Освен сенките што ни се различни,друго ништо не е... И тебе ти е ко мене... И ќе ми речеш бејб ко тогаш,можевме многу... И ко тогаш,денес ми мириса на тебе. Взаемна асоцијација на дожд. Ти викам,секојдневно патот ме води под твојот балкон,а јас немам храброст ни да погледнам нагоре. Ако случајно те видам...како пред две недели,па ми горчеше цел ден... Морам да отидам таму за да ја побарам изгубената Аталантида за која зборуваш. Спектаклот е да те фатам кога си најслаб,а јас најспремна и сигурна за истото...зошто вака ниту ти,ниту јас ќе собереме храброст за да се случи чудото кое заслужува да биде размислувано на големо.Заслужуваме да е сега додека уморено живееме.Шо би рекол Елвис,ит ис нау ор невр,уи кент го он тугедр уит саспишес мајндс...смислата е таа,иако во контекстот е поинаку. Тоа би било после полноќ,на моето,а и твое омилено место...сосема случајно. Те укалапија во нешто во кое си само кога сакаш да заведуваш од забава,а не дека ти е удобно... и се жалиш од истото. Ти беше убаво и удобно онаа последна вечер...мене,нешто така. Повеќе фино што триумфирав што имаме момент ил два во убави услови,убаво да те имам како никоја до сега. Одмерено и прибрано, си крената глава и разумен разговор... Пофино од цела чипкана облека на светот и сета голотија,подобро од било која лажна и усилена сексапилност... И на цела раздалеченост...сменети сме...и пак исти... Ги сакам пролетните дождови... ...и не сум кучка ко што велиш... зошто реално не сум,обајцата се исплашивме еден од друг многу и обајцата го мислиме истото,со истата идеја да биде поинаку,подобро... И за мене си најголемиот идиот на светот... а не си,ко што јас не сум кучка...
Те молам биди фер и направи го она што си го кажал... Само сакам да си ми тука, покрај мене... Да те гушнам силно и бар на момент да се почувствувам сакано и сигурно. Колку повеќе те немам, толку повеќе те посакувам. А тоа боли, многу. Пробај, те молам. Ништо нема да изгубиш, ти ветувам. Ниту гордоста, ниту времето. Ќе направам се` што можам за да успееме...
Мутле едно бе, право мутле си. Кај ме боли главата од прекумерените проспиени часови денес па и ти на глава ми се качуваш. Што ме чепкаш кога ќе станам од спиење уште не ми е јасно. Зарем не ја научи таа лекција веќе еднаш?
Мило....денес требаше да сме заедно...и да славиме три години поминати заедно...ааа ние не само шо не сме заедно....туку сме разделени..испокарани....ахх очекував дека ќе се сетиш денес и онака ќе се јавиш само да ми докажиш дека и тебе овај датум ќе ти биди врежен во срцето засекогаш како и мене...те изгубив и ме изгуби...и тоа многу ме боли....но ништо не ми преостанува освен да чекам времето да покажи дали сме еден за друг дали си моја судбина...Едно сум сигурна....Секогаш ќе имаш посебно место во моето срце
Како можеш да бидеш толку бесчуствителен? Ме повредуваш, свесен си за тоа и пак ништо не преземаш. Се ми мириса на крај иако се надевам ќе се смениш, али тешко многу тешко
Што ти реков бе јас на тебе? Глупчо. Ти реков да не ме викаш кај тебе, а ти сега ми се правиш како ништо да не се случило и ми велиш да дојдам? А кога реков не, збесна како будала. Ах бе леле, зошто вака ми правиш? Во ред, ќе дојдам, но тоа не значи дека пак ќе бидеме заедно и се ќе ти простам. А искрено, едвај чекам да те видам, будалче.
Ме сакаш, знам те сакам знам ама зар не помисли како се чувсвував вчера кога во цел ден само еден поласат ми обрна внимание, а другото време беше презафатен со другар ти,со одбојката, со кошарката и ми се јави дури во 12 вечерта само да ми кажиш дека ќе си легниш и денес се прајш како ништо да не било. Некогаш не ми си јасен во постапките.
Срце, уште недела дена и годинка, една цела годинка. Ќе си прославиме скромно, но најубавоо да знаеш!
Јас, можеби не се трудам екстремно многу, но се трудам. Можеби избувнувам некогаш без причина но знам убаво да се извинам. Можеби претерувам, но тоа сум јас! Нели таква ме засака? Нели баш и тоа беше причината што ме засака? Како и да е...