Сеа ќе вреѓаш,а?! Мунгос еден (и јас сум мунгос!(мајке ми сега ми текна дека го имаше ебаниот мунгос у скопје ремкисд,каков глуп филм,103,шмрк!)). Е и тебе исто,да бидеме на чисто!!! Знаеш зошто?! Зошто сме исти! И ти го знаеш тоа! Знаеш како викавме ко мали,кој збори,за себе си збори,е у случајов,скроз е така! Да бевме поразлични,може некад и ќе завршевме заедно. Ај чао,стомак ме боли,може и око ќе ти извадам. Прв пат у мој живот се жалам за ова и имам право да се нажалам за 8 години уназад! Ако имаш попаметна идеја ко... палачинки со нутела,збори ми,ако не е*и се со девојки со благонеисчупани веѓи кои у старост ќе личат на... Лилјана Поповска!(не си зборам за себе,реалноста е таа,не можам јас да личам на неа,БИЧ ПЛИИИЗ ) Молим лепо!Јас за неа ќе бидам Варгара во најдобрите години!!! Дожд...ок е и да те има тебе...и ...мене. И ти ко мене...сакаше дождливо Скопје...па ванилино небенце потоа,ама само на хоризонтот и вечерта пак да си поврне...да отвориме ЏАМ и да ни биде сјајно. Море марш! А вчера те гушнав... мЈЈЈЈЈЈЈаУУУ...
Како издржуваш не ми е јасно. Од 8 си таму, па вечер до 12. Ах, тој кантер, никогаш нема да те сфатам!
Те разбирам и двајцата поминуваме низ еден тежок период.Но знаеш што?! Ме имаш мене и гушни ме,што и да е ќе помине... ТЕ САКАМ пуфлу!
Ме збудале ти мене,јас никогаш немаше да изгубам глава по дечко Премногу ми фалиш,копнеам повторно да го почувствувам твојот мирис и да те гушнам и бацам најсилно што можам.Те сакам најмило мое
Колку пати ке ти кажам дека после 8 саата поминати у Mec doof *мислам на мекдоналдс* и тоа од 22 до 06 , дека после тоа сакам да спијам целлллл деннннннн! Ама нееее , спање шо е тоа на леб ли се мачка. Јас си доваѓам од работа во 06:30, ајде срце си немам жалби, чекаш ме буден , пивце (уште рано на сабајле, ама за мене е уште вечер) муабетче така еден саат , и коа да видеш дошло 8 легнувај право у кревет и Сања КОМА ТРАНС. Така слатко си спијам и спијам и ја ти го ја телето уште у 12. Срцеееееееееееееее ајде станувај доручоко е готов. И ТИ СИ ГОТОВ КОА КЕ СТАНАМ Брееее мајке ми , едншка да ме оставеше да спијам. Така јас се потруди барем перница преку глава и да не слушам, ама не он иде во спална па ме гушка, па ме термозе оооо од една страна убаво , мислеш на мене све тоа ама..........сакам да спијаммммммм И сеа ке седам цел ден како вампир , ке го мразам сонцето и нема да можам да се мрдам од место.
