Ајде уклучи се на проклетиот фејсбук, или крени ко ти звонам за да знам дека си добар ајдее... незнам што е работата, ме плашиш
Денеска беше прекрасен. Не ми се верува дека и ваков ден дојде. Ама многу си ми било срамежливо. Многу беше сладок, да знаеш. Ти си мојата душа што си ја сакам најмногу!
Прееска се чувствував ко идиот, ко да се сите очи вперени во мене, а всушност немаше никој. Но, го знаеш она чувство кога не припаѓаш некаде? Едноставно не е тоа, тоа, колку и да е интересно друштвото. Само со тебе ми е удобно и сум опуштена, само со тебе... http://www.youtube.com/watch?v=41YWqUw5CJM
Вечер ми е ептен лабава вечер,со другарки у кафана маче мое Ма лажев,нема да ми фалиш ич освен ако не испијам повеќе па да те исконтактирам на некоја песна,блуче мое си ти
Само те прашав дали ќе се лутиш ако излавам , а ти избувна и ме наполни со негативна енергија... фала многу ми помогна....
Не сакам во тебе да се заљубам...ке се држам Тие слатки зборови на друг ги кажувај,кај мене не пали одамна. Камен сум,нели гледаш? Одјеби,ај .
Ох, да знаеш кај те гледам за 10 години. Ти си за мене само резерва...од која не можам да се одделам. Колку посакувам ова да биде вистина, ако доволно силно верувам и посакувам, ќе биде. Те мразам, и некој ден кога ќе ти дојдат твоите 5 минути, ако ја отворам душава живи нема да останеме. Или, со оглед на тоа како се одвиваат настаните, можно е и да преживееме. Или едната или другата крајност. Ама мене ми одговара тоа што нема златна средина. Прашање на време е само кога ќе се свртам на другата страна. А ќе дојде и тој ден, и со душа го чекам, колку и да те сакам, или колку и да сум навикната на помислата дека те сакам. Ако животов беше ски центар, ти ќе беше патека обележана со црна точка, иако знам дека тоа можеби нема да заврши најсветло, сепак сакам да те пробам. Ова е моментот кога сфаќам во што си ме претворил, те споредувам со ски-патека. Па и кој рече дека ќе биде лесно послем се. Добар си...ама длабоко во себе го проколнувам денот кога се сретнавме јас и ти. И јас ќе победам, ти си лесен плен. Прелесен ко за мој вкус, те носат ветришта од сите страни. Сумирано, го мразам овој глупак во кој се претвори. Кај бев јас сево ова време?
Дека не можам едноставно да ти покажам колку ми значиш. Ах ти, сонце едно.. ќе си пукнам.. така ми дојде мака на душичкава....
Кога ќе го споредам мојот однос со другите луѓе, кој или е рамнодушен, или исцеден или сведен на некои си игрички ради чиста здодевност, па и тука спаѓаат надмудрувањата, израмнувањето на стари сметки, правење нови и заглавување во кругот на сладострастието (повторно ради здодевност) со нашиот, кога ти бев искрено предадена и кога ме држеше како Палчица во дланката, ме боли секоја мисла и ми се повраќа од луѓето кои се толку различни од тебе. Најжално е што и ти ми беше исто предаден, можеби и повеќе, и што во заедничките мигови толку успешно се преливавме во нашите светови. Животот не ни е крив, туку самите. Ти што не успеа, јас што не бев упорна и тоооолку комплицирана. Смешна ти беше таа љубомора, зашто ниту еден од тие мочковци, смешни и веќе прочитани не може да се мери со твојата големина и твојата љубов. Нашата љубов, ја уништивме самите. Лоши карактери!
Што да му кажам имам многу да му кажам само најбитно шо сакам да му кажам е: „Дечко да не почна нешто да ми враќаш“???? Со тоа се сум му кажала.....ама се врти кругот како правиме така ни прават само чудно е е кога е од некој што не очекуваме....