светлина, и каква ли не, и уште милиони оксиморони не би биле доволни за да ти ги опишам пеперутките низ целото тело, ниту пак она чувство кое не можам да го дефинирам, кога си ми тука до мене. Биди тука, засекогаш и дури и после она засекогаш - ако е можно, а верувам дека е. Убедена сум.
Си реков нема да реагирам,но почна да ме фаќа паника.Се нервирам но не дај боже да разбеснам. 4 години заедно и денес за прв пат ти се бакнуваш на сосема поинаков начин,дури и страста повеќе не е иста...нешто се измени преку ноќ...што?!?Еднаш ти реков ќе повторам пак...Уфф не ме фаќа место.
Школски другар - ,баш ми е интересно вака кога си се шалиме на наша сметка.Филмови правење,шалење,зафркавање.Од моја страна ке си остане на овие шали,се надевам нема да спобудалеш па да помешаш поими,.шалење и сериозност. Симпатичен дечко со лоши навики-Убав си и да ги немаше тие твои лоши навики многу девојки во градот ке лудуваа по тебе.Имаш прекрасни очи и смисла за хумор.Не ти требало тоа џоинт и тие лоши филмови.. А и,не се замарам со тебе веќе,се виде што човек си Културен и паметен дечко-Убав си ама и досаден.Ништо не ти фали.Имаш работа,кола,пари..ама досаден си и со тебе се досадувам како фикус позади врата.Треба да ме размрдаш малку,да ми биде удобно во твое друштво. Инаетчија дечко-дечко со свој став и инат како на магаре.Добро..ти на уште на почеток сакаше да си искрен,ама тоа скапо те чинеше.Си направивме муабет,па сега памет во глава и пази што зборуваш и што правиш.
Знаеш, сега кога ти велам да бегаш од мене, за да те поштедам, силно посакувам да останеш, да ми кажеш дека колку и да сум негативна, ќе си со мене. Бегам од тебе зашто не можам да ја гледам баба ми како умира, а не сакам ти да го почувствуваш тоа. Не сакам да дознаеш колку ме боли што сака да ми каже што ја мачи, а не ја разбирам. Не знаеш како ми е кога пред мои очи се гаси животот во неа. И имам силна потреба од тебе, а ти нема да го дознаеш тоа, зашто сепак не ме познаваш ко што мислиш.
http://www.youtube.com/watch?v=dYjSLsQK ... re=related Не би ти рекла Те љубам. Само би ти рекла Чувај се.
Пази што правиш денес, ако не сум таму, не значи дека не знам што правиш и со кого И обавезно да прашаш каде сум...
Како да те наречам? дете, човек, муж.. Што си бре ти? Знаеш ли самиот кој си? Убаво ми е кога сум со тебе, толку многу знаеш да се умилкуваш што неможе некој да не те сака, а највише ме нервира што човек неможе поштено да се налути на тебе бре! И покрај сите твои кретенски способности ја уште те сакам како никој до сега!!! И, и фала што се извини
Сакам да прифатиш тоа што јас го барам од тебе. Сакам да ме сакаш колку што јас те сакам тебе. Не сакам да ме ставаш на второ место оти . Јас сум сериозна овој пат се надевам дека ќе сватиш.
Проѕирен. Ете тоа е соодветен епитет за тебе. Покрај останатите како што се ептен нестабилен како кривата кула во Пиза, празен со ниеден посериозен муабет во себеси, уште еден примерок за тоа дека маж убав однадвор е малку шуплив одвнатре, кој уште се плаши од љубовта и се што е поврзано со чувства и такви работи. Леле колку време изгубив со таков клошар, ќе се отрујам.
Кога би се случил пресврт искрено би можела да живеам без тебе, признавам дека можам да се разбудам наутро без да ти го слушнам сонливиот глас или во ниедно време да ми пратиш порака што ме разнежнува, можам да живеам без твоите бакнежи по вертикалната линија на трупот, би постоела ако не си до мене да ме држиш за рака или заедно да се пикнеме под чадор, тука ќе бидам и ако не ги поминуваме излегувањата кај тебе дома пред телевизор успат со гушкања и kissing fight. Не ти ветувам дека нема да најдам друг, по некое време можеби и ќе те заборавам и ќе избледат сеќавањата и кога ќе поминам покрај тебе само ќе си речеме едно Здраво, а можеби некогаш ни тоа нема да постои. Можеби нема да ми недостасуваат нашите заеднички излегувања по кафулиња каде од инат ми ги криеше шекерчињата, каде ја оставаше за мене и последната коцка чоколадо или дремењето во парк на трева. Не знам дали повторно би сакала да се навраќам на нашите банални караници, каде кога ќе се насмееше сета лутина ми паѓаше во вода и завршував закотвена во твојата прегратка, прилепена до твоето тело. Две во едно. Може понатака ќе се смеам за целата ситуација и на тоа дека сум те нарекувала Љубов. Не можам да ветам дека ќе те сакам вечно, ниту дека ќе останам покрај тебе безразлика што и да се случи, дека нема да те заборавам. Но знам. Дека СЕГА мене ми е убаво покрај тебе. Дека се чувствувам сакана. Дека проблемите можеме да ги споделиме и да ги решиме. Дека и ако два дена не ми се јавиш, третиот ќе попуштиш. Дека сега ти можеш и без напор да ми развлечеш насмевка. Дека можам да те љубам без да ми се здосади. Дека си тука покрај мене прифаќајки ги моите несвршености. Дека кога ќе потклекнам, ми подаваш рака за да станам. И повторно... сега ми е убаво, иднината не сакам да ја планирам. Да се препуштиме само на спонтаноста да не води. Ветувањата можат само да не разочараат.