Неможам да те разберам ист си ко времево.Променлив,денес си ваков-утре инаков. Во секој случај јас те сакам,и ќе се борам за тебе до крај.Ми недостигаш,како никогаш досега.
Само јас и ти можеме од ич ништо толкави кавги да направиме. Само јас и ти го можеме тоа една недела пред нашиот роденден. Само јас и ти можеме се и сешто во нервоза да си кажеме. Не знам што ме боли повеќе, дал тоа, ил тоа. А боли, боли и колку ми недостигаш, боли што сега јас тука, ти таму се нервираш, наместо да се скокоткавме и во смеење да си го планиравме нашиот ден. И после 3 години, не научи да кажеш едно искрено извини и да не додаваш масло во огнот ... Ту бе!
После две ноќи спиење заедно вечерва ќе спијам сама не сакам сакам да те гушнам и стиснам силно, да си ги преклопиме прстињата на ноџињата и рачињата и така да заспиеме
Докторе, бичу твоја архитетка, прибидејќи понекогаш (читај - денес), имам чувство дека само ти ме разбираш. Привилегиран си, знаеш.
Те гледам мирно спиеш до мене. Толку блиску, а сепак те чувствувам многу далечен во последно време. Заборавив како изгледаше нашиот физички контакт. Ми недостасуваш, а ти чекаш јас да го направам првиот чекор. Зарем не научи до сега дека не сум таква? Не ја преземам иницијативата...
Ми се смачи веќе од ова далечина, од скајп, од мсн и сл Знам дека и тебе ти е тешко ама ти то не го кажваш, и не знам оти ќутиш, Сепак знам дека и тебе ти е исто.Со душа го чекам денот ко ќе ме фатиш пак за рака, ме гушниш и конечно ќе го надокнадиме сево ова време шо не бевме заедно. Потребен ми си тука, сега за матурата, сите ќе бидат тука, но нема да бидам целосно исполнета, и тешко ми е да ти признавам , и то многу. Со душа чекам да те видам пак, со душа. Мислам дека далечината ептен не отепа И Знаш.... Уморна сам ти од чутања, ВОЛИМ ТЕ НАЈВИШЕ !
Прости ми, некогаш знам да ги поминам границите на нормалата,а ти со сета твоја смиреност и толеранција замижуваш преку све.. Те сакам како првиот ден, животот си ми ти, но ти тоа веке го знаеш. Ти благодарам за сите години поминати во мир, спокојство, љубов, кавги .. Секогаш си ги донесувал правите одлуки, проклето совршен си. Твојата рамнодушност кога е потребна и твојата љубов кога е најпотребна сеуште ме држат во живот..
Абе те сакам! Ме растопуваш ко путер на сонце. Кога имам кошмар, твојата дланка во мојата, и кога ќе го слушнам тоа магично "Тука сум, љубов", ми се смирува и срцето, и душата. Ти си мој космонаут. Јас твоја вселена!
Незнам како се случи и кој те испрати во мојов живот и зошто... само знам дека ваков човек, одавна чекав!!!