Ајде уклучи се на проклетиот фејзбук или јави ми се да се договориме ко луѓе!! Едвај чекам вечер да те видам, ми фалиш, сакам да зборуваме, да си поразговараме, да ги решиме проблемите, да продолжиме, да започниме од ново... Доста со твојата работа , вечер во 7 не во 9 разбра ли?! Немаш работа вечерва и само со мене ќе си! Ако малку ти значам за да се видиме и да ја средиме ситуацијава...
Незнам стварно јас шо да мислам за тебе детее....значи ме бараш ме викаш за на кафе...ме молиш ааа после јас ти звонам не креваш....и ај после.....или оставиме за секогаш да те заборавам веќе еднаш или дај да бидиме заедно и не се преправај и сега шо правиме за кафето за утре шо ние знаев дека ќе се предомислиш ти реков...не си чоек од збор........ идиот
Гомно. И јас сум била со краток фитиљ. Па ќе бидам бе, кога ќе ми соопштиш такво нешто. Не бе, каков краток фитиљ без фитиљ сум бе. Експлодирам. Не ми требаш, нит ме раниш, нит ме издржуваш, а камо ли среќна да ме правиш, пфф.. Чунки љубовта боли, а мене желудникот ме боли од што ми се лоши од тебе. Да, да.. Арно слушна. Сега комотно лапај се со неа. Абе шо сакаш праи, не сум ти мајка да ти викам кондом да користиш. И уште нешто, како тоа -Ако не сум ти девојка немам право да се лутам?! Епа тогаш никогаш немаш право кога ќе ти требам да ми се јавиш и муабет да ми направиш да те ислушам. Имам тотално право за што сакам да се лутам. Како ќе ми прдне, така ќе правам. А сега, фала пријатно до следното видување каде што ќе поминам покрај тебе како поред Турски гробишта.
Денешнава статија на фемина за утрински секс ме потсети колку ни беше убаво заедно. Колку си бевме погодени еден на друг. како лонче и капаче... И ме потсети и дека и на некоја друга и се уклапа твоето капаче. И тоа тенџере повеќе го сакаш!
Не. Нема јас како комплетна глупача да се занесувам, додека некој стои со телото покрај мене а со мислите лебди кон неа. Вечер се` ќе решиме. Ова вака веќе не оди! А ќе имаш среќа ако врне, бидејќи ако не врне, јас ќе ти бидам главниот облак!
зарем тоа што зборуваш знаеш со зборови да го кажиш и докажишш? е па мило тоа и го правиш.. делата ги нема никаде а после тоа викаш се правам за да докажам,е што е тоа се освен зборови?...
Ако сакаш да бидеш покрај мене, биди како што треба и немој да ми бидеш дополнителна нервоза, ако не, слободно оди, нема да ти стојам на патот.
И кога помислувам дека е време да си дадеме простор еден на друг ти секако ќе одиш,мораш,некогаш размислувам дека нема да издржам 3 месеци без тебе,бидејќи си ми љубовна дрога без која е невозможно да ми помине денот,понекогаш сум уверена дека тоа само ќе ја зацврсти љубовта,но дали се ќе биде исто кога ќе се вратиш? Мене тоа ме плаши.. Знаеш еднаш го поминав ова истово со друг,и не заврши со среќен крај како од бајките,јас ризикувам,ставам се на коцка поради тебе,се што имавме до сега е ставено уште од пред неколку месеци кога дознав дека си примен и ќе одиш,си велам не сме ни први ни последни,си велам ако другите издржале зошто не би можеле ние,но верувај лесно е да советувам друг тешко е да си помогнам самата и да се охрабрам. А ти така смирен ми велиш се ќе биде во ред,чекај ме! Ќе те чекам најмил,ветив,бидејќи сум сигурна дека ова е вистинско,нема да се откажам од тебе. Ах проклета Америко ! На колку парови им го правиш ова ??
Овој пат мислам дека убаво размислив. И штом решив да останам со тебе, веројатно би било засекогаш. Зашто вчера кога помислив дека те изгубив, сфатив дека ќе ми е залудно и да најдам некој кој совршено ќе ми одговара. Би ми недостигала и таа твоја некултура, кој со себе носи и убави работи. Да беше некој кој постојано внимава што кажува, како би биле сфатени неговите постапки отстрана, немаше ни да доаѓаш во непријатно време за да ме разбудиш. А тоа толку многу би ми фалело. Да имам некој кој ги следи сите правила на добро однесување, тешко дека тој ќе имаше толкава лудост во себе како ти, а толку ти ја обожавам. Вчера, кога без грам размислување решив да дојдам кај тебе и да те замолам да ги средиме работите, бев подготвена на одбивање. Зашто многупати ти имам кажано дека веќе не мораш да се замараш со мене и сакам да е крај. Му благодарам на Бога што не ме сфаќаш сериозно и не ми го префрлуваш тоа. Точно е. Да имав барем грам повеќе разбирање за моментите во кои настапува твојата лутина и се појавува тој твој злонамерен поглед, немаше да дојде до ова. Точно, иако ретко ти се случува, место да те разберам и попуштам, јас долевам масло на огнот и терам инает. А мене кога ми било тешко и сум се истурала на тебе, никогаш не си ми вратил. Ама јас тоа не го гледам. Видливи се само твоите грешки. Друго. Кога ми зборуваш за некакви правила, се јавува мојата гордост која не дозволува некој да и` кажува што да прави. Иако, да било во ред моето однесување, воопшто не би дошло до тоа да ми објаснуваш како треба да те почитувам. Во мојот живот, никогаш не ти давав некое битно значење. И сега гледам дека си го согледал тоа. Ама сфаќам зошто си лут. Додека мене врскава ми течеше онака, ти на мене гледаше како на личност со која ќе го поминеш животот. И затоа ме ставаше пред пријатели, роднини... А ти мене ми беше на најдолното скалило. Никогаш пред никој не си ме навредил, не си се направил паметен, не си ме потценил, не си зборувал за наши проблеми, не си го нарушил мојот авторитет пред било кој. Од моја страна добиваше само шеги на твоја сметка и несериозност. Кога е човек добар со тебе, знаеш да го цениш тоа и да вратиш сто пати повеќе. Ништо не го заменува тоа чувство кое го будиш во мене само ти. Кога ќе ги свиеш рацете околу мојата половина или кога ќе почнеш да ме бакнуваш без престан, кога ќе ти го почувствувам тоа тешко дишење, не би те заменила за никој. Кога спиеме гушнати и ни за миг не ме пушташ, посакувам така да останеме вечно. Кога ми спремаш некоја вечера со мерак и уште кога си ги миеш садовите, ме обзема неопислива смеа и среќа. И има уште милион ситници кои те прават она што си и полека го засакувам секој дел од тебе. Сакам кога низ разговор ќе си укажеме на грешките и ќе почнеме да се прилагодуваме. И колку и да е тешко, тоа е она што го прави вредно да се истрае.
само побарај ме те молам.тоа е доволно да се откажам од се.знаеш дека се би дала да си до мене.само да можев да го преболам твоето заминување најмило мое.се би дала да си овде до мене.барем да не ме боли толку.само да можам да го вратам времето назад и да си овде.се би дала за една твоја прегратка,за еден твој бакнеж.