ДУША НАЈУБАВА!!! Така добро ти стоеше блузонот шо го носеше денеска а ти го викаш работнички и го користиш за работа ТЕ САКАМ
Која телепатија сме не ми се верува. Како е можно секогаш кога ќе го земам телефонов на ти звонам, ми звониш ти и обратно. стварно не ми е јасно ама ај за арно за убаво нека е. П.С. морам да те пофалам почесто ме бацуваш во јавност, еден период како да не ти текнуваше да ме бациш, многу ретко ама гледам си се поправил. Ај баш вечер кога ќе испаднеме ќе те видам , немој да ме разочараш а ти вечер да не сакаш да ме носиш негде или ја така си претпоставувам ај носи ме
Не сакам да те изгубам. Не и тебе. Те молам не си оди, не ме оставај сама и повторно повредена. Иако незнам, мислам дека неможам да бидам повеќе повредена отколку што сум сега.. не сакам да сум без тебе. Таман се опуштив, почнав да ти верувам, ми стана убаво со тебе.. почнав да чувствувам нешто повеќе и бум.. ми го кажуваш ова како гром од ведро небо! Барем да ми кажеше порано, да знаев на што сум, да знаев да ги сопрам овие чувства. Зарем и ти?! Знам дека ти не си таков, поинаков си, предобар си и тебе те боли истото што ме боли и мене. И тебе те оставиле, и тебе те повредиле, знам дека те боли ама немој.. Размисли. Барем уште еднаш пред да ми кажеш не. Дај ми шанса, те молам. Ќе направам се што сакаш. Зашто ако веќе на двајцата тоа ни се случило, не си дадеме шанса заедно да заздравиме и се да биде како порано? Зашто? Ќе ти дадам време колку што сакаш, дај ми и ти мене, ќе гледам да се поправам, ќе бидам подобра, ќе бидам онаква каква што ти сакаш да бидам! Нема веќе ништо да ти преречам, нема да се заебавам и да си поигрувам со зборови и чувства како што знаев да правам до сега.. Но, знаеш дека сето тоа не беше со лоша намера. Знаеш дека ми значиш и дека ние можеме нешто повеќе од ова, знаеш. Не можам да кажам дека те сакам, зашто ќе те излажам но и тоа може да се случи.. само мора да бидеме трпеливи, но и ова што го чувствувам за сега е доволно. Како очекуваш ти за два неполни месеци да се заљубиш, сепак треба време.. Затоа, те молам, не ме оставај... Знаеш дека ми требаш. Незнам што ќе правам ако те изгубам.. незнам. http://www.youtube.com/watch?v=XJ2bjStuwyY http://www.youtube.com/watch?v=2B50RUXbs-8 ...
Ми ги будиш пеперутките во стомакот,но не се давам така лесно,ајде да видам дали ке го замениш М...иако него тешко дека некој го заменил досега.
Доволна беше една вечер да врати спомени одамна заборавени... Убаво ни беше и се уште е, се додека можам да молчам со тебе.
Ти напишав цел текст,исклучив несакајќи. Одеше ко,исти сме, идиоти сме, се уште си херој на ноќите долги,пијани, ти си цинцилатор- збор кој конечно доби намена во мојот речник, слобода, моменти, трошки... Мрзливо,утрински ми проструи,отворив прозорец,мрзливо кафе,тргнав завеса и легнав на раката. Некој познат мирис на природа и некоја забајатост која ти вика,немаш слобода,тука си за нешто и заради нешто,за повеќе,ќе одлучи советот на Космосот,како што одлучува за неговиот закон и ред. Јас не се препознавам. Мисли расеани,поглед дефокусиран, ми се спие очајно, барам смисла, да не ти ласкам мил,не е заради тебе,реалните проблеми ме натежнаа и веќе се уморив од нив,па сакам малку ти да ме гњавиш. Те сакам кога те нема, те нејќам кога те имам, а знам и дека е обострано. Кога ти реков слобода, мислев и на обајцата. Секако дека сакаме да правиме брилијантни дела некаде другде,да разубавуваме утра и да мислиме дека можеме да сакаме илјадници. Можеше да ме повредиш ако сакаш... избра да не... а јас те нареков сељак ради тоа,а можев да ти речам фала. Једина што одолеа да не падне во бездна искушенија на прагот на ѓаволската дупка,а и ти исто така. Таму некаде ќе започнеше све што навистина немаше да чини. И место да ти речам фала,јас одлучив многу пати да те навредувам, а сега ми се случува као ми дава слатко од смокви,без вода,скроз недомаќински и чиниш со добри намери. Се грижев очајно за тебе,а така се убедував дека не... Без тебе постојам што би рекол Рикица,а знам дека кога-тогаш,созреани,со по 35 ќе се сретнеме крај водана и ќе ми речеш, то јет Лилит,дај ми го рачето... ја најдовме смислата,а смислата не е во туѓите убави утра,време е јас и ти да сме среќни. Ама неее...до тогаш јас ќе плутам на брдото со совршен лендскејп,тој ќе ми ја плетка косата,очите ќе ми бидат жолти од сонцето и ќе гледам некаде дијагонално од твоите координати и не ќе имам право да помислам дека некад ќе одам на месечината,нешто како Емине,само затоа што е таа,а сепак,веќе ќе одам токму по сртот и ќе закачам ченгел за да можам да се лулам на него. Тонеме во Недојдија,во сите овие говна дур имаме подобри планови,впрочем ко секој,со идеја дека сме навистина поразлични. Се сомневам,ама ајде по некоја формула да сме такви, можеш ли да замислиш колку пати ќе го надминеме Гауди или... доволно е да се приближиме... Не сум за тебе... И најди смисла. Не си проблем кој би сакала да го имам,а и овие кои ги имам,а болат и се проклето реално болни... Ти сакаш спектакл и внимание кои нема да те исполнат,е тука некаде не сме исти...јас сакам нешто друго. Нешто како кога баба ми бесмислено го прашала дедо ми кога ја зимал за бегалка,онака срамежливо...а на што спиеш?! Овој уште позасрамено и рекол,на черги... Добро и јас,а не дека навистина,спиела во ткаена,везена,исштиркана постела...му ги истурила златниците од низите што ги украла од дома за да му даде знак... Потоа и рекол,ајде качи се на точак да те возам,а не,ќе си одам,ми студи му рекла,ајде качи се,ќе те замоткам да не ти студи... и така би,после се е легенда за која јас сум жив доказ. Еј,на точак ја возел и ја заштитил,а ти пак ненормален еден?! Камче да летне,око ќе ми истера. Не ме гледале за џабе и без смисла... Лилит од бунарот вчера,цел ден главата у бунар и е...отиде пак,така нешто,ама пософистицирано...а ти ... ти...така де... не дека ми недостигаше,ама ете така...ми дојде. Никогаш...овај... Ретко и да знаеме зошто избегавме...најверојатно затоа што за подобро и не знаеме. Најверојатно зошто се разочаравме,а мислевме дека не,туку мислевме дека има уште простор да се импресионираме,а при тоа не верувавме во личниот перформанс и подпаднавме на немање доволно самодоверба... Добро е што ипак се почитуваме на даљине. Вечерва знам дека нема да те дочекам во мојата *меана*. Дијагонално од твоите координати, централно, токму кога месечината ја добива својата форма,а јас добивам течна,агрегатна состојба,а ти се лигавиш по туѓи вратови,мене некој сличен на тебе со тоа што ќе му врзам шамар. Ах да...и оној,кој очајно личеше на тебе,ех тој,тој ќе има бебе... а само што реков колку би мразела да ти се случи истото тебе... а да не е наше... Напиј се,јави ми се,ќе си кажуваме глупости. Ти терам инает,шо у превод значи одам против себе само за да држам константа во далечината.
