Баш те сакам кога се радуваш, те сакам кога си весел, и со причина, и онака без причина. Кога знаеш да ми го направиш денот совршен, од утро до мрак. Те сакам кога ја имаш онаа горда насмевка, како мало дете кога ќе го пофали учителката, кога ќе ти кажам дека моите пријатели те пофалиле, дека имаат убаво мислење за тебе, дека сум направила најдобар избор што сум денес со тебе. Но верувај ми јас сум уште посреќна од тебе во ваквите моменти. Знаеш дека за било која цена не би те напуштила, нема потреба да се плашиш либе мое. Сигурна сум дека и енормниот број на километри што ќе не делат од септември нема да можат да ја намалат љубовта што ја чувствуваме еден кон друг. Те сакам. П.С. Едвај чекам утре, за да можам да го видам изразот на лицето кога ќе ти ги кажам овие реченички гласно и јасно!
Ти само спиј. Кога ќе се разбудиш мене ќе ми се спие. Не доаѓам после. Рече, кога ќе станам ќе се видиме. Море мајката, јас не треба вечер да учам така?
Дојде само за мене??? Злато мое Па и како ми рече "Ама сакам да те видам!!" па ме изнагушка така мило, ме бакнуваше така слатко... Сонце мое..
Еден ден ќе успееме. Заедно, еден до друг. Ќе бидам тука, ќе го славам твојот успех. Ме правиш горда, а тоа чувство е преубаво.
Многу те сакам Сакам што побрзо да дојде викенд па ти да си дојдеш. да те видам да, те гушнам. Абе што ли се има да ти правам
Бивши драги .. више бивши него драги... искрено ми беше мило што те видов вечерва,а богами и тебе остај ги овие што фаќаа сеир од страна Уживај, весели се , ова е твоја вечер
Да знајш дека во моментот плачам, многу ми е тешко, многу... Во овој момент премногу ја мразам далечината шо не дели , ама премногу.. уште 1 ден до матурата , а ти не си тука, па ми фалиш најмногу, без тебе не сум исполнета ич, ама ич.. Иако имам толку луѓе до мене, не ми е, не ми е ич убо. Фалишш ептеннн, Само твоја матуфантка сум(како шо ме викаш) , на никој друг.. Те сакам бе идиотче мое, стоко моја најуба НАЈМНОГУУУУУ!!!
Мразам што после секој неуспешен состанок се сеќавам на тебе. Сакам да ти се нурнам во прегратка, да ме стиснеш цврсто и да заспијам на отчукувањата на твоето срце. Како некогаш. Со тебе ниту еден состанок не беше обичен. Толку ветувања и планови за кои сеуште не е доцна. Ама доволно ти се враќав. Ме чека нешто подобро некаде, а не се брзам да го пронајдам.
WoW... Дали е до добриов муабет... Дали е до договорот за кафе... Дали е само обична криза... Дали е до песната... http://www.youtube.com/watch?v=DDpooy6W ... re=related И после 4 - 5 години пак сме истите - децата од школските клупи... Си префрламе глупости и се караме како брат и сестра... Ех... Средношколска љубов Матурскиве што ми направија