Зошто не сум сигурна повеќе во нашата љубов? Постои ли се уште или одамна се е навика? Не знам што да мислам. Не знам ни зошто повеќе не те посакувам. А знам дека ти е тешко. Мене повеќе... Можеби е време за некоја промена м?
Lean on me,and the whole world would be ours... Сеќавање на тоа што било, и на тоа што сакам да биде, ме успокојува дека нема никогаш да се чувствувам празно, бидејќи ти ме надополнуваш.
Следен пат ќе почувствуваш на своја кожа за да видиш како е, како и секогаш нема да ти го оставам не наплатено
Уфф што убаво се почувствував кога ме зема со кола и ме прошета барем малку. Мерак ми е со кола и точка.А па тек јас да имам уфф...ајде побрзо...
Кога ќе бидиш сигурен што сакаш да бидеме јави ми се важи неможеш бе дечко ти вака постојано, еднав вечер сме заедно а следната не. вечерва ко ќе си легниш убаво размисли си и јави се А да вечерва се смотав со на брат ми пријател ама од ИНАТ не од друго а и винцето си го направи своето Ми рече дека сум немала срце за тоа хмм си нашол кој да провоцираш
Од што сум возбудена неможам да заспијам.Уште самоо неколку часа Имам пеперутки во стомакот како прв пат да ке те видам Ммм... те сакам
И па иста песна, јас си идам од работа ти спиеш поради тоа што си прва смена. Јас ке седам како вампир а ти ке сонуваш ангели .... иронија еј. не сме се виделе или заедно во кревет легнале веќе 4 недели. Глупава 3 смена... Недостигаш ми да знаеш, и тоа многу.......Сакам те теленце мое
Не бе, не ми се причинува, ова веќе станува симптоматично После секој мој убав пост за тебе овде, со нешто, макар и најмала ситница и најбанална работа, ја укакуваш работата. Е богами со она последното синоќа......го направи тоа пак. Не знам до кој степен, дали до врат или скроз се преку тебе го*ната, ми треба време да се соземам......и да сконтам до кај си во нив. Уште сум во шок, не знам што се случува. Ај гитла сега.......get out of my sight.
Знаеш колку чуден човек си? Само тебе ќе ти текнат такви планови и само ти можеш да гледаш, не будејќи никакви чувства во тебе, некој кој те изневерил на најлош можен начин. Ми олеснува барем кога знам дека таа во тебе не ги предизвикува истите лоши чувства, како кога мене ќе ми ја спомне некој. Само нема да ти простам што ме лажеше. Можам, ама сакам да си ја научиш лекцијата. Сакам никогаш повеќе да не ја изневериш мојата доверба. Сакам да сфатиш колку болат работите кои ми ги правиш зад грб. Ако ништо друго, барем видов колку ти значи да не ми изгубиш, колку ме сакаш и мило ми е што ти е очигледна твојата вина и сфаќаш дека тоа што го направи ниедна друга женска не би го оправдала или простила. А уште појасна ми е мојата слабост кон тебе. Сега кога гледам колку ми е значајно да останеш дел од мојот живот, засекогаш. И сега, кога во мојот живот се враќа некој кон кого никогаш не сум била рамнодушна. И знаеш што? Среќна сум кога го гледам со девојката. И не ми е гајле дали ќе почне со истите глупави игри на флертување. Не ми е гајле дали е созреан. Веќе не е моја одговорност. Најсреќна сум ради тоа сознание дека не би те менувала за никој и никој друг не ми е потребен. Ама морам да те оставам деновиве, да се потрудиш пак да ја изградиш довербата кај мене и да разбереш сега кога ќе си сам дали ќе вреди да ми правиш вакви работи во иднина. Ќе ми фалиш, ама морам, иако те сакам повеќе од се`.
Мајка ти повеќе ме сака и од тебе. Вчера кога бев кај тебе се чувствував толку убаво.. Опкружена од сите страни со сите твои роднини, братучеди, тетки.. Убаво беше чувството. И братучетка ти ми кажа дека мајка ти и рекла, цитирам: Тој не ја сака, тој умира за неа. Да, да така и рекла. Не знам дали навистина е така, но знам само дека моите чувства некако почнуваат да се ладат. Не знам што ми се случува. Не сакам ни пасворд да ти знам, ни малку не чувствував немир синоќе си заспав убаво, воопшто не те мислев што правиш, каде си. Да ти верувам, тоа сигурно не е зошто не ти верувам. Можеби е време кругот да се сврти и ти да бидеш тој кој нема да може мирно да спие. Полека се ќе си дојде на свое место, и се ќе му се врати на оној што треба да му се врати.