Не, не е ова моментален излив на чувства. Ова е еден од оние денови кога едноставно се гушам од преголемата љубов кон тебе, па морам да ја искажам. Ни сама не знам како ми влезе под кожа толку длабоко. Не знам како успеа да ми влезеш во секоја моја пора и клетка. Не знам како е можно да чувствувам толкаво количество на љубов кон тебе. А притоа да го заслужуваш тоа. Не знам како е можно страста кон тебе секојдневно се повеќе и повеќе да расте, иако уште од самиот старт ја имало во изобилство. Не знам како е можно да не можам да се тргнам од тебе 24/7. Не знам како, но ни тишината со тебе не ми е досадна. Не знам зошто тој твој профил ми е најголемата слабост. И тие мили очиња кои постојано ме следат. Не знам зошто, но уживам кога ти ги галам прстите, кои толку многу убаво ме допираат. Не знам зошто се уште имам пеперутки во стомакот кога треба да дојдеш, исто како првиот пат. Знаеш што? Ништо од ова не знам. И не сакам да знам. Знам само некои работи: -дека си љубовта на мојот живот; -дека не сакам без тебе; -дека и да не останам со тебе, ќе останеш засекогаш човекот на мојот живот до мојот последен ден; -дека што и да кажам, што и да направам, никогаш нема да успеам да ти доловам колку те сакам; -дека може е и подобро да не дознаеш, ќе се уплашиш Фала што постоиш и што си само мој!
Има моменти кога животот разделува две личности, само за тие да сватат колку си се важни еден на друг...
Добро не ми е јасно зошто оваа моја женска интуиција ме тера да мислам дека ме лажеш или поточно ме изневеруваш...Ти да не носиш некоја дома?!? Немам мир нешто вечерва,чуден си...хммм ќе те откријам јас тебе па макар и да те следам!!!
Знам дека те инспирирам, за да градиш Дом. Ветувам, со моиве мисли и раце, ќе биде заеднички. Со желба за уште поголеми нешта. И нови светови. Те сакам.
Овие 2 дена ќе ми поминат како вечност. А за тоа дека во тие планини нема мрежа не сакам ни да размислувам ! Ај бе не оди
Ми недостигаш...со сета искреност на светов,ми недостигаш повеќе од она што ти го кажувам.Со тебе би одела и до крајот на свето
Фала ти душичке за синоќа,преубаво ми беше и знам дека те оставив без текст поради што јас го направив првиот чекор .Се надевам дека ќе има нешто повеќе понатаму .
Душава ми ја рониш,дали имаш човечност?Зошто вака ми правиш,зарем вака сум заслужила со ниту една грешка до сега?Полека но сигурно ме водиш до дупката на пропаста,секој твој збор е искажан со грубост.Ти не си тој во кој се заљубив на прв поглед ти не си тој што ме учеше на убави работи ти не си тој што сакав цел живот да го поминам со тебе ти не си љубов.За мене постана мачилиште.Ах колку те сакам...Ќе ги плаќаш овие горки солзи,ќе ме бараш и мене и мојата искрена љубов ќе ме молиш,но биди сигурен ако вака продолжиш нема да најдеш ништо од тоа.Јас...сега седам како во заблуда, препинам од тага,неможиш да ја сфатиш оваа болка,ама биди сигурен ќе ја осетиш.Ти што ми вети премногу си бил обично ќубре како и сите останати.Како не ти е срам,ми го уништи животов,насмевката,срцето...сега немам ништо,се изчезна
фала ти што ми го олеснуваш она што треба да биде т.е. крајот, и ЗНАМ дека ти мене не ме сакаш, е си заљубен во мене бе, ти се познава и ти си сакал да се жениш АКО некогаш се ожениш сегашен, има да бидеш избркан надвор од дома, море има таа за кратко време да се разведе од тебе ако вака си и правел на таа која била 5 години со тебе, ја жалам искрено, како ли издржала
Денеска ми недостигаш толку мниогу цел ден си на работа од сабјале па до вечер со сама 2 саата пауза , и коа си дојдеш вечер дома јас ке ти напрвам јадење ке те бакнам и ке ти кажам чао се гледаме сабајле. Кога ке си дојдам во 6 ти спиеш слатко, јас ке те бакнам и гушнам ке си легнам до тебе и само ке си воздишнам и ке си речам „ Сакам те зајче мое и недостига ми секој момент поминат без тебе„ Те сакам
Само сакам да ти кажам дека, деновиве дојдов до една одлука... А таа е дека ке се потрудам, ама максимално ке дадам се од себе да ги загушам овие чуства што ги имам за тебе и да можам слободно да те гледам ко другар. Се надевам ке успеам. Подобро вака чоек, дур сме на ваква далечина, оти на др начин ке морав да го направам ова, тогаш дури и ке осетеше. Вака се надевам, нема да знаеш за што станува збор
Со тие очи дно на душа допри ми Со тие усни име изговори ми А ако еднаш отидеш и дојде бол бар ќе знам дека сум сакала некогоо