Убаво е кога знам дека си секогаш тука, покрај мене, без оглед на се. Убаво е што покрај тебе можам да се понашам ко зелен тинејџер, убаво е и што колку и да глумам лудило со еден поглед ме читаш. Да, убаво ми е да те сакам. Колку? Тоа јас не можам да ти кажам, само ти знаеш.
Знам дека до сега не сум се осудила да ти кажам,но мораш да знаеш дека те сакам незизмерно многу Не знам што би правела без тебе во мојот живот.Сабајле на тел ме стопи со муабетот Те сакам и нека ни се множат годините и месеците. I LOVE YOU : http://www.youtube.com/watch?v=P_r8pDziQKE
Ме уби ти мене. Со среќа нека ти е новата. Подобра во се`. Пред некој ден ќе ти речев биди сигурен дека нема да те сака како мене, но денес велам дека нема никоја да те мрази како јас. Се со тек на време. Бесчуствителен гаду!
Секако дека животот продолжува и без тебе. Всушност, што некогаш и си ми бил ти па да паѓам во депресии? Хаха, убаво ми е. И не ми е дојдено до твоето здраво, ич да не му се секираш!
Времево е ... треба да сме заедно, а не да те видам дури вечер кога ентузијазмот и расположениево магично ми спласнуваат. Уште ги чекам и им се надевам на нашите 5 минути... Те сакам многу.
Искрено не верував дека ќе пишиш..ааа уште помалце дека ќе звониш на мојот број..можеби требаше да ти кренам...Знам дека ме сакаш сега знам..ама тоа е тоа не е судено да бидиме заедно и сега повеќе ме боли отколку порано сега поќе зошто знам дека и ти ме сакаш дека и ти патиш ааа не можиме да сме заедно
Дали тоа ти ми титна? Па ќе го расипиш времево бе чоек,толку време чекав да огрее ова убаво сонце. Што е сега ќе ме бараш ? Епа најмил мој имам само нешто да ти кажам : Слушај го срцето,а не "другарите". Запрашај се себеси,ти фалам така? Ти ми фалиш повеќе.А ТЕ САКАМ толку многу,многу.Време е да се вратиме и двајцата во нормала.Најпаметно ќе биде да направиме така зарам не?Јас и ти сме створени еден за друг,неможеме да продолжиме вака одделени,време е да сме повторно заедно ТЕ САКАМ ПРЕМНОГУ!
Сакаш да знаеш зошто ти изгледам ладна и се однесувам како да ми е сеедно? Зашто морам малку да пробам да си ги контролирам чувствата. Да престанам да мислам на нашата иднина, да очекувам да ми се јавиш, да се однесуваш разумно... Зашто колку повеќе очекувам и ништо од тоа не се исполнува, толку повеќе дозволувам да ме повредува секој момент кога ќе направиш некој гест со кој ми покажуваш дека не си за мене. И упорно се вртам во некој круг, те сум сигурна, те не... Ама кога постојат толку сомнежи, веројатно е јасна одлуката која ќе треба да ја донесам. Не сакам да те повредувам, ниту ти мене. А ти мене не ми нанесуваш болка со нешто особено, туку едноставно поради она што си. Своеглав, со желба светот да му се потчинува, на моменти арогантен, некултурен. Не ми треба да се менуваш за мене, ниту пак јас можам да станам она што ти го посакуваш. Можеш бесконечно да се трудиш, ама кога ќе го видам тој твој заканувачки поглед, тие зборови од твојата уста со наредувачки тон...ме бркаш илјадници километри подалеку. И џабе ми е ако отпосле си дошол да го решиш проблемот, ако си ми кажал "Те сакам", ако си се извинил. Залудно е зашто авторитети не трпам. А ти тоа нема никогаш да го смениш зашто е дел од тебе. Затоа сега ќе си ги чувам емоциите за себе, нема многу да се возбудувам, кога ќе правиш планови за нас ќе си молчам. Зашто не сакам пак да се залажувам и повторно и повторно да согледувам колку не си припаѓаме еден со друг.
По пат си? Кажи ми да. Ќе се видиме? Кажи ми да. Ти недостигам? Кажи ми да. Ме сакаш? Не кажувај ми. Знам дека ме сакаш.
знаеш дека е така,и така е.. само те молам секогаш и од двајцата да е така,и ништо помегу нас да нема те сакам