Ова е последното нешто што ќе го чуеш или прочиташ од мене, ако воопшто се појави таква можност. Откако те видов колку немаш грижа на совест за тоа што го правиш, ќе ти разјаснам само една работа. Од самиот миг кога ја започна таа работа, ја изложи на ризик нашата врска. Сам ризикуваше дека ќе ме изгубиш. Затоа, не сум јас таа што е заслужна за нашиот крај, туку ти доведе до тоа со твоите постапки. Ниедна друга нема да оправда на друга да и велиш дека ја сакаш, да ја викаш принцеза, ангел и не знам ти што. И ич не е важно дали додека и кажуваш слатки зборови не го мислиш или не ги чувствуваш. Ич не е важно дали не разменуваш плунка со неа. Подеднакво го доживувам како неверство зашто ја изневери мојата доверба и не ме почитуваше. Додека тебе ти е битна само целта, а не начинот на кој манипулираш или пак некого повредуваш, мене и те како ми се битни средствата кои ги користиш. Затоа, никогаш нема да те разберам и оправдам за ова што го направи. Ич не ми е гајле дали ќе откриеш кои ти се вистински другари, зашто додека ти тоа го правиш, правиш нешто што мене ме боли. И се` додека ти мислиш дека правиш нешто битно за нашата иднина, не сфаќаш дека го правиш тоа од твоја чиста себичност и во приказнава воопшто ме нема мене. Откриј си кој те цени како другар, користи ја таа дрољата за да си ја постигнеш целта, ама кога ќе сфатиш дека си изгубил нешто вредно, немој да ме обвиниш мене. Не сум должна да те сфатам. Мене ме потцени и мислеше дека ќе трпам се`. Не гледаме на ист начин. Мене ми се побитни средствата кои ги користиш, а не целта. И колку побрзо сфатиш дека не сите луѓе размислуваат на ист начин и дека никој не е должен тебе да те сфаќа, подобро за тебе. Сега со среќа и се надевам исходот ќе ти биде позитивен. Ама џабе, кога ќе останеш сам.
Несакам повеќе да те видам и доста ми е од тие лаги .. секој збор само нова лага. Да ме сакаше ке ме чуваше но ти отиде со таа како ништо да не се случило мислеше дека нема да дознаам дека си со неа и тоа во мојот град. Се лажеш за се, ако мислиш дека пак ке ти простам повеке нема не сум таа истата за тебе ти можеш да и се вратиш на таа што цел град ја вика дроља а само ти и велеше те сакам, зошто тогаш најпосле и рече дека ја искористуваш! сепак зборови лажни несакам да слушам веке не ми значиш и несакам ни да слушнам нешто за тебе ти си само минато остани во минатото тогаш! а јас ке се вратамм на типот на која ме вика слатка мала барем тој знае да ме цени да ме сака! А од животот за последен пат те исфрлам! Една помалку будала!
Цеце многу ми е криво што вчера не бев со тебе да те изгушкам пред да одиш на матурска. Ти си најдобрата цимерка што сум ја имала досега, и не верувам дека ќе има подобра од тебе некогаш. Ќе ми недостигаш многу, и да знаеш многу е штуро без тебе! Ти си храбра паметна девојка и се гордеам со тебе! Еве ти гушка најсилна, да ги впиеш засекогаш работите низ кои овие години заедно поминавме. Те сакам!
Што ќе правам јас без тебе????Се надевам дека се ќе се среди и дека ова е само уште една од моите фази кога и сама не знам што сакам.Секоја ти чест како знаеш да ме смириш и да ми измамиш насмевка и во вакви моменти.Те сакам
Знаеш колку и да е тешок патот не планирам да се откажам! Нема да дозволам некоја кравица да ми ти го матит умот! НЕМА! Ќе издржам се',ама баш се! А ти........знам повторно ќе дојдеш кај мене Го чекам тој ден....чекам! ТЕ САКАМ ПУФЛУ !
Знаеш,вечерва требаше да бидеме заедно,да блескам покрај тебе со фустанчето и панделката Вечерва требаше и јас да седам таму,вечерва е твојата за заминување Се сеќаваш што требаше да направиш коа ќе чекориш кон авионот? Ти реков "Оди и гледај само напред,немој не го врти погледот накај мене,ќе треба да истрчам,да те гушнам и да не те пуштам" ! За вечерва имавме договор дека јас нема да пуштам солзи ако се напијам на ниедна песна,се договоривме дека ќе имам најголема насмевка, а после забавата ќе се љубиме како што само ние знаеме Рековме,но не дочекавме да се исполни тоа Вечерва се ќе биде исто,ти ќе бидеш најубав,ќе пиеш пиво,ќе седиш со останатите,ќе наздравуваш со другарите,но девојчето со фустанчето и панделката нема да биде покрај тебе. Сега ти велам "Кога ќе одиш накај авионот сврти се назад,побарај ме,нема да бидам таму,можеби ќе оставиш се и ќе дојдеш кај мене" Јас од се срце ти посакувам да ја имаш најубавата вечер, а јас вечерва ќе делам само воздишки
Знаеш како ми се чини сето ова што го правам? Како да сум сонувала убав сон, и секоја ноќ се обидувам да го продолжам тој сон. Но никој не успеал во тоа, нели?
Во овој момент толку многу те мразам што не сакаш да си ми пред очи. Те молам исчезни и од моето срце и од мојот живот
Многу ми се свиѓа моментот насабајле додека се спремам за на работа, а ти спиеш, како ме бараш со раце низ креветот , надополнето со прашањето „Каде бе ти?“ Иако уште повеќе ми го отежнува моментот на одење на работа и малку ми фали да ти се фрлам во кревет, сепак значењето е најважно-си се навикнал да спиеш до мене О срцко, сега јас ќе те барам овие две вечери до мене Ама ако, ќе дојдеш ти во недела, па ќе видиш убаво