среќно 10 месеци венчавање... би било подоброда ти кажев на други начин,но ништо од тоа благодарение на тебе..
Ах Мартинушке те завлекол дечко ти со вежбите Шо да кажам,не заслужуваш ни збор...До ден денес се трудев за нас,ама ќе престанам и јас...
На бившиот што ми стана бивши од пред 10 мин: ТЕ МРАЗАМММММММ НЕВЕРНИКУ ОДВРАТЕН ГАДЕН, СВЕСЕН ЛИ СИ КОЛКУ ТЕ МРАЗАМ?!
Јас те научив да мјаукаш, ти ме научи дека мажите можат да бидат хард кор, а во суштина сентиши длабоки! Хулио ми е на рипит сеа, да знаеш
Би сакала да можеше да ја проголташ таа твоја гордост барем на овој ден.. На овој ден што ни е од големо значење и на двајцата.. Сепак, сакам да ти кажам дека ти си најубавото нешто што ми се има случено во последно време. Ти си мојата светлина во целиот мрак што ме опкружува! Фала ти за се што имаш направено за мене, фала ти се најубавите 8 месеци во мојот живот. Те сакам, со сето мое срце бубу! Да ни се множат месеците
Знај животот е само еден. Играј како тебе ти одговара, а не како на другите. Ако некогаш имаш проблем од нешто знаеш дека можеш да сметаш на мене. Во било што и да е јас ќе помогнам. И се надевам дека работите ќе одат кон подобро. Доволно трпавме и двајцата зарем не!?
Знаеш кога ќе бидеме среќни, вистински среќни и двајцата? Тогаш кога ќе успеам да ја згазам гордоста. Ама, таа ми е поважна и од чувствата. Знам се’ е до мене. Едит: Таман помислив на тебе, ти ми ѕвониш.
Сакам..сакам со тебе да лежам на трева и да те држам за рака. И да дишам длабоко. Сакам да те залепам за ѕид и твојот здив да ме гали по вратот. Сакам да те гледам во очи и грицкам усни. Те сакам на задно седиште, на хауба, на под..
Зарем си ова ти? Мислев дека ако взаемно се цениме и грижиме еден за друг, врскава ќе цвета. Ама изгледа и кај тебе пали нешто друго. Треба да излегувам, да се забавувам без тебе, па да видиш како е кога не мислам на тебе и не ти се јавувам со саати. Со цела сериозност да се обложам со тебе дека ќе најдам некој друг што ќе ме трпи, ко што велиш ти, зашто изгледа многу ме потцени. Ама верувај дека иако сметаш дека јас и ти ќе траеме вечно, кога ќе дојде времето да прекинеме, ќе видиш како некој друг ме прави среќна и како ја цени мојата срамежливост, принципиелност, чесност. И тогаш ќе те боли. Зашто само преку делата мои се освестуваш, а бев будала да мислам дека разговор ќе реши се`. И дали мислиш дека кога јас имам обврски, можам да правам муабет со тебе, а кога ти имаш, ми се јавуваш подоцна? И не, не ме интересира дали твоите бивши сакаат да се со тебе. Си ме одбрал мене и ако не ти одговарам, слободен си. Дали треба сето ова да ти го кажам без да ми трепне око за да сфатиш дека повеќе се ценам себеси и нема веќе да се прилагодувам на тебе. Зашто не си ни најискусен, ниту па твојот начин на размислување го делат многу луѓе. А најмалку, најмалку се замислувам со некој што ќе ми кажува кога да ја завршам реченицата или па да ми наредува. Се враќам повторно на онаа која си бев, а жалосно е што ваква повеќе ме цениш. Тажно е што кога убедливо ги изнесувам своите ставови и без ниту малку да ми биде незгодно ти кажувам дека ако некој сака да биде со тебе, не е зашто имаш големи квалитети, туку низа други работи, се освестуваш и ме гушкаш и ме сакаш најмногу на свет. Не, не сакам да бидам себична, не сакам да ти го "спуштам", за да разбереш дека покрај себе немаш кукла со која можеш да си играш, а веројатно доби таков впечаток, зашто премногу се грижев за нас и го правев сето она што ми велеше за да ни биде убаво. Ама сега, сега ќе играме на мој начин. Играта не ја ни започнав, туку моето однесување е резултат на тоа што ми скисна. Да мислиш дека си најпаметен, дека си поминал многу низ животот, а јас сум некоја неискусна будала која ти треба да ја научиш. Епа повели, сега чувствуваш како е да немам време за тебе, да не ти префрлувам зошто те нема, да си го организирам животот без тебе. Штом ваква повеќе ти одговарам, it's fine by me.
Aбе топче ако замина на мото тура не значи дека треба да ме заборавиш. Па тука некој мисли на тебе. На некој му недостасуваш. Ти текнува ?!