Фак оф!Не се замарам, и немој да ме замараш...Не ме интересира ништо, ни ти, ни другар ти, барајте си друг плен
Се уште не ги знам правилата и границите не се цврсто подвлечени. Сакам само се да биде прекрасно и спонтано иако сум премногу претпазлива. Немам големи очекувања, но ти си прекрасен
што да ти кажам,жити се? Уште не сме ни заедно, а се лутиш за све и свашта. Собери се малку, не сакам уште еден лутко!
Ти си сменет, не си оној од порано. Јас сум иста сеуште, но немој да се чудиш ако еден ден ти свртам грб и си заминам од тебе. Тоа е зошто ти си згрешил, не јас....
Насмевки разменети среде бучниот d'n'b, чашата вино во едната и твојата визитка во другата рака. Убаво е кога некој се грижи како си стигнала дома во 3 по полноќ. Интересен си. Сакам да прочитам нешто твое
Тежок збор е никогаш. Не те сакам, исто. Но, најтешки се делата. Кога со нив сфаќаш дека зборовите се вистина. И болат. А, сакам да кажам дека не. Силно сакам. Ќе му дадам време на времето. Да излекува. Зошто знам дека заслужувам да бидам среќна. Сама или со некој друг, неважно. Ми ја зема насмевката, земи ја и љубовта. Носи и ја на неа. Не заслужила, ама таа ти е изборот. Гаду еден расипан. Пукни!
Првиот чекор е секогаш најтежок. Двајцата заедно ја донесовме оваа одлука, душата ме боли, срцето ми плаче, но мора да биде така. И двајцата знаеме дека не ни е судено да сме заедно.. Ја планиравме заедно нашата иднина, но се пропадна. Ништо не е како што беше, нема ни да биде. Оваа е прв пат вака да се збогуваме и двајцата знаеме дека ќе е и последен. Се сакаме многу, но понекогаш треба многу повеќе од љубов.. Не успеавме јас и ти заедно, се надевам дека сам ќе успееш. Се надевам дека ќе бидеш среќен, ќе ја најдеш вистинската и ќе ја сакаш повеќе од што ме сакаше мене. И јас се надевам дека и јас ќе бидам среќна во некоја туѓа прегратка.. Цел живот ќе ме потсеќа на тебе.. http://www.youtube.com/watch?v=saalGKY7ifU
Дека сакам да бидеме заедно.. посакувам во овој момент да е до мене и да уживаме во секој миг поминат заедно, дека ќе ми недостига овие неколку денови и одвај чекам да го видам пак... АМА и дека сакам да излеземе во град заедно на кафе *(Ова последново нема шанси да му го кажам во блиска иднина..мислам ) дека сум многу среќна и поскаувам да најде време и да му пушти сигнал за да му се јавам (знае дека имам бесплатни)