така сонце си легна на брашното полека полека!! Ама на едно ме научи ВРЕДИ ДА СЕ БОРИШ ЗА ОНА ШТО ВРЕДИ ДА ГО ИМАШ!! ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА СИЕ ВРЕДНИ ЛЕКЦИИ!
А пишувам место да зборувам.Немам храброст да ти кажам..кукавички,нели? Ти си битен дел од мојов живот.Кога се наоѓав на крстопатот на животов и се откривав ти беше со мене.Споделуваше љубов,искуство и пружеше поддршка.Да,имаш удел во тоа што јас сум нормална.Се враќам на назад и боли.Сите наши слики,поклончиња,пораки..филмот дека ќе бидеме пар,нашиот ден.Бескрајните муабети,плачките на секое твое заминување. И што се случи.?.Се сеќавам те прашував што ќе биде кога ќе ми свртиш грб зошто си постар.А ти секогаш одговараше дека грб можам да ти свртам и јас.Така и бидна. И од деца неразделни,дозволивме да се сретнуваме случајно.Денес ме пресече. Ми кажа да те барам зошто кратко ти е времето.А јас пак..немам храброст.Што ќе ти кажам ? Едино оправдание за срањето што го сторив е..мала бев. Но,не..ја усрав работата,тогаш ќе се искупам. А нема фајде да отвораме стари рани.Касно е за нас,касно е за нашиот ден..за нашиот сон. Јас чекорам по пат кој го замислив..и спремна сум по секоја цена да го одам.Имам човек до мене кој до сега се покажа храбар да сонува.Добро сум,стварно сум добро. Не ми фали ништо,но се каам што те пуштив.Но , не крепи се овој живот.Некој мора да се откаже од нешто.Некој мора некого да повреди. Мило ми е што и ти чекориш по свој пат..и време е да го испиеме ваљда последното кафе. Време е за разделба,време е мој човеку..
море денес му кажав и повеќе од што треба, нормално, освен најбитното, ама тоа нема никогаш да му го кажам. Те пофалив, и ми се насмевна. Знаеш дека сериозно го мислам тоа. И бакнежот за чао ми се допадна- подолг од вообичаено и тоооолку нежен... Срцка си! ai se eu te pego.... http://www.youtube.com/watch?v=hcm55lU9knw&ob=av3n
Ми требаш на овој Велигден... Знам дека нема да те видам до вторник,ама доволно ми е што ти го слушам гласот и те чуствувам блиску до мене!!!Христос Воскресе...Те сакам најмногу !
Мина веќе година откако за прв пат разменивме збор-два. Минатата година за истиов празник треперев како млада перуника, треперев под тежината на твојот поглед и стисокот на твојата рака. Оваа година беше истото, малце поблиско. Престани веќе! Не сакам да ми се обраќаш! Престани со глупавите реплики само за да ми привлечеш внимание! Баш детски од тебе да ме бркаш по вц-иња и да го оставаш палтото на моето сепаре. Тие работи ги правевме во пубертет, се сеќаваш?! Ако имаш да ми кажеш нешто паметно, кажи го директно. Знам дека немаш влакна на јазикот. А не да ми вртиш одоколу, да ми поставуваш банални прашања и да ставаш бесмислени забелешки за тоа како двајцата сме биле облечени црно-црвено. И не си ништо повеќе од другите, па да ти го чувствувам здивот додека разговараме. Таа близина што ја имавме некогаш не ти го дава тоа право. И иако колената ми се тресеа тие неколку минути, нема да биде по твое. Ти кажувам по милионити пат: ПОРАСНИ! Ама не само во долната глава, туку и во горната.
Мора малку да поработиме на нас. Чувствувам како се оддалечуваме, а не сакам ни да помислам на такво нешто. Малку по малку, под притисок на секојдневието и обврските, почнавме да се губиме. А не е ова од сега, мислам дека и знам кога почна, и кои беа критичните моменти. Не те препознавам. Не се препознавам. Ни јас ни ти не сме инаетливи, а почнавме така да се однесуваме. Толу работи можеме да решиме, а најважното секогаш останува нерешено. Вака не сум среќна. Ми треба повеќе. Ќе биде како што треба. Не сум спремна на ништо помалку од тоа.
Празников без тебе не е празник... со илјадници километри сме далеку... среќа што има интернет во тоа, од Бога заборавено, место...
Те молам,ама навистина те молам немој повторно да се враќаш на стариот ти... Повторно болно љубоморен,не смеам да облечам фустанче,ми бришеш пријатели. Ти реков повеќе не сум истата овојпат дупло враќам.Но ако продолжиш самиот ќе бидеш виновен за нашиот крај.Јас не можам да трпам некој да ми ја одземе слободата,имам и јас своја гордост,не ми ја гази!