За прв пат да не си ја обележиме месечнината и двајцата поради обврски кои не можевме да ги одложиме 10 месеци љубов.Те сакам најмногу, нека ни потрае ова
Прекрасен си.. Секогаш го кажуваш тоа што треба да го кажеш и тоа што сакам да го слушнам.. Премногу си внимателен и многу ми е жал што те повредував и што не го видов тоа порано.. Ветувам ке се одолжам Не знаев дека сето ова ке се смени, дека ке почнам да мислам на тебе, дека ке ми недостигаш, дека ке бидам среќна секој пат кога ке го чујам товјот глас.. Не знаев
Знаев дека си срценце најголемо знаев! Ќе ти дадам време најмило да си ги ислечиш раните TE САКАМ душичке!
Те САКААААААМ бе човекууу ...... Те сакаааааааам !!!!!!!!!!! Зошто таа проклета недоверба владее мегу нас двајца ,не се знаеме од вчера година ипол сме заедно ,не требаше толку да се зближиме до степен да не можеме да дишиме еден без друг у буквална смисла ,секогаш велев дека ти си ми сродна душа и не згрешив во тоа ,ти си ми прва ВИСТИНСКА љубов ,несакам да се разделам од тебе ама неможам да го поднесам целиот тој притисок и таа ебана љубомора ...што да правам незнам ни јас самата моментално сум изгубен случајјј ... Аххххххх таа твоја дива и несмасна љубов
Секоја прегратка кога ќе те видам, всушност одвнатре вришти: „Те сакам“, само е длабоко скриено во мојата комплицираност и срамежливост. Те стискам најсилно, пробувам да те гушнам како што гушкаш ти, но не е ни приближно... Се обидувам да не те мислам, да престанам да се замарам, да не посакувам да те слушнам и да не ти пишувам, ама секогаш од некаде се појавуваш било како и умееш сето сивило да го направиш бело. Те сонував пак, те сонувам речиси секоја вечер, а и преку целиот ден не ми излегуваш од глава. И цело време се врти истиот сон, јас и ти, заедно. Можеби и исто мислиме, но не би сакала да прекинам нешто што сега за сега добро функционира и како другарство, ама некое посебно, како што велат сите.
Ај да си живееме заедно. Ај. ПС: Многу убав си бил на свадбата. Маж. Прав. Сигурно ќе сакав да ти праам безобразности под маса.
Не ја заслужуваш добрината од мене , толеранцијата и слободата која ти ја пружам. Ако мислиш дека во една врска доволно е да се сака, си се заебал. Мислиш дека едно изговарање на "Те сакам" е доволно, а без притоа да дадеш дел од себе? Празни зборови не ми требаат. Кај е твоето почитување за моите потреби и желби? Кај е подршката? Нели не е фер да ја потиснуваш мојата среќа? Зар не ти е жал бар малку за тагата на моето лице и се само за да си задоволиш машките каприци? Жал ми е што повторно и повторно и повторно само за едно дискутираме и очигледно не се разбираме...
Сеуште не сакам да признаам... Ми треба време да прифатам... Ама почнувам да ги отварам очите... Најверојатно... Само можеби... ПОУБАВО МИ Е БЕЗ ТЕБЕ!!!
Не ми е лесно но многу подобро е да се откажам и да се збогувам со тебе засекогаш да престанам да се надевам дека нешто ќе се промени кон подобро и дека се ќе се среди ,ме болат сите лажни ветувања и празни зборови
Не знам дали знаеш ама многу си лош. Ти текнува коа си ветивме дека се ќе си кажуваме???? Епа зошто сега не ми кажуваш кога ке ме запросиш. Знаеш јас се сакам да знам....нетрпелива сум и сакам да видам како ќе го осмислиш сето тоа...Ама ако бе, и јас нема да ти кажам коа ке смислам нешто убаво, туку само ќе ти навестувам и ке те држам во неизвесност така да си знаеш. Те сакам!
Те обожавам! Знаеш зошто? Кога некој ти дава љубов, внимание, грижа....не знаеш да го злоупотребиш, само да вратиш дупло повеќе. Не чекаш да видиш дали ќе некој ќе направи нешто за тебе, туку ти започнуваш да даруваш. Не гледаш што можеш да добиеш, туку да дадеш. При првиот момент кога ќе сфатиш дека нешто не ти е возвратено, не се откажуваш. Чекаш и се надеваш дека човек ќе се поправи. Не правиш споредби и не ставаш сѐ на вага. Знаеш да бидеш бесконечно мек, со болка во очите да покажеш колку знаеш да љубиш и што би дал за да не изгубиш некој кој ти значи. Се трудиш и трудиш, вложуваш напори, гледаш светла иднина и кога нештата одат во надолна линија. Трпиш до себе личност која во замена за тие моменти кога ќе те направи најсреќен на свет, знае да биде бескрајно негативна и да го извади животот од тебе. И покрај сѐ, веруваш во ваш заеднички живот. Ја гледаш како мајка на своите деца, како личност која никогаш нема да те изневери и подобна да ѝ го дадеш најдоброто од себе. И боли...кога другите не го го гледаат во тебе она што што го гледам јас. Што не сакаат да ти дадат шанса и мислат дека сум јас предобра за тебе. Не се тие виновни, можеби јас сум создала таква слика. Ама знај, ко што тебе не ти е битно што мислат сите останати, и мене не ми е грижа за нивното погрешно мислење. Ако си дозволат да те запознаат, може само да ги гризе совеста. А јас? Ќе бидам среќна што навреме ја сфатив твојата вредност и ќе почнам да те усреќувам сѐ повеќе, секој ден. Ако некој ми кажеше дека ќе те гледам денес со овие очи, ќе му се изнасмеев. Можам да те гледам со часови како лежиш до мене и да се радувам што си мој. Паметиш кога порано мислеше дека спијам и гледаше во моето лице? Ми беше незгодно и не сфаќав зошто го правиш тоа. Сега те заменив. Фала ти за највредните лекции на кои ме научи. Трпение и упорност.
Ова ќе биде наше лето, ама наше НАШЕ you will see! А сонот што ти го кажав, би сакала да го сефтосаме во реалноста!