17.11.2009. Се сеќаваш на паркот и на старата клупа? Се сеќаваш колку време ме молеше да се видиме? Па колку пати те одбив. Се сеќаваш колку време ме чекаше да размислам, дали да кажам да или не? Се сеќавам јас кога извади цигар и го запали, тогаш прв пат те видов со цигар и останав . Се предомислив тогаш што ти кажав ДА, но сега сваќам дека не сум погрешила. Овие две години и 5 месеца ми беа многу убави. Научив многу работи од тебе и од нашата врска. Поминавме низ многу тешки моменти, но сепак останавме заедно, за рака. Не ми ја пуштај никогаш раката и јас нема да ја пуштам твојата. Секогаш сакај ме како првиот ден што ме сакаше, и како сега што ме сакаш. Секогаш бакнувај ме како прв пат да ме бакнуваш. И немој да дозволиш да се изгубиме еден со друг, по раскрсниците на овој никаков живот. Секогаш следи ги моите чекори, и јас ќе ги следам твоите. Остани таков каков што си, затоа што ако се промениш нема да си тој човек во кого сум заљубена. Иако постојано зборувам да се промениш, немој. Тогаш нема да те сакам толку како сега. Да ни се множат златце. Те сакам.
Дечко зарем мислеше дека со еден телефонски повик ќе може да среди се, со едно јавување јас ќе трчам кај тебе... Но нее си се излажал овој пат, нема така лесно да ме вратиш назад, нема шанси, па колку и да те сакам, колку и душава д агори, нема така лесно да поминеш овој пат
Е баш сакав да се забрзаше малку и да си одевме заедно. Или да ме викнеше, и онака 10 пати се сврте назад, ме гледаше, пред да не раздели патот и пак да не спои.
Значи и ти и “другарка ни“ у ПМ... А ја и ти, само другари. Нити те гледам више ко нешто посебно ни ништо. Чао .
Се презаситив од се, само тебе не те ни допрев убаво. На моменти и покрај сета среќа што ме исполнува осеќам празнина, празнина за нешто непроживеано со тебе. Јас не сум повеќе јас. Оваа јас неможе да направи баланс, неможе да оцени дали е подобро да те има или да те изгуби. И понатака само ќе седам и ќе чекам, и понатаму нема да направам чекор кон тебе, ќе чекам времето да не спои, ако треба да биде некогаш ќе биде. Барем така викаат. Мене и вака ништо не ми дали, а тебе незнам, најверојатно ни тебе
Не те сакам повеќе кукавицо една и ти си ми бил некаков маж немаш храброст да ме погледнеш во лице и да се соочиш со мене ,ми рече дека нема да ме повредиш и да ме разочараш ти верував ама гледам дека не требало !!!!Зарем заслужив вака да се однесуваш кон мене ?
Зарем ствцарно помисли дека откако ќе ја примам таа порака, ќе те молам да бидеме заедно.. псс нема шанси, кажав колку и да те сакам, колку и да ми е тешко, нема да попуштам така лесно.. не овој пат
Неее ја не сум љубоморна, само кога ќе отидам во Бт, ќе ја убијам коза една што има да бара таа со тебе а?
Ако мојот крај е твој почеток, а мојот почеток твојот крај ајде да се сретнеме на средината на кружницата. Таму каде што небата можат да ни објаснат зошто толку долго сме сонувале.
На добар пат си да ме натераш да се заљубикам во тебе ! Само те молам не скршнувај од патот, не денес на овој дождлив тмурен и никаков ден оти не си ни свесен колку те мислам и колку ми требаат сега 2-3 твои збора, макар биле и набрзинка нашкртани. Или макар биле само.. „Лека ноќ„ .