Веќе ми недостигаш бре. Ама можеби, добро ќе ни дојдат деновиве одвоени. Како ќе ме гушнеш кога ќе си дојдеш, силно и радосно како и секогаш ... ахх, едвај чекам да си дојдеш.
Мило ми е знаеш. Јас ти реков ти да не одиш ама ти не ќе одам и готово. Епа сега мило ми е тоа што се счучило.
Те сакам премногу знаеш мило ми е што те направив најсреќен на светов.. мило ми е што конечно твојата желба да имаш ќерка ке се исполни и мило ми е што е се океј со нашето бебенце.. ахх колку сакам кога те гледам вака среќен ..
е како вака си ме сакал и се за мене а од тебе само нервоза и плачење и тага имама... како тоа ме сакаш? каква љубов е таа??
Леле колку ми се смири, миличок тој, многу рано со спиењево, не сум навикната вака ми фалиш во вечерните часови Само сабота да дојде и се ќе биде во уште подобар ред, има да ја паметиме засекогаш Ти си сонце мое (знам дека несакаш да се лигавам ама ти ме тераш)
AAAAAAAAAAAAAAAA!!! Преќини со таа твоја проклета љубомора. Нели гледаш дека со тоа само ме отргнуваш од себе, а? Да не можам да излезам една вечер веднаш со друг сум била.. Па дај размисли малку што правиш. За една вечер со некој друг јас ќе ги фрлам 2ипол години со тебе ? Нема бе, нема. Оваа не оди кон добро. Веќе долго време се чувствува крајот на нашата врска, само и двајцата не сакаме да признаеме.. не сакаме да признаеме дека е време да ставиме крај! Што биде нека биде. Исто ми се фаќа.
Можам да му кажам но еве и тука да си се испразнам ))))) Незнам шо се случува со нас овие денови, многу си ми сменет. Знаеш дека мразам кога некој ме лаже, затоа немој да пробуваш да ги правиш тие финти со мене. Ти кажав, или со сите а не со мене, или пак со мене а со друг никој Ти ме смени, ти ме направи подобра личност, повеќе да мислам на себе, да бидам паметна и да не дозволувам толку луѓето да влијаат на мене, многу сум ти благодарна но кога ме менуваше не ли размисли дека ако навистина се сменам дека ќе се однесувам исто така и со тебе, а не само со другите? Признавам и јас те имам повредено, но веќе една година се истрпевме само да би биле заедно, многу работи поминавме, и убави и грди и проблеми и се.. 300 завери интриги се обидоа на секој начин да не разделат но ние вака или онака пак си останувавме заедно. Затоа биди јасен и искрен. Или биди со мене онака како што бевме или воопшто немој да ме залажуваш ни мене ни самиот себеси. Тука сум за тебе секогаш, не те оставам ни кога ти е најтешко ни кога ти е најубаво, те сакам и ми недостасуваш овие 2 проклети денови.....
многу би сакала да се врати времето кога по цели денови бевме заедно, кога јас секогаш ти бев во прв план, коа секое слободно време го издвојуваше за мене , кога правеше да се чуствувам дека сум единственото нешто што највеќе те радува во животот, кога правеше да мислам дека засекогаш ке бидеме заедно и дека никој нема да ме сака повеке од тебе, кога се бореше за мене на секој можен начин . Се би дала да се врати тоа време . Се !
Егоист еден! Е нема лесно да ме добиеш! И дали ќе ме добиеш воопшто... Па и не вредиш,со такво понашање шо ќе ми си? Јас да сум правела,мајката Ако не направиш ништо,јас ич! Ако не,иди у к**** со твоето понашање и најди си некоја шо на прстот нема да можи да ми се фати! Пошто не сите знаат да те сакаат како мене,повеќето само сакаат секс со тебе,ако не ти е јасно Ако ти не се грижиш,нема ни јас...Ти губиш... Како твојата "љубов" не ми треба! Ако продолжиш така!
Ако не си знаел што се напалени тинејџери, верувам дека вечерва дозна! Леле, немој другпат вака....Ќе ме умреш бре, и јас тебе....Тешко е ова
Ми рече дека си многу заљубен во мене, ме стопи знајш? Ова го чекав многу долго време, цела ноќ не заспав мислев на тебе, на тие зелени очички најубај , кој се полни и едноставно зрачат од љубов. Мило ми е шо вака си напрајвме муабет за се, за иднината, за нас... Пресреќна сум да знајш. Те сакам, имај добра ноќ, пошто кај тебе е сега вечер.