Се е океј...само ми недостигаш многу,и ми е многу криво што преска не се видовме на скајп,и сега се осеќам многу тазно....ајде уклучи се побрзо сакам да те видам...
Сакам да те видам..да те гушнам силно, силно, силно, силно, нааајсилно...да ти кажам Те Сакам <3 и дека без тебе мојот живот би немал смисла!
Ти ми даваш мир кога не можам да го пронајдам во себе. Ти ми даваш сила кога ми снемува. Ти ми даваш волја и при најголемите разочарувања. Ти ми даваш енергија кога останувам без здив. Ти ми даваш топлина која ме грее и кога не си до мене. Ти ми даваш сигурност каква што никогаш не сум чувствувала. Ти ми даваш поддршка кога ми е најпотребна. Ти ми подаваш рака кога и јас самата кревам раце од се'. Ти ми даваш љубов во неограничени количини која ме прави да се чувствувам едно од најсреќните суштества на светов. Јас стварно не знам дали некогаш ќе успеам да ти се оддолжам за она што си ти и за она што сум јас со тебе...и за она што сме ние двајца. И за она што го правиш, и ќе го правиш за нас. Ти си моето најнесовршено совршенство.
Море жими се голем идиот си, и тоа со големо И. Значи како што знаеш од такт да ме извадиш ти, никој друг не знае. Да ми беше до мене сега, без мислење ќе те задавев додека не посинеш за воздух. И тогаш не знам дали ќе те пуштев. Значи немам зборови, претеризам си некогаш, ама навистина ми иде да ти спуштам и да не можеш никогаш да ме добиеш.
Ццц како не ти е срам?!? До кога веќе ќе мислиш дека се што ќе пишам или лајкнам е за тебе и до кога ќе ја префрлаш вината се на мене????? Успеа да ме расплачеш вечерва навистина ова не ти го заборавам а и реченицата од прееска дека веќе нигде нема да ме шеташ... Ти?Мене?Па зарем јас зависам од тебе?Јас имам свое јас и не зависам од никого тоа да ти биде јасно!
Ми недостигаш, и тоа премногу ми недостигаш .. Се трудам но никако да ми излезеш од паметот Не знам што ке биде со нас но само едно знам, т.е предосеќам дека патиштата никогаш нема да ни се вкрстат Но најбитното е дека ми недостигаш ...