Го достигна врвот! БРАВО! Ти требало време? Двајцата знаеме дека тоа е само за да ми вратиш за периодот кога ти ми се пушташе а јас бев ладна. Ама јас се сменав за тебе! И зошто кога конечно тргнаа работите ти вака правиш? Зошто воопшто нашите усни се споија пред точно две недели за прв пат? За вака да ми вратиш? Ќе чекам само неколку дена. Нема некој со мене да си игра. Ти види дали ќе си со некоја од твоја лига или ќе одиш со некоја селанка! И не, не си играв со тебе оние 9 месеци. Ми требаше време да се опоравам од сета болка претходно што ми беше нанесена.. Извини. Сакам да сме заедно. Стварно <3
Знаеш колку те сакам? А знаеш дека таа љубов лека полека гасне? Ти не си фраерот скопски за ја да ти се клањам пред нозе и да ти лижам гз,не сум ти ја као тие твојте разбра?
Средувањето на твоите алишта може да биде толку еротско искуство. Насекаде мирисот на тебе... твојот парфем... И покрај твоето отсуство, толку си присутен.
абе ајде пола кутија рум плочки изедов оти си отиде сакам те алооо и ке те видам дури за нова година ааааааааааааа што е многу многу е ке плакам сега еден месец по тебе додека не си дојдам при себе... ех да знаеш колку многу ми значиш, само да знаеш... и што ке правам сега без тебе што...
Знаеш што ? Имаше право. Инает сум и нема да попуштам, не ме интересира што таа се вртка околу тебе нема да се откажам од тебе премногу ми значиш за така лесно да те препуштам ..
Мораше. Еднаш мораше да дознаеш дека некогаш имав еден Иван во мојот живот, а дека веќе го немам. Не се секирај, нема јас да дозволам да ми расипе уште едно нешто Иван покрај мене.
Многу ме повреди она „Никогаш не сум ја сакал“ после илјадници „Те сакав/м најмногу“! Уште повеќе ме здоболе тоа што сите со кои што си ме изневерувал до сега ми се смеат позади грб. Уште сум горда на себе, нека ти биде јасно! Колку си бил само лицемерен ц ц ц ...Не те мислев за ваков. Седум месеци поминати со гомно како тебе. Сум живеела седум месеци во лаги. Не сакам да те смислам. Едноставно грозен си ми, гаден, одвратен. Умри, те мразам!
Врати се Тито све ти је опроштено! Секој пат кога ќе помислам на тебе, ме чеша носот. Се надевам дека ќе имам шанса да ти кажам дека мораш да го ослабеш мевот за да мојот нема конкуренција. Ама озбилно, многу си се опуштил, кхм кхм кхм се плискаме ако не си приметил. Има многу интересни француски филмови, штета што не си таков тип. Кога ќе се замислам, ти не си тип за многу работи, ама јас пак кај тебе доаѓам. Ко Македонија си ми, кај и да одам кај тебе се враќам. О боже колку глупости напишав, среќа што не оди ова кај тебе. Или ако имам повеќе алкохол у крв може и да отиде а? Знаеш, многу ми е жал за тебе, многу сакам во животов некому да испеам серенада во ваква состојба, а ти никогаш нема да го дочекаш тоа Сега бидејќи ми пројде ПМС-от може да се вратиме во нормала нели, или уште ми се лутиш? Е не ми се верува дека ми се налути за нешто што ТИ згреши. Нападот е најдобра одбрана, а ученикот станува подобар од учителот. I've created a monster.
Најубавиот храм во човештвото е срцето на една жена. Влегуваш еднаш-остануваш засекогаш. Зарем не ти е убаво кај мене во срцево бе ?! Те сакам