ајде убаво да си поминиш во струмица ...претпоставувам дека си стигнал веќе па ке се видиме во петок ...знам ке ми кажуваш како супер си поминал
Со душа чекам да те изгушкам вечер. Дефинитивно многу (брзо) се приврзувам за одредени личности, а тоа е лошо, знаеш. Мноооооооооогу лошо.
Потребно е повеќе од тебе за да ме смири... и од тебе и од него. Некој што знае да ме загрее и олади во исто време, да ме чува и предизвикува, немирен дух и енергија, динамично темпо и бавни потези. Знам дека некаде ме чека тоа. И не се помирувам кога знам дека можам подобро.
Предвремен поклон за роденден? Ме густа Знам дека пак ќе ме изненадиш за роденден, но секако дека го прифаќам и предвремениот подарок.
Моментално би ти кажала дека ми е сеедно каква игра играш, а што ке биде понатаму, времето ке покаже миличок.
Спојлер Иако реков дека нема да пишувам веќе тука, премногу работи ми лежат на душа а немам друго место на кое можам да си ги кажам. Срам, не срам - тоа е. Знаеш .. јас сакам да те љубам. Но не вака, не повеќе. Не заслужуваш. Би сакала да те сакам како порано, кога не се плашев од тоа зашто љубовта ми беше возвратена (колку-толку). Сега што? Не ни вреди да мислам веќе на тебе, а уште помалку да те сакам. Сакам да ги знам причините .. премногу ли е тоа? Или не заслужувам да ги дознаам тие твои „мистериозни“ причини поради кои не ме сакаш веќе? Смачено ми е веќе од претпоставки, зошто вака, зошто онака. А знам колку ќе ми е полесно да те преболам ако го дознаам тоа што го сакам .. Не сакам да си признаам, но додека бев со тебе бев НАЈсреќна. Со големи болдирани букви тоа, зашто така и беше. Исполнета бев до максимумот. А сега? Боже, колку боли кога се граничиш со бездната .. Додека шетав, баш си мислев денес колку уживав лани на истиов ден. Ти, убавото друштво и скара која ти ја приготви. Но најважно - ти! И планинарењето, кога се удрив, ме гушна и ти се стопив в прегратка! Искрено, ме боли што имаме толку убави спомени од кои не можам да се оттарасам, колку и да сакам. Ми фали детето кое беше порано. Будалесто, крајно несериозно, но мое! Само колку работи не знаеш!! Не знаеш дека сакам да сум повторно среќна. Но не со тебе, не ме сакаш. Добро би ми било и сама и среќна, како што бев до пред некое време. Посакувам да е повторно така, иако воопшто не е. А имам и други посериозни проблеми, не сакам да се замарам и со тебе. Мозоку, слушаш?! Еј, и сеј си на место. Немој уште еднаш си ме изгушкал онака силно како што си знаеш само ти, зашто ем нема ништо да постигнеш со тоа, ем ако дознае таа, ќе ти се налути и тоа многу. А не сакаш уште не почната, вашата приказна за заврши, нели? And hate me, if it feels good, I can't hear your screams anymore!! I found my way out. And you'll never hurt me again. http://www.youtube.com/watch?v=AWccRV0mlus Ете така да знаеш, нема да дозволам! Нека биде оваа последната песна чие што прекасно значење го трошам на тебе. Барем за сега .. End of story.
И кога ја барам суштината на моето постоење и кога црпам инспирација во тапа период и кога паѓам кога морам, секогаш на тебе се сопнувам. Ете затоа си мој Беатриче.
Се надевам дека си добар и дека се помина во најдобар ред. Те мислев цел ден денес, не бев мирна, се дури не прочитав во пораката дека е се добро поминато. Многу ми е криво и жал шо во вакви моменти не можиме да бидиме заедно, јас многу сакам да сум таму сега со тебе, и тешко ми е да знајш Со помин. Ми недостигаш Премногу. ТЕ САКАММ !
Значи, иако толку многу те сакам и ми значиш се', можеш во дел од милисекунда да ме извадиш од кожа, тотално од шарки да ме изместиш. И да ми го ебеш скроз и денот и расположението и се' по список. И сето тоа само ради твојата импулсивност и неразбирање и несфаќање дека некој едноставно, не размислува исто како и ти. И на твојот недостаток од трпение да ислушаш некого до крај. А не да донесуваш некаков си заклучок врз база на тие 4% што ќе ги чуеш, кој најчесто, нема никаква врска ни со вистината ни со причината за дешаванката. Ова веќе вторпат ти се случува. Вторпат ме доведуваш во ситуација да размислувам да се спакувам и да фатам магла од овде. Некој нареден пат не знам дали ќе имам сила и можност да размислувам.....како што не размислуваш ни ти.
Во овие 2 месеци, немам нервози, нема карања, нема љубомора. Во овие 2 месеци ми докажа дека стварно ме сакаш и дека имаш сериозни намери. Знај дека те сакам само тебе, мислите ми се само кај тебе, и од таму не те вадам, те сакам само за мене и не те давам на никој. Со душа чекам да ја поминиме ова далечина, и конечно да бидиме заедно како шо треба. Ми недостигаш премногу Да ни се множат ТЕ ОБОЖАВАМММММ !
Сакам секогаш кога ќе помислам дека можеби нашето и не е тоа тоа, да ми текне на убавите моменти и да прекинат да ми се вртат глупости низ глава. Те сакам
кога вчера ти кажав се што сакав да ти кажан-заборавив да го спомнам лажењето за името, ти ме слушаше и незнам зошто се смееше, што ти беше смешно бе шупелко низаедна јас ти укажав на грешките, а ти се смееш, ама запамети кој последен се смее најслатко се смее :!