Кој и да си, ти што ми ги испрати чоколатцата, ти благодарам, ми покажа дека некому значам, бар и на ваков начин! Благодарам!
денот ми беше прекрасен поради неколкуте разменети реченици Ме направи среќна, со самото тоа што се сретнавме така случајно.
Не се изморив од сонувањето за тебе. Можеби сe да беше совршено, оваа љубов ќе исчезнеше. Но вака... со секој поминат ден, сe повеќе ми требаш. Сонувам за една убава средба..исполнета само со љубов и нежности..толку од мене,и врати си го умот со повреме!
Ќе престанам да бегам и да барам совршени околности за да се заљубам. Престанувам да се оптоварувам со твоето минато и да барам причини зошто твојата љубов кон мене се променила низ годините. Нема да чепкам онаму каде што најмногу боли. Верував дека кога вистински ќе засакам некој, ќе нема пречки, борби, тагувања. И затоа сега кога дознавам дека во некој момент, друга направила да се намали твојата љубов кон мене...ме боли. И упорно те прашувам, барам одговори, вистини за да се осигурам дека можам да ти верувам. Сакам да верувам дека никогаш нема да се откажеш од мене. Сакам да слушам како ниедна не може да ме замени и дека сум посебна. Макар да слушам, ама не ти верувам. Извини, не си ти крив. Ама овојпат ќе пробам да те послушам и за нас двајца да постои само сегашност и иднина. Да планирам колку мачиња и кучиња ќе чуваме (зашто деца нели многу не милувам ), да се караме каде ќе живееме зашто не би го напуштила својот дом, да ми се лутиш зошто не ги планирам значајните празници со тебе...и во сите тие мигови да се убедувам колку многу ме сакаш. Ќе пробам да заборавам на сите твои грешки, на сите личности од твоето минато кои ги избришале моите траги, на сето она што не дели. Првпат ќе се обидам да не бегам и да не чекам ти да правиш се`. Наместо да се откажувам, ќе се борам и со мене да имаш убави моменти. Полесно ми е да се тргнам и да не трошам сили размислувајќи дали уште таа те измачува, дали си ја сакал, дали таква неморална личност повеќе може да ти значи од мене. Ќе се борам за посебно место во твоето срце, иако знам дека го имам. Нема потреба ништо да ми докажуваш и објаснуваш, зашто морам да го решам проблемот со себеси. Ти благодарам за ноќите непроспиени додека ги бркам од мојата глава глупите мисли, ти благодарам што сеуште си со мене и што си толку сигурен. Јас без тебе не сум јас.
Кој ќе ме трпи вака како тебе? И кој тебе ќе те трпи вака како мене? Создадени сме да си се трпиме, да си се сакаме, да се колнеме пред Бога дека сме си верни еден на друг. Абе ти си нај милото нешто што го имам, ти си ми се!
Жал ми е сонце...сфаќам колку сме само глупави и двата...место да си посветевме повеќе внимание ние се каравме Изгубив време слушајќи ги другите и верувајќи дека правам нешто што ќе испадни на крај добро за двата,ама денес сфаќам дека покрај тоа што го правев тоа,изгубив па на друго место,т.е. изгубив време да дојдам,да дојдиш,да се видиме,секогаш учењето ми идеше на прво место,демек да заврши побрзо и да сме заедно,а што направив...Сакам да имавме поќе време.Сакам да разговаравме.ДА се видевме,немаше да се караме за глупости и да се сомневаме,немаше да немам мир и да не можам да учам ко шо треба...Ќе бев исполнета и се ќе ми беше лесно,а вака е претешко...Кога мислите ми летаат кај тебе и си викам можев да одделам еден ден,ете,кога не бевме скарани.Си мислев преѓе,би дошла,би патувала 3 сати само за 1 сат да прошетаме онака пешки,до центар и назад и да ме испратеше,ете и за толку би дошла...Да можеше сега само да ме гушниш,ете само толку ми треба,да ме успокоиш,да ме заштитиш...Заборавив како е да ме гушниш и да ме бакниш и да ми посветиш внимание,да потонам во тебе,да се изгубам Би им кажала на моите дека нема да е како сакаат тие,туку како што ќе сакам јас! ОВа е мој живот и те сакам во него.Учење и учење...Се запрашале ли како ми е,дали сум си посветила време за мене,што мене ме прави среќна,што јас изгубив со сето ова? ДА не мислат така ќе ми помини тоа.Не им паѓа на ум дека можи ќе се смириме.Уште и се филмаат,ќе си запознаеш некој,ќе си најдиш друг...Тие да си најдат! Јас те сакам тебе и сама ќе си се погрижам за тој што ќе е до мене. И ми е гајле.Ти си мојата среќа.Ти знаеше д аме направиш среќна.НЕ беше секогаш ваков.А и јас згрешив,не требаше можда вака да се однесувам...Ако се смириме,не те губам пак.ЌЕ бидиш покрај мене и ќе ми помагаш ти.Сакам да имаме семејство,сакам да се будам и заспивам покрај тебе,да правиме се заедно,многу работи сакам.Не сакам да си играм ни малку.Ако дојдам,самото тоа ќе ти покажи дека не си играм,дека сум таму пошто ми значиш многу.САкам да решиме,заедно или да те оставам на мира,а и ти мене и да продолжиме разделени.Јас се надевам на тоа првото.САкам да видиш дека сум сериозна и да бидиш сериозен.Што ќе бидиме,глупави или паметни?
