Де бе,барем малце срам да си имал,а не пред сестра ми да се шлапаш таму,кога знаеш дека ќе ми пренесе. Ах,сега разбирам кое ѓубре си,кој идиот,сега разбирам зошто многу луѓе ми рекоа да стојам подалеку од тебе.Дури и твојот најверен другар признава дека си ѓубре невидено.Ама ако,таквите како тебе сами си остануваат. П.С:Знам дека не треба,ама многу сакам да те видам,да ти го видам изразот на лицето кога ќе ме видиш,да видам дали барем малце те гризе совеста.
Ти ги сакаш погледите… А, јас насмевките… Ти ги сакаш допирите… А, јас прегратките… Ти ги сакаш ноќите… А, јас утрата… Ти го сакаш телото… А, јас душата… Ти сакаш да провоцираш… А, јас да заведувам… Ти водеш љубов… А, јас љубам… Ти си мојот Југ… А, јас твојот Север… Ти и Јас – два различни света, кои се надополнуваат. Ти ги дополнуваш моите воздишки, а, јас твоите допири. Ти ги надополнуваш моите погледи, а, јас твоите насмевки. Ти ги надоплнуваш моите ноќи, а, јас твоите утра. Ти го надополнуваш моето тело, а, јас твојата душа.
Смешно и трагично е што до сега се надевав дека се ке се среди,а тоа повеке се влошува.Не ми е гајле повеке.Не ми е. Полека те бришам од спомените.Не си ми потребен повеке.Не ! Не сакам повеке за тебе ништо да знам Животот е поубав без тебе.Видиш?Можам и без тебе.Не те барам,а немој и ти да ме бараш кога ке ти згусти. Ајт
собрав храброст, и ти се јавив од телефон во трафика-а ти паметен не креваш ти звонев од мојот број , ми крена ти се извинив што не ти се јавив да ти изразам сочуство за баба ти-па тоа го сторив денес(малку заглавив во реченицата кој ден ти беше роденден ама срцето почна силно да ми чука) и еве тука ти пишувам, а тебе лично не ти кажав дека цела нок ми текнуваа случки, настани, реакции од моја и твоја страна додека бевме во врска-како еден филм без крај(ако ти го кажев ова, имаше да ти порасне егото до облаци, па затоа и не ти го кажав ) на сегашниот-срценце мило, разговарав вчера со мајка ми и таа ми рече кога одиш ти кај него, покани го ти тој тука да дојде и брат ми сака да те запознае, само дај боже да не направи некој проблем овој татко ми оти навистина има да пропаднам од срам
Зошто, зошто зошто зошто?!?!?!?!?!?!?!?!?!??!?! Милион пати едно исто прашање, со празен и ист одговор.. Каква е оваа празнина, ти не си повеќе ТИ, не си тоа шт беше, НИЕ не сме ТИИ, не сме иститее,странци сме..можеби за другите не но за самите нас, ДА! И што сега? каде, до кога, како? Те молам остави се на страна и почни од почеток, ти не си за оваа игра,тебе ова не ти треба,ниту јас не ти требам..
Што е бе, љубави, ти фалев?Еее, па еве сум, немој да ми паѓаш во депресии.. Ај, доста зезање сеа, сакам да ти кажам дека си многу сладок, се што правиш е за да ме заштитиш и за да ми помогнеш и многу сум среќна што имам некој како тебе во мојот живот, посебно сега, кога поддршка ми е најпотребна...
Јас разбирам дека ме сакаш, знам! Ама некогаш ме нервираш со некои прашања. Посебно ако не држат место!
Aаааааа ! Потонав,се побркав кога те видов во кутивчето од прстенот во рака си помислив готово ме побара за жена женска глава бе па и ти,во секој случај прекрасен е ,фала ти,иако не е оној за просидба срце мое
Хаха дошла маца на вратанца аа брат сеа ја ќе си играм незаинтересиранос ах како ми е милоо, сеа конечно ќе сватиш како ми беше мене П.С. Те сакамммм ама нема да ти го кажам тоа ете од ИНАТ
А ти тоа озбилно планираш да се претвориш во балкански сељак? :geek: Хах, немаш џигерици и љубавен тепих бре душо Ропачиште едно мое мило
Знаеш што најмногу ме нервира? Што љубовта ни е најсилна само кога се губиме еден со друг. Кога останувам без тебе, кога не можеш да ми се посветиш, кога покрај тебе има друга, тогаш ништо не може да ме разубеди дека те сакам. Со сите сили се борам, ти докажувам, во моите мисли нема друг, освен ти. А кога сме заедно, се препуштаме на монотонијата. Сеуште треперам кога силно ќе ги ставиш дланките околу мојата половина, но нешто како да фали. Сакам секој ден да се изненадуваме, да откриваме еден на друг мал дел од себеси. Да ме носиш на непознати места, заедно да бидеме во кујна спремајќи нешто од кое немаме поим, да го испишам твоето име на некој зид и покрај него да стои "Те сакам", да ти се јавам доцна навечер и да ти кажам "Симни се, сакам да те видам", да не чекам да си пијан за да чујам некој убав збор... Да научам како да бидам смирена, да не ти префрлувам зошто не ми посветуваш внимание. Да бидеш помалку нарцис и гордоста да си ја оставиш настрана. Да ти бидам најбитна и ти мене исто. Зошто не може вака да биде, м? Баш добро не опишува ова: