можда требаше да се случат некои Х работи ,за да се променат некои ствари меѓу нас ... сега гледаш како е кога мислиш дека ме губиш и правиш СЕ за да останеме заедно ...можеби требаше и порано да го направам ова ,да ставам точка на се она што ме гуши ,не ме остава да бидам своја да бидам слободна ... ние сме благословени ,малкумина ја имаат таа срека да имаат ваква љубов ,не треба да го злоупотребуваме тоа ...како и да е ,што и да биде ЈАС ТЕ САКАМ и секогаш ке те сакам најмил .
Идиот еден, знаеш дека не можам да излезам и 2пати денес ме викаш надвор па уште и доаѓаш до овде ИДИОТ!!!! Не те поднесувам, не те можам, не сакам да те гледам! Губи ми се! Кај ми е лошо, баш знаеш како да ми направиш и полошо, фала ти! Бегај што подалеку од мене сега, одбивен си ми и лошо ќе биде.
Сакам да се гушнаме, да се бакнуваме. Сакам да заспијам во твоите прегратки Те сакам најмногу на свет и знам дека никој и ништо нема да не спрече.
Мислам дека ја открив причината зошто не пијам последните четири месеци толку многу како порано. Порано кога ќе се опиев имав на кого да му пишувам. Имав кого да го видам после тоа. Имав кого да го сакам после тоа. Кога ќе ме избиеше на љубов. Али неможам. Со тебе неможам. Од кожа да си испаднам неможам да си помогнам кога си ти во прашање. Неможам да си помогнам во тоа да се откажам од тебе. Една година сум на местово без тебе... And it sucks. Една година. Мене ми е прифатено тоа дека си со неа. Само уште да научам да живеам со тоа. Иване,проклет да си ...
Сонце многу сум горда на тебе поради тоа што полека,но сигурно одиш кон тие води кои што ќе те направат поуспешен во кариерата и мило ми е што гледам дека тоа те прави среќен и сакам секогаш да е така.
незнам зошто вака неубави ми е и тешко чудно се чуствувам... можеби се плашам од тоа што мислам дека ке биде можебие тоа... се надевам дека ке успееш да биде овој пат тоа што кажа.
Знаеш, кога почнавме да збориме немав во план да се приврзам за некој, всушност не ни сакав да се случи нешто такво. Не сакав да се замарам со некој. Но од ден во ден сфаќав колку се приврзувам за тебе. Додека беше почетокот требаше да ставам граница, да се оддалечам, бидејќи знаев дека ако се приврзам за тебе ќе бидам повредена, но не го направив тоа. Свесно продолжував да го правам тоа што не требаше. Од ден во ден ти земаше се поголем удел во мојот живот. Смени дел од мене, ме подучи на некои работи, ми покажа некои работи, едноставно влијаеш(е) врз мене. Тогаш на некој начин сфатив колку ми значиш и колку сакам да те имам во животот, но не го ценев тоа што го добивав од тебе, воопшто. Тоа ми е и најголемата грешка во нашево.. шо и да е. Требаше на време да го ценам тоа што го имам и добивам, а не сега да го ценам тоа што го имав и никогаш повеќе нема да го имам. Касно е знам, а не ни заслужувам повеќе шанси. Доволно беа две. И двете ги усрав.
Абе срце беше денеска, морам јавно да те пофалам И ајде сега решавај ги таму задачите за факултет, знам дека нејќеш али тоа ти е. Утре пак ќе ме видиш, што се секираш