Ми недостигаш.. Тек сега сваќам колку ми недостигаш И твојот парфем не сака да ми се ивади од ум, и успеа да го украдеш целиов мој ден и да почуствувам пак дека ми недостигаш... Фала ти што ме гушна најубаво на цел свет, како што знаеш ти
После точно една година,исповед на силна особа која не и е гајле дали некој ќе каже дека е млада и дека има од животот... Ти и јас...тоа што никогаш нема да го дознаеш затоа што јас никогаш не ти го кажав! Не се осудувам да зборувам за нашата двегодишна врска,за нашиот прв однос,за мојот прв сексуален чин,за љубовта кон тебе,понекогаш ме фаќа паника кога воопшто ќе помислам на нас.Само би сакала да те потсетам на неколку моменти,кога беше мртов пијан и рече дека одбиваш да се вратиш дома ако не дојдам со тебе и ме посрамот пред твоите тврдејќи дека нема шанси да спиеш дома ако не спијам јас со тебе.Се сеќаваш кога мислев дека ми го заборави роденденот? Колку многу плачев,сепак таа беше најубавата вечер во мојот 20 годишен живот. Сакам да знаеш дека не те мразам,не те мразам за ништо,ни за една цигара која ја спушив ради тебе,ниту ради една таблета која ја голтнав кога не гледав друг излез,не дека несакам,едноставно неможам да те мразам,моето тело сеуште не е способно да ја поднесе тежината на омразата која никогаш не сум ја почувствувала,дури ни кон најголемите душмани. Сакам да знаеш дека ме направи среќна бев среќна тогаш кога ме оставаше сама,кога плачев,кога ме лажеше,да чудно,сосема сулудо се чувствувам благодарно затоа што ме поведи.Не си ти воопшто виновен,знаев каков си,сама избрав,никој не ме присили.Понекогаш умирав во сончевите денови и се гаснев себеси на зајдисонцето,никогаш не ме остави сама,сеуште незнам како успеа,да ме држиш во дланки цело време и истовремено да лажеш,се чувствувам глупаво,се прашувам ме сакаше ли некогаш?дали барем малку ме сакаше? Сакам да ти кажам нешто многу важно:се сеќаваш кога ми кажа дека не ме сакаш повеќе,се сеќаваш како ме бакна и ми рече дека е готово,се сеќаваш ли дека воопшто не ја наведнав главата и сама си повикав таски,ме интересира дали помисли дека сум слаба,не ти никогаш не дозна дека сум слаба и НИКОГАШ нема да дознаеш.Умирав од ден на ден,знаев за нејзе и покрај се ви посакав само среќа? Каква особа сум јас? Ужасна! Неможев да заплачам,едноставно нешто не ми даваше да ги истурам емоциите сакаше да се угушам во нив,сакаше да ме убие,ме убива цела година...знаеш што е тоа што ти никогаш нема да го знаеш? Тоа колку јас сум силна,колку никогаш не ти дозволив да видиш дека паѓам,посилна од тебе и од се што ми направи,се борев и ќе се борам.Мојата борба не е за да те победам тебе,веќе да си докажам дека сум силна да знам дека и тоа што цел живот ќе ме следи и боли нема да биде посилно од мене,ќе ме прави јас.Нешто што ти не го заслужуваш!
Какво мекано клопче беше вчера! А јас мачка со шепи, те играв до излудување. Те сакам, море дебармаалецу.
Како ли ќе им кажам на моиве дека ќе имаме гостин за први мај? ..ама стварно ме радува помислата за мај на мојата тераса. Не звучи ко посебно место, ама и двајцата знаеме дека е. Со лимонада, и моите колачиња со рум.. уште тато да не се погоди денска смена, па да ги испратиме негде. Леле, леле...
Се каев, простував, плачев и се гушев во моите жешки солзи ..Не запирав, продолжував иако знаев дека вистината боли ми беше криво ..Трпев, те преболував, не успеав, посакував да бидеме заедно, сонував само за тебе, плачев по твоите очи, горев по твоите усни, тагував по твојот поглед, но одеднаш застанав барем за миг, се сетив на твојата лага, на твојата ладнокрвност, на твоите зборови кои не ја кажуваа вистината, но сепак ти благодарам зошто ме научи што сe може да донесе љубовта во животот..Ти посакувам многу љубов во животот ..од тебе не барам ништо само те молам барем еднаш сети се на мене, јас која ти бев дел од животот