Фино беше да се дели чадор со тебе 2часа. Многу си убав бре! Па и со смисла за хумор. И да, ракописот едвај ти го дешифрирав, ама многу ми е мило што ми остави контакт, онака рандом. По рандом од денов, амин!
Мекост моја! Знам колку сакаш и се трудиш да си го организираш денот, светот, животот. Прости ми што сум некогаш несмасна, што истурам вода по цвеќињата, наместо во саксиите. Различни сме, едноставно е така, чудесно. И кога ме будиш наутро со мини бакнеж по чело, образ и нос, ме галиш додека се тегнам неописливо мачкесто, нема друга емоција што може да ја долови Љубовта што ја имаме! Знам колку си умен и кога ми ги покажуваше тестовите и задачите математика што си ги решавал во второ одделение, не ти кажав, ама ми се насолзија очите! Тие твои рачички мали ги замислив, како си пишувал, трудољубиво, како едната песничка што ти ја објавиле во школскиот весник ја зачувале твоите, за да ми ја кажеш сега, кога си голем и да ме насмееш од срце, е незаменлива слика што ми излегува пред очи секогаш кога ми е ладно на душава. Ти си мој избор.
Мислам, љубовта треба да биде потреба и разбирање од двете страни, бидејки ако е обврска, ке стане и навика, а навиката НЕ Е љубов. НО,јас не сум должна да те трпам. И нема! Или ке си ги промениш желбите и замислсите,или јас ке ја променам листата на лугето кои ми СЕ или ми БИЛЕ драги, а ке започнам од тебе. ТИ бираш,а немаш време. Ги прокоцка сите шанси мил мој. Лесно ке ти кажам збогум,а ке се тешам со помислата дека морав. И ДА. Ке те преболам. Спојлер А ке му го кажам веднаш том ке го видам пред мене, ке му го кажам во 4 очи.
Којзнае каде си сега и со која а јас ко будала некоја се нервирам и ги бројам деновите поминати без тебе
Да имав магично стапче, па да можев да го избришам секој спомен до сега. Да го избришам секое сеќавање кое ми предизвикува болка. Да можев..
сакам да можам да ти кажам некои работи кои и тежат на душава. Незнам што сакаш од мене.. Толку време потроши за да ме освоиш,а сега кога сум тотално освоена ти си така ладен.. Неможам да те сфатам, да ги одгатнам твоите мисли. Се смена нешто? Кој е проблемот? Не ми веруваш? Те знам, можеш ти и подобро од ова. И те молам, врати го оној кој се бореше за мене.. Зашто во него се вљубив како мало дете.. Прв пат толку реално и вистински. <3
Колку ми недостигавте значи ти и брат во дует..... БЛИЗНАЧИЊА срциња...чудо сте значи.... колку сум среќна кога ве слушам кога се смеете, и веселете, па кое ќе ме гушнете заедно аииии Нема ништо поубаво на свет
Tе сакам.ја научив љубовта со тебе.Полека ја откривам....не знам што очекуваш ама знам дека те сакам.Најмногу....
Стварно си глупав понекогаш, ама стварно ти кажувам. Треба да знаеш кога треба да кажеш нешто убаво, треба да си свесен. Не, не сакам утре да те видам, сега чоек, сега треба да превземеш нешто, кога не ми е добро... да те молам ли треба да кажеш едно мочано те сакам, човек е за нигде и потсвесно тоа му е потребно, или па многу е тешко само до улица да излезеш и да го гушнеш за да го почувствува тоа ... м? Ебате флегмата ебате! Ме нервираш.
Дали знаеш колку време чекав да дадеш некој знак? Дали знаеш колку посакував да ја оставиш и да ми се вратиш? Не, ти ништо не знаеш. Сега јас знам дека не сакам да ја повредам неа, не сакам да бидам ѓубре како тебе, а и како неа. Не сакам да дозволам да бираш меѓу нас двете, не е фер. Денес сфатив дека само сакав да направиш нешто, да изреагираш , но ми беше сеедно. Не чувствувам ништо спрема тебе. Знам дека се подналути кога ти реков дека имам некој, но ако ти е. Го немам ни него, но не сакам да те имам тебе. Конечно ставив крај на нешто што го влечкав долго време. А да, не ја повредувај.