Ми недостига твојот поглед.Твојот нежен поглед,полн со љубов,љубопитност,раозналост.Имаа право кога ми викаа дека ти чувсвуваш нешто повеќе од другарство кон мене а јас глупа луда и затупена само како другарче те рачунав. Сакам пак така да ме гледаш,сакам да разговараме долго и долго,како што знаевме,да си гледаме stand up comedy,да летаме во наши светови.Твојот ладен поглед ме закопува во место,ме остава без зборови,се чувтсвувам како да сум виновнка иако ништо не се случило. Сега сваќам дека те сакам највеќе,ми фалиш многу,кажи ми нешто,било што.....
Хани јас и ти гледам дека ќе останеме засекогаш заедно. Од кога се запознавме пред многу години тоа беше инстантна привлечност и секогаш си се враќаме еден на друг. Знам дека си тука за мене, но за жал и ти знаеш дека сум тука за тебе и затоа почна да ме земаш здраво за готово во последно време. Тоа ќе се промени, лет д гејмс бегин Те сакам
Филигранскиот мал принц што си го урамил за мене е најубавиот подарок на целиот свет. Го сакам, затоа и не го испуштив од рацете. Па и си ми скинал цветчиња, и си ги наредил внатре. Жаба. Знам дека сум отсутна малце денес, ама јебешга, жештавава, ситуацииве, се си прави по малце од своето и бум, ете ме мене неприсутна на планетава Земја. Ќе одморам викендов, па здравје за у Вторник ќе средиме некако. У моментов на ништо не ми се мисли, и сам знаеш како знам наеднаш да се исцрпам од се. Твојата трпеливост, твоето внимание, тоа е она кое уствари ме смирува. И ти благодарам. Знам колкава лошка можам да бидам понекогаш, но ете, такво сум.. A знаеш и колку знам да бидам срамежлива. Је*ешга. Те сакам, си знаеш. Се ќе биде во ред. Ехе..нашето време тек иде. Твојата поддршка ми е од огромно значење. , Џинџер.
Цркни! Не заслужуваш ништо од мене. Не знам кај си тргнал со ова ама ќе ти кажам каде нема да стигнеш! Значи колку ме нервираш не си свесен, се понашаш ко тинејџерка, а 2 тинејџерки во една врска се премногу. Секој ден се повеќе се каам што те сретнав, и се надевам дека ќе прочиташ ова еден ден и ќе те боли фактот што имаш некој до тебе што не те поднесува ама подмолно си молчи, исто како ти што им правиш на другите. Чашата уште мааалку и ќе се прелие, а тогаш...барај помош. Само се надевам дека ќе изиграм доволно паметно и дека нема толку да ме боли, не е лесно да се откажеш од некој што ти значи, ама што знаеш ти пак за тоа, никогаш во животов не си дошол во ситуација да одлучуваш за нешто посериозно од „што ќе јадам денеска“. Ти треба едно созревање и враќање во реалноста ама немаш поим колку, не би посакала никогаш да се свеснеш на потешкиот начин ама мајке ми толку многу мораш. Ти си едно од поголемите разочарувања во мојов живот, а криво ми е зошто знам дека можеш да бидеш и прекрасен, и тоа ме кочи во целата ситуација. Ама ако, продолжи вака, полесно ќе те отсакам.
Koлку што ми идеш на живци понекогаш, толку и те сакам. Ама факт е дека ако ти не го правиш првиот чекор, мојот инат ќе не` уништи. Фала ти што дојде и фала што се трудиш. Кога сум со тебе сите проблеми и недоразбирања меѓу нас се невидливи Само треба да видам дека доволно ти значам за да се трудиш да ги исправиш грешките. Те сакам најмногу.
To be or not to be? Чекам да кажиш.И ако речиш крај,нема ама ич веќе да се занимавам со тебе.Ќе направам да те отсакам.Додека те сакам,можиш да ја засилиш љубовта,ама ако не,потоа ќе е касно.
http://www.youtube.com/watch?v=54UQQPR-lRw Ти си немир што ме тера да се премислам,да верувам во љубовта....Да научам да простам,зошто секој простува и барем еднаш се покајува..... Ех да најдеш некој повод или причина на полноќ да ме разбудиш Немаш поим колку те сакам,ама немам смелост да ти кажам
Не очекував баш ваква реакција, сакав со тоа што те изненадив да те израдувам, ама штета изгледа баш и не успеав. Дали јас негде згрешив, или пак нешто се случува со тебе а јас не успеав да откријам? Те сакам тоа не го заборавај. Те сакам и за тебе живеам
ТЕ САКАМ само тоа никогаш не можам да ти го кажам.се би дала да си до мене.би се откажала од се само за тебе.барем еднаш крени го телефонот и јави ми се.те молам барем уште еднаш.за потоа кога ќе бидам многу далеку да не жалиш за тоа што си го изгубил.е тогаш ќе биде многу доцна и да сакам нема да можам да се вратам.те молам само уште еднаш.бар да те видам за последен пат пред судбината конечно да ги раздвои нашите патишта.
Мразам кога се караме, поготово на глупави теми. Ама утре е нов ден, и знам дека се ќе помине. Среќна сум со тебе и знам дека ме сакаш. Ќе се обидам никогаш да не те разочарам и да бидам најдобра што можам, исто како и ти за мене. Нема среќен живот, само среќни денови. И јас ќе уживам во секој еден од нив. Те сакам, мил мој.
Знам дека многу пати сум си ветила на себеси дека нема да си правам самата да ми биде потешко, меѓутоа овој пат ветувањето е сигурно - сакам да исчезнеш од мојот живот што побргу, исто како што и од никаде дојде. Нема да ти пишувам, да ти се јавувам, да излегувам на истите места, а се надевам дека нема ни ти. Овој пат сум решена цврсто. http://www.youtube.com/watch?v=SO9Lj0T93Xk&ob=av2n
Не знам што е проблемот со тебе?! Подобро за тебе да бидеш искрен инаку засекогаш ке ме изгубиш и окото нема да ми трепне..
Д.неможе ова вака повеќе, мислам ја не можам да се преправам дека немам чувства спрема тебе и разбираш нели дека мора да збориме за ова!