Не знам, стварно не знам. И вака и така си има предности. Што и да биде, нека биде, знаеш дека едноставно... некогаш дигам раце. Не ми е ништо тешко, како тоа што не ме сфаќаш сериозно. Не знам дали треба да почнам на раце да одам или што за да сфатиш дека не е лутина, туку е РАЗОЧАРАНОСТ.
навистина не знам.толку ме разочара и повреди што искрено на сакам повеке да го видам,а не пак да зборувам со него.секогаш ми велеше дека тој не е за врска и дека никогаш нема да се заљуби па искрено му посакувам да најде некоја по која ќе ја изгуби главата па да види како е.
АРИЕЛ и јас би го посакала истото но понекогаш судбината вмешува прсти.ако нешто не ти е судено залудно е се што ќе направиш
Аха се отворивме. Ај лајк ит лајк ит. Како беше тоа, без влакна на јазик Епа време беше да си признаеме. Едноставно, секој момент со тебе, дури и ништо да не направиш, е ... и секој нареден го правиш подобар. Не сакам да затворам очи ни за момент кога сум со тебе, да не ми избега некој агол од тебе, да го апсорбирам секој твој зрак. Ти благодарам за се.
Е бре бучен мој дечко, кај сме се нашле! Ти гласен, јас гласна, ама ова твоево не се трпи. Намали го мооооооооооолим те тонот, кога сме во јавност, тотално ме вадиш од кожа. Ни бираш зборови, лупаш све живо, гајле ти е дали цело маало ќе слушне, па дури и некој стар дедо што дреме на прозор и чека некој догаџај у маало! :geek: Ама стварно е невкусно. Смени се бре барем малце!
Јас, Ти и еден продолжен викенд вака, далеку од градскава галама и ова лудило што не опкружува, само ние двајца... Бре, ова е сон за секоја девојка ми се чини... Ма и со друштво да бидеме, само нека е подалеку од овде, на некое тивко местенце, ќе си правиме скара, ќе слушаме гласна музика. Вие машките ќе си пиете и ќе разговарате, а ние женскиот дел, ќе се врткаме низ кујна како женчиња правејќи ви ја омилената салата и пред јадење..Која од која по сериозни, која од која по убедени да се докажеме дека сме она што ви треба Ех, колку пати само сум поминала низ тоа и никако да ми здодее.. Убавини
Те сакам премногу! Со тебе си дозволив за прв пат да бидам онаа личност која навистина сум. Со тебе си дозволив да бидам правата јас, без лаги, без криење... Те сакам како што никој досега не сакал некого!
Понекогаш твоите зборови болат повеќе од делата. Јас се сменив, а ти? Почнувам да сваќам некои работи на кои порано не им давав некоја смисла, но полека ти ги газиш моите идеали, мојата стварност. Дали време да се борам за тебе, за нас?
Душа моја.. Обожавам кога го слушам твојот глас, со толку сигурност во него. Како зборуваш за иднината, како се замислуваш себеси некаде далеку, а уште повеќе ме радува кога ме замислуваш и мене таму со тебе. Искрено се надевам дека се ќе излезе така како што треба. Еве уште само малку време пасошот ќе ти е готов, па ќе можиш да одиш и да печалиш пари. Знам дека нема да ме оставиш мене овде, ќе ме чекаш да завршам со школо, па одиме. Се надевам, искрено се надевам дека се ќе излезе така како што замислуваме. Премногу планови направивме, па не сакам после да се разочараме, ако не успееме. Сепак, заедно сме посилни, и мило ми е што мислиш така.. Те сакам душичко.
E шо си педер сеа? Шо не звониш од твојот број,туку од скриен? Шо не се јавиш? Чудно ти е шо не пишав и не заѕвонив толку време,а? Епа,сакам да сум со тебе,ама нема да те молам.Сакам да ти кажам некои работи,ама за овај период се надевам и сам да сфатиш некои.Па ко не сум крива не ќе ти се правдам...Знам дека те полудуваат и тебе мисли ради пуста љубомора,ама па до толку да не веруваш во мене,после толку години заедно само со тебе,оди акни се од ѕидот малце.Ќе почнам и јас ко тебе. На моменти ми се вртат едни филмови,на моменти други.Еднаш си мислам кога ќе те видам да те гушнам силно,кога не очекуваш,додека да сфатиш,јас ќе те пуштам и ќе ти се искривам пошто ќе ти ја украдам прегратката,а после ми иди да ти ги лупнам работите и да ти покажам среден прст и да си заминам,како демек не ми требаш таков...Епа сеа...од тебе зависи како ќе изреагирам.Што ќе направиш,да те сакам и понатаму или да ми станиш одбивен? :evil: Сеуште те сакам,па гледај ти и тоа уништи го,повели,да видам што ќе е...
Дај престани да ми шеташ по мислите океј?Јас сакам се уште друг.Јасно нека ти биде.Како не се измори? Ова не се случува,не не Не сакам да те повредам...Подобро да се држиш на дистанца од мене...На време ти викам.Да не плачеме на крај и двајцата.
Душо Фала на грижата и вниманието Ти си ми единствената врска со реалноста и разумното расудување и однесување во моментиве кога доживувам лудило на работа.... Ти благодарам премногу што си покрај мене, што ми даваш дополнителна мотивација и сила за да продолжам на друга страна, а не таму кај што сум.