Ништо денес од бизнисот а? ојдоа плановите во вода. Кога ја изговори смотаната реченица, буквално ваква ми беше фацата прашувајќи се ... а сакав само да те гушнам.
Испеј ми ја уште безброј пати и гледај ме како тогаш! http://www.youtube.com/watch?v=UaY7TwMB ... re=related
Сфатив се`. Можеби така сум научена да функционирам, да секогаш ја барам вината во себе, а можеби и вистината е таква. Доаѓаше кај мене, ме развеселуваше, си терав со инаетот, ми попушташе, ја одржуваше нашата врска сам. И никогаш не чув од тебе - Време е да направиме пауза. Тие зборови само од моја уста излегуваат за секаква ситница. Колку и да не оди, не си ни помислил да ми раскинеш. А мене, секоја втора мисла ми е таква, зашто е полесно да избегам, отколку да почнам да градам одново. Ама ти ветив. Се` ќе се смени. И ако започнат тие детски глупости пак, ако почнам пак да се однесувам како ќе ми текне, сама ќе се тргнам од тебе. Зашто не можам веќе да те мачам. Толку многу сакам да успееме, а толку малку се трудам. Какви оправдувања ли ми наоѓаш?
Ми недостига тоа што беше ТИ. Нежен, внимателен, личноста која што пробуваше на безброј начини да ме направи безгрижна и да ме направи да се почувствувам слободна без разлика на се. Ми недостигаш ти со твоите големи дланки да поминеш низ мојата коса. Ми недостасуваат твоите прегратки така големи што ме тераат да се чувствувам најзаштитена и безбедна на цел свет. Ми недостасуваат она чувство секогаш што го имав пред средите со тебе. Ми недостасува тој поглед кога ќе те здогледав дека ме чекаш на договореното место. Ми недостасува начинот на кој ме поздравуваше кога ќе ме испратеше на крајот од вечерта. Ми недостасува блискоста што ја имавме мисловно, психички, физички во секој смисол на зборот БЛИСКОСТ. Сега чувствувам само празнина, ладен воздух околу мене и моите мисли.
Маченце едно, одвај чекам за некој саат да те гушнам, ммммх. Носе тоа најубаво, почнало да му се лупи па се исплаши да не му растел носот.
Дали знајш дека многу ми недостигаш? Знам дека знајш, а и јас знам дека и јас тебе ти недостигам, Не знам дали си свесен ама само ти ми се шеташ во мислите, и не си излезен од таму, Вервај ме преку гла ми е од, скајп, мсн, маил и слично, те сакам овде бре крај мене. Со душа го чекам денот и ќе стрчаме за преграатка како мали деца Те обожавам сонце мое.
Барем пред тебе не треба да се преправам за тоа како се чувствувам. А мислам дека знаеш што ми се случува, па не морам ни да ти давам објаснувања...
Никогаш нема максимално да ти се отворам и да дознаеш колку ми значиш и што си ми ти всушност во животот. Си имам граници, нема одма да паднам на колена пред тебе и да ти го подарам срцево на златен послужавник.. Иако еве во јуни правиме две години, треба да се потрудиш уште малку и да скратиш со префрлањето. Сакам да видам дека во вакви времиња се бориш за мене, за Нас. А колку те љубам и китам со епитети и компарации тоа само јас и Таа ќе си знаеме. Биди ми поздравен и доста веќе ја ишкаш мувата од капата, зошто знаеш колку ќе стане голема ако инатот ми го разбудиш Гомце.