И пак те сакам. Сум кажала, што и да правиш, дури и да ме нервираш, тоа го правиш на уникатен свој начин и ме тера да те сакам уште повеќе!
И замисли се што ми се случува убаво со тебе е лага, и сите лоши безвезални филмови кои ми се случуваат понекогаш во главата се точни. И се што си кажал е лага, си кажувал што сакам да чујам и си работиш позади грб а? Ке си плачам 2 дена и на третиот од инает ке бидам поубава одколку кога “бев“ со тебе. И ке те уништам на секој можен начин кој го знам. Ке си ја пеам од Робин- I should have known. Би ти наплатила за секоја помината минута со тебе овие 3 години, 9 месеци и 4 дена. А кога ке те видам, само би ти се насмевнала мислејки си колку си глуп што си изгубил вакво нешто. Аааа, да не заборавам би те проколнала да најдеш 1000 пати полоша од ТЕБЕ. Само да те потсетам де, што би ти направила, чисто информативно да си знаеш. А до тогаш ке те сакам, и ке ме сакаш (или барем така ке си мислам), и ке си планираме заеднички живот за некоја блиско-далечна иднина. Ке си го гледам светот преку розеви очила, ке си сонувам со отворени очи. Ке одиме заедно на одмор, ке делиме и последен залак. Ке се држиме за раце и ке фрчат бакнежи во јавност без срам. Ке се сакаме како што тоа го правиме до сега. Како и да е јас те сакам и живеам за моментов. http://www.youtube.com/watch?v=T1-OkZzi2VM
Добредојде назад,и немој следен пат да си помислил да го сториш тоа зошто ке го кубам секое влакно од твојата коса... Ај бегај таму сега,додека не ми помине лутината. Мило ми е што овој пат немав право. Немој да мислиш дека ако ти е роденден ке ти прогледам низ прсти?Малку време ме знаеш ама се уште не ме знаеш. Добра нок бебе едно
Колку повеќе си до мене, со мене, сѐ повеќе ми недостигаш. Твојот допир, насмевка, твоето дело до моето, мирисот кој ме опива додека ти се пикам до вратот. И од самиот миг кога ќе ме напуштиш, те барам, ми требаш, станувам себична, ми недостига твоето внимание, те сакам само за мене. Многу барам, нели?
Ако има судбина... ...ќе сфатиш то ми си. Ни малку, ни многу, ни љубов, далеку и од пријателство, а сепак слабост како никоја до сега Ако има топлина во тоа твое срце... ...ќе ја прегрнеш онаа која се гледа дека ја сакаш,ќе и признаеш се, и ќе побараш прошка...а можеби и ќе се промениш само за таа љубов која сеуште не си научил да ја цениш... Ако имаш нешто за мене... ... ќе ми го дадеш ако е убаво, ќе го премолчиш ако знаеш дека ќе боли,подарувајќи ми ја својата искреност ќе ја пополниш оваа темна бездна помеѓу нас... Ако не сум ништо освен залудно потрошено време.. ... веќе нема да ме погледнеш со тој поглед кој знаеш дека ме убива,ќе останеш далеку од мене и ќе го почитуваш времето кое ми треба за да се ослободам од оваа страст кон тебе Ако има судбина... ... или ќе си мој, или никогаш повеќе нема ни да се обидеш да бидеш... и нема да го повредиш ова срце, зарем не гледаш дека те претекнале? Нема место за нов убод....
Цуци буци цуци буци ДОРЧООО леле како би те грабнала и баш ко дорчо ке бидес со една прачка по газ по газ ДОРЧО невоспитан!!!
Оти не можам да бидам покрај тебе?? Душата и срцето ми се кинат, со душа чекам да си дојдиш, со душаа.. ТЕ САКАМ мило најмногу !
Не,не е многу Дури и е малку за заљубен човек За него: Абе теле си ти недозреано шо неќи ич да се потруди,ама пак те сакам.И зошто толку проклето ми фалиш,а? Знам јас дека ќе направиш и ти нешто,очекувам... Да имам уште еден живот,пак ќе сакав да те запознаам и целиот со тебе да го поминам... Немој да ме разочараш скрос. И уште нешто: Не те давам на никоја! И ако читаат тие шо "те сакаат многу" е нема ку*ац шо ќе ви го оставам,го сакам јас и само за мене! Јас те сакам најмногу на светот! Mine,mine,mine,mineeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeee!
Ах фемино,овде можам да се искажам јас Ете се случи и тоа,го свртев твојот број за да ти посакам среќем пат и голем успех, ти ми кажа "Фала ти многу,да знаеш се што ти ми посакуваш ти го посакувам и јас тебе,само има една разлика,јас тоа ти го посакувам 100 пати повеќе,иако ме мислиш за кретен" Тука морав да ја прекинам врската,бидејќи неможев да се водржам,неможев да се совземам. Најмил мој,сакам да знаеш дека си најпрекрасното нешто што ми се случило во животот,ние делевме се,ние бевме едно,кога нашите тела се спојуваа имавме едно заедничко име - Љубов. Така требало да биде,не сум ти лута воопшто,и не мислам дека си кретен,напротив ти си нај искреното машко суштество што досега било дел од мојот живот, а јас сум среќна бидејќи знам дека толку време сум била дел од твојот живот. Ќе лажам ако кажам дека нема да ми фалиш,тоа неможев а и не сакав да ти го кажам кога ти се јавив,овој последен пат пред да отидеш. После тебе созреав,после тебе веќе ништо не е исто.. Овде се испишани многу нешта кои немав храброст да ти ги кажам,а и да имав,би било залудно. Некогаш некој рекол "Ако некој многу го сакаш пушти го нека оди,ако те сака пак ќе се врати,ако не никогаш и не те сакал ". Јас те пуштив,ти сега ќе патуваш во нов свет проклето оддалчен од мене,и нема да се водам кон тоа правило дека ако ме сакаш ќе ми се вратиш,ти само врати се здрав и жив,само да ти го слушнам гласот дека се е во ред и дека си успеал јас ќе бидам помирна. За некое време незнам со која ќе бидеш и дали ќе ја сакаш, НО ЗНАМ ДЕКА ТОА ТРЕБАШЕ ДА БИДАМ ЈАС! Незнам дали ќе те бакнува како мене,незнам дали ќе те милува како мене, но едно знам - Ќе биде среќна што те има тебе,како што јас бев. И сега кога емоциите повторно ме совладаа сакам да ти кажам: Одлетај,оди.. Од денес го нема твојот глас ни преку телефон,од денес ти замина во нов живот, а мене ме остави како некоја будала во никое време да пишувам на тастатурава бидејќи немам на кого да се искажам ....... Боли,многу.. Збогум љубов
Зашто и после се, ти сепак си најдобар од сите, зашто пак се вракам на тебе, до кога? искрено ни јас незнам што сакам веке, ако сум со тебе мислам дека другите се подобри и треба да те оставам, ако не сум со тебе сфаќам дека нема како тебе тие другите се со страсен фелер ... ама до кога бе веке ДО КОГААААА вака, додека не ти текне да ме откачиш за секогаш или додека не си ја оправам главава?