Ако мислиш дека оваа игра на игнор што ја играш ќе проработи кај мене,нешто да те известам пред уопште да ја почниш. Ако ти успеала играва со некоја седмооделенка која врискала на тебе како уапана од пајак, тука тоа не проработува. И пак те прочитав. И ти пак прави се паметен. Глуп.
Не очекував вакво однесување,посебно не од тебе!!!Знам дека ситуацијата е екстремно тешка,но мора да стиснеме заби и да издржиме.Знам дека ме сакаш на најискрен начин и дека само ти правиш да се чувствувам најсакана и најсреќна на цел свет,но против некои работи не можам да одам
Ми се јави за да ми посакаш добра ноќ,на крај ми кажа Срце, изгледа од кога ми го кажа тоа свати дека немаш право веќе така да ме викаш. А твојот глас... по прекрасен од било кога. Зошто ми се јави? За да ми донесеш поголема бура со дождот?
Абе топче најмногу те сакам кога си вака расположен како денеска што беше. Ми го разубави најдепресивниот ден во животов. Т Е О Б О Ж А В А М !!!
стварно не се може со тебе едно кажуваш а друго правиш,изгледа за џабе си се мачам,така ке си проодолжиш... ах колку сакам да бидам онака опуштена и како да не постоиш,да не те мислам и се тоа
Уживам кога го слушам твојот глас и кога толку сигурно зборуваш за себе и за твојата иднина. Многу ми е мило што имаш такви идеи, се надевам се ќе успее. Убаво си поминав денеска, утре уште поубаво. Те чекам да се јавиш златце. Те сакам.
Што се плашиш коа ќе спуштам бе мутле едно? Па убаво ли ти е кога ти ми спушташ? П.С. нема врска дека ја спуштив, се прекина врската и тоа на сред расправија, ама баш ми годи што не знаеш Видиш бе и Господ сака по некад да ти спуштам, еве сега некоја виша сила го напраи тоа за мене Плаши се плаши се
Сакам бебе. Знам, знам и јас сум многу изненадена од самата себе, ама почнаа некако да ми се раѓаат мајчинските инстинкти. Порано не ни можев да замислам такво нешто, а сега... Ќе биде тоа едно мало делче од тебе и од мене, едно прекрасно заокружување на нашата љубов. Најсаканото мало човечуле. Ќе дојде време и за тоа.
Само држи се до договореното душо, барем ти не попуштај под притисоков..... Можеби е и најдобро вака што се случи, барем ќе мораме многу работи да решиме и да не чекаме, зашто никогаш немаше да ни текне и на двајцата, искрено кажано.... Те сакам, будалче мое, зарем за вакво нешто би те оставила, бре еј? Dream on, dream on Со цел памет бре, цццц
Би сакала да сум до тебе.. Би сакала да те фатам за рака и да ти кажам дека се ќе биди океј.. Многу ми е тешко, многу.. Ама знајш да ме утешиш и да ми ги кажиш најубајте зборој.. Дојди си во август или порано, оти стварно не можам без тебе... Те обожавам && ТЕ САКАМ НЕОПИШЛИВО ПРЕНАЈМНОГУ !