Мислам дека овој пат оваа е дефинитивен крај. Не знам зошто се измачуваме само и двајцата, кога знаеме дека нашата врска оди кон пропаст. Јас дадов се од себе, можеби даде и ти, но не беше доволно. Ме повреди многу пати, а исто толку пати простив. Не велам дека само ти си крив, не, но ти си повеќе крив.Не сакам да ја префрлам вината на тебе за тоа што не успеавме, двајцата сме криви затоа што не дозволивме љубовта да не води. Секогаш ни беше поважно да се скараме за некој/а, одколку да си веруваме еден на друг и да не дозволиме ништо да ни ја расипе врската. Јас знам дека заслужувам подобро, но јас несакав подобро. Јас знам дека ти не беше таков каков што очекував дека ќе бидеш, но јас бев среќна. Имавме многу маани и несовршености и двајцата што не сакавме да си ги прифатиме. Тоа не доведе до тука.. Сега сме на крајот на патот и има две улици за понатаму.. На левата си ти, на десната јас. Патиштата ни се разделуваат и не сакам повеќе да ни се спојат. Еден ден кога ќе бидеш среќен во туѓа прегратка, помисли на мене.. Како јас бев среќна во твојата. Знам дека пак ќе сум, можеби и многу повеќе од тоа што бев.. Само те молам немој да си го уништиш животот. Исполни си ги соништата што ги имавме заедно, но сам, и не дозволувај никој и ништо да ти ги уништи. Ти ја посакувам сета среќа на светот, не знам колку ја заслужуваш, но сакам да бидеш среќна. Јас никогаш нема да ја заборавам твојата насмевка. Збогум..
Сите бајки среќен крај немаат знаеш ? Овде е крајот на една прекрасна љубовна идила,ваков или таков или било каков за мене беше само љубов,за мене беше најпрекрасното суштество и ќе останеш. Имавме свои моменти и двајцата не велам не,се надополнувавме заедно,можевме,а верувам ќе можевме и да останеме заедно,подобро што е вака.. А сонови колку ти душа сака,заедно ги планиравме,нешто исполнивме другото пропадна во вода. Се чувствувам силна како никогаш до сега,и да плачам и да не плачам со нас е крај,подобро за мене што е вака за да не паднам во депресија. А ти и после се ќе си останеш совршен,прекрасен,не знаеше да ме повредиш а не ни сакаше Љубов моја,ти посакувам само прекрасни моменти во животот,среќна ќе биде девојката која ќе се најде на местото коа го имав јас,ќе наликува на кралица (без круна бидејќи круната си остана кај мене) Ти посакувам и убав престој во Америка,бори се човеку,бори се,сакам еден ден да кажам "Еве го гледате,тој успеа во животот,некогаш беше дел од мојот живот" Тука го завршувам овој пост,тука каде што завршивме и ние.. Верувај после ова од денес те сакам уште повеќе,среќна сум што имав привилегија да бидам сакана од тебе !
http://www.youtube.com/watch?v=BEUnc9dNlk4 Посебно ова се однесува на тебе душо Tebi bih dao i sredinu palacinke Tebi bi dao - cedi pastu iz sredine! Tebi bih dao i ono sto nemam i pored pizze svasta ja znam da spremam (лажам за ова последново ама ајде хахаха) а бе те сакам и .
Da mi basia mille, deinde centum... - така беше или не? Ах, ме испозарази со латинскиве глупоштарии, либе мое!
Не можам да не се потсетам на времето пред 6 години, времето кога ме бркаше.....т.е. се бркавме де Баш овој период почнаа излегувањата и шетањата заедно, паузите за доручек, играњето табла на паркинг во кола или на клупа, муабетите и оговарањата..... Не можам да ги заборавам моментите кога пробуваше да ме спасиш да не го вдушувам поленовиот прав , кога се сопнував и паѓав на секој чекор, а ти беше секогаш тука да ме придржиш....истиот си, не се промени многу, а она што се промени е на подобро...т.е. порасна Среќо, што да ти кажам......мило ми е што си во мојот живот. И се надевам секоја наредна пролет ќе ми буди вакви убави сеќавања на нашите почетоци. Те сакам, најмило!
Маицата твоја ми стои поубаво мене отколку тебе! Оуу да дааааааа А башка нели, фактот што е твоја а е на мене - си влијае дополнително за да не ја соблечам и да те пречекам утре сабајле во неа. Ма сакам да ти кажам дека јас и ти сме одличен тим, моите цели зацртани преку ред два се поклопуваат со твоите и се радувам на тоа, многу! Денес сум умна, одмори си на работа, а јас им се мавнав на сериите кои ги запоставувам заради тебе, која привилегија ја имаш не си свесен медо.