Сакам секоја минутка со тебе да ја искористам максимално. Кој ни гарантира дека утре ќе бидеме заедно?
Изморена сум. Изморена сум и од тоа да ја отварам темава и да ти кажувам работи. Затоа што само тоа и правам две години - муабет. Кажувам работи. Сватив дека не си ме рамнел со ништо. А дали и со тоа. И да бев во заблуда,сега сум сигурна. Еден месец. Еден месец си бил раскинат. А јас тоа морам да го дознавам преку расипан телефон. Браво. Браво Иване. Крај. КРАЈ. КРАЈ. КРАЈ. КРАЈ. КРАЈ. КРАЈ. КРАЈ. КРАЈ. КРАЈ. КРАЈ.
Сакам,сакам само една секунда да бидам со тебе да ти кажам колку само многу те сакам,и да ти се извинам за се' иако немам ништо грешено.
како си арен? е многу ти фала што не праша ни како ми е ништо!.. браво за тебе,многу си бил силен ти баш убаво/... за твоја информација не се нервирам веќе како порано,и сега си правам она што сакам малце и јас да уживам.. е па ако ти текне да ме слушниш го знаеш бројот и ако сакаш јависе ако не
Ако има некој што сакам да биде среќен тоа си ти, најмногу и заслужуваш впрочем. Ако има некој што не можам да го мразам, тоа си ти. И ако има некој што се наоѓа на погрешно место, па до некаде и во погрешно време, дефинитивно си ти. Тhe one for which I will die. Не припаѓам јас тука, ама барем можам да се адаптирам, во тој поглед тебе те сметам за слаб, иако оставам место за залажување, зошто во последно време се повеќе и повеќе изненадуваш. Никогаш нема да се помирам со твојата преобразба, иако има еден маркантен дел што остана од тебе и што те прави да бидеш ти. Штета што тоа е делот што го мразам. Сакам да не те сакам, навистина, и сакам да не е вака тешко и за двајцата, но и двајцата знаеме дека делиме различни интереси. Знаеш, не може секогаш да бидеме мирна вода, мене ми се потребни бранови, ама ти не ми дозволуваш да уживам во ветрот. Не може да бегаме секогаш и да се преправаме дека е совршено, дека нема проблеми зошто реално не е така. Кога сум во фуриозна состојба, ми треба оган и гледам на секој начин да го добијам, а ти баш тогаш бегаш. Епа не може така сонце. Јас имам секакво право да се лутам зошто вината реално гледано е твоја, потполно, а сепак на крај ти се лутиш. Епа и јас не сум веќе старата јас, која се смешка на секое твое забегување, а и искрено не беше нешто посебно смешен вчера. Ми требаш да се појавиш, јас и покрај се пак ќе ти простам и пак ќе се вратиме на старото, ама не може секогаш да бегаш од секоја расправија. И јас ги мразам ама мора да ги има. А покрај се, не знаеш ни прописно да се извиниш, и на крај јас сум ти крива. Имаш голема среќа што на крај најдов решение и што не летна некој потежок збор, зошто денеска немаше да бидеме тука кај што сме, иако не знам каде е тоа точно. И имаш среќа што не сум способна да држам лутина долго време во мене, па ти ја простувам секоја глупост. Ама веќе и мене ми е полна чашата. Не сакам да те загубам, ама не сакам ни ваков да те имам.
Зошто?? зошто мене ме обвинуваш за се и така се однесуваш со мене? Ми кажа дека се нервирам за ситници поради тоа што сакам ко ке дојдиш цело време да сум со тебе,а можеби нема да сум поради непланираното? Е,па не те разбирам зар мораше да ми збораш со таков тон и да се чувствувам толку мизерно поради тоа како да сум те убила.Стварно не ми си јасен во последно време некогаш не те препознавам. Зошто не можиме да збораме смирено како порано и се да решиме на фин начин. Се надевам дека па ќе ни се вратат тие убави денови кога си зборавме со разбирање и кога не ти сметаше моето мислење. Знам само дека те сакам, но не знам зошто ми правиш така.
Некој ќе плаче ама овој пат нема да бидам тоа јас. Само ти продолжи си со детските размислувања. Најискрено досадно ми е да ги правам истите муабети. Ти си крив бе за се, или ќе се смениш или чао пријатно. И неми звони веќе ти реков. Нема шо со тебе муабет да правам. Нема да ти кренам. Знам дека сум инат ама за тебе само така.
Ми фалиш, сакам да бидам до тебе, посакувам да не испаднеше вака како што испадна се чувствувам празно, осамено...
Претерав, а? Сконтав... Што да правам, кога не ми одговараш на нешто што многу ме интересира.....и после запнувам-епа запнувам де. Кога не кажуваш, не знам друго што да правам.