Доста ми е од се', сите овие случувања. Не сакам да мислам каде, што, како... колку и да ме разубедуваш да не се грижам, јас не можам да не мислам, да не се грижам. Душава ќе ми се смири кога ќе се прибереш дома, кога сите тројца ќе бидеме под еден покрив, заедно. И уште еднаш ќе ти кажам, не те пуштам веќе таму, по никоја цена. Не вреди.
Аххх... Ти реков да пазиш.. Знаеш дека не смееш да пиеш! Ама знам дека сакаш да се веселиш Ти простувам, таков е денот, весел. Само сакам да бевме заедно, ама сепак - скара, машко друштво, така те договорија. А ти - главен скараџија, знам! Злато мое најмило! Те сакам бескрајно. Те молам дојди утре, сама сум, и страв ми е..
На школскиот:Би ти ја посветила песната од Елвир и Маја-Опасно,баш ко за нас е..И да ти кажам дека убаво ми беше што си кажавме што си имавме еден на друг.Ке се тргнам јас од тебе оти неможам да ти се мешам у врската..Знам дека ти се допаѓам и знам дека јас ти станувам слаба точка,ама ке заврши ова уште пред да почне.Спиј мирно,нашите разговори нема да излезат од мене и никој нема да ги чуе!И ти посакувам многу среќа у врска со женска ти.Нека не ве оддалечуваат ситници! На дечко2:Ти бе,од 24 часа,ти 20 ги преспиваш.Алал нека ти е,стварно идол си ми.Незнам,можеби успеав да ти објаснам како се чувствувам вака,па можеби и ке преземеш мерки.Искрено се надевам дека ке се подобри ситуацијава
колку сега би била среќна работите да се случеа поинаку.да ме сакаше,да беше до мене,да не ме повредеше толку многу па поради тебе да не морав да бегам толку далеку за да те заборавам.но всушност и јас не знам од кого бегам.од тебе или од самата себе.но се надевам каде и да сум ќе успеам да најдам мир и да те заборавам.а тебе ти посакувам конечно и ти да се заљубиш па да видиш како е.што чука во твоите гради навистина не знам.срце или камен,сеедно.навистина не знам како можеш да бидеш толку ладнокрвен,толку студен.е навистина ти се восхитувам само ти го можеш тоа.и само знам дека никогаш повеќе нема да те видам.тоа е реалноста колку и да ме боли.и за крај знај дека те сакам многу.
Оти ти е незгододно да дојдеш? Па шо ако е касно, ќе си пиштиме филмче, туу ти па ама си, сеа вака сами ќе си бидеме а можеме заедно да те гушкам вака силно. И не сум љубоморна ама ете така некако грдо ми беше. Ќе видиме понатаму бе ама ако не ме послушаш за воа исто ќе биде да знаеш, стај се на мое место бе еднаш, можеби тогаш ќе ме сватиш ајде сега добра ноќ и мене да ме сонуваш
Ти ширам негативна енергија? Уживај бе, штом не можеш да си со мене кога ми е тешко и сум тажна, за во доброто ама ич не ми требаш. Мислиш дека ми е сеедно? Не ми е сеедно, само гледам колку се грижиш за мене. Чекам на моментот кога ќе ставиш крај и веќе ќе нема ни кој да се кара со тебе, ни за кој да се нервираш, ќе нема кој да има потреба да те чуе, види, бакне. Можеби сама сум виновна што се` на лошо ни оди, ама барем гледам на што се` (не) си подготвен.
Знаеш ли колку ме исполнуваш? Знаеш ли колкав благослов е да те има човек, тебе?! Ни самиот не знаеш колку вредиш, јас добро знам верувај ми!
Знам колку ќе ти биде тешко неделава и во какво искушение ќе бидеш, ама мора да издржиш. Дај не ме загрижувај уште толку. Ахх, убаво ми рече Дејзи, ќе си иам ја проблеми со тебе изгледа.. П.С. Се издаде бе